Истиот овој министер на финансии со премиерот велеа дека државата редовно го сервисира долгот кон стопанството по основ на повратат на ддв за да сега индиректно потврдат дека должат над 200 милиони и замислите имаат план парите да ги вратат со ново задолжување. И што се должни идните генерации да враќаат долг на државата кои во последните 5 години има пораснато за плус една милијарда долари а при тоа не се изградени ни автопатишта , ни гасификација, нема ни нови аеродроми и железници, нема термо или неуклеарни централи и сл. Парите се фрлени само на споменици, жални врби, барокни фасади, и восочни фигури! А, да секако и за трите бели мечки на владата (пензионери, административци и земјоделци)
Мојот одговор е веднаш да се сопре со задолжувањата! Споделете го вие вашиот има и анкета.
http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&eventId=96835
Не може зголемување иредовна исплата на субвенции, плати на администрација и пензии да се плаќа со задолжување, казни, и дополнително оптеретување на работоспособното население (иако знам дека тешко се живее и едвај стигаат пензиите да се врзи крај со крај) неможе од 2 милиони жители од цела Македонија владата да работи само за трите заштитени бели мечки а ние останатите да го плаќаме цехот