Гледај да не ставаш слики од тебе по форуми или други лични податоци, секакви манијаци има тука, а и воопшто по интернетов, за твое добро сепак.
За основно образование знам случаи што зимале стипендии ама тие беа од општината финансирани, сега тешко дека и такво нешто има, конкретно за општина Карпош се работеше, доста порано. За средно сум знаел случаи со секоја година први места по натпревари по повеќе предмети, ама немале стипендија никаква. Собирај си места и имај си солиден просек, за кога ќе се запишеш на факултет таму да земеш стипендија, тогаш ќе ти се најдат, бидејќи и тие влагаат при поени за упис на факултет.