Споредбата ти е доста спротивна. Туарегот иако изгледа како џип, во основа е луксузен SUV - брз, комфорен, екстремно скап за одржување - не е наменет за освојување врвови.
Другите два џипа се веќе по теренски настроени, немаат ни блиску ниво на елеганција и опции внатре како туарегот.
Туарегот со тој мотор не би ти го препорачал, најмногу бидејќи е прескап за одржување (категорија во највисоки екстремни граници). Нит па има некој што го разбира кај нас како што треба, нит па делови ќе најдеш за него.
Не би ти препорачал ниеден од трите, но на крајот изборот е твој - сакаш да возиш способен теренец кој можеш да го носиш и offroad или сакаш луксузно возило што повеќе се управува како лимузина отколку како теренец.