Sting Vip Arena Борис Трајковски 15-ти октомври

Член од
15 јули 2007
Мислења
14.779
Поени од реакции
7.517
Стинг во октомври доаѓа во Скопје


Едно од најголемите светски музички имиња, Стинг, на 15 октомври годинава ќе одржи концерт во Скопје во арената „Борис Трајковски“.

Концертот се одржува во рамки на неговата светска турнеја „57th & 9th“ по повод истоимениот албум.

Стинг, заедно со Ролинг Стоунс, Брус Спрингстин, Ју-ту, Депеш мод, Колдплеј…, е претставник на таканаречената А листа на артисти од областа на рок музиката.

Стинг е веќе на промотивна светска турнеја од февруари годинава, во која ги опфаќа сите континенти. Дел од летото му е резервирано за Европа, а на почетокот на септември настапува во Јужна Америка, додека во Европа повторно се враќа со серија на концерти од средината на септември до крајот на октомври.

На оваа турнеја, Стинг свири неколку песни од новиот албум, како и најголемите хитови од неговата соло кариера: „Fragile“, „Desert Rose“, „Fields of Gold“…, како и од времето на легендарната група Полис: „Message in the bottle“, „Walking on the moon“, „Every breath you take“…

Неговиот придружен состав го сочинуваат Доминик Милер (гитара), Џош Фрис (тапани), Руфус Милер (гитара). Kако специјален гостин во Скопје, како и на целата турнеја, со свое шоу пред настапот на Стинг, ќе настапи и Џо Самнер, информира организаторот на концерот, Авалон продукција.
 
Ф

Флеш

Гостин
Пари за Евро Куп или Стинг ?!:mad::mad::mad:
Иако се месец и нешо размак,пак бе животни настани да не отидеш барем де ..... Задниот албум е :confused:
 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.005
Поени од реакции
57.044
ПАРТЕР- 1990 денари
ФАН ПИТ- 3000 денари (само 1000 влезници)
SILVER SEATS- 2.990 денари
GOLDEN SEATS- 3.990 денари
VIP ПАКЕТ кој вклучува влезница и примерок од новиот албум на STING „57th & 9th“- 6.000 денари
 
Ф

Флеш

Гостин
ПАРТЕР- 1990 денари
ФАН ПИТ- 3000 денари (само 1000 влезници)
SILVER SEATS- 2.990 денари
GOLDEN SEATS- 3.990 денари
VIP ПАКЕТ кој вклучува влезница и примерок од новиот албум на STING „57th & 9th“- 6.000 денари (исклучиво со резервации на телефон: 077/945-505, секој ден од 10 до 16 часот освен сабота и недела).
 
Член од
5 мај 2014
Мислења
87
Поени од реакции
30
ПАРТЕР- 1990 денари
ФАН ПИТ- 3000 денари (само 1000 влезници)
SILVER SEATS- 2.990 денари
GOLDEN SEATS- 3.990 денари
VIP ПАКЕТ кој вклучува влезница и примерок од новиот албум на STING „57th & 9th“- 6.000 денари (исклучиво со резервации на телефон: 077/945-505, секој ден од 10 до 16 часот освен сабота и недела).

вреди да се оди на Стинг, а да те прашам дали имаш информација ја цените на билетите за Супер Купот и од каде ќе може да ги купам ?? Фала однапред
 
Ф

Флеш

Гостин
вреди да се оди на Стинг, а да те прашам дали имаш информација ја цените на билетите за Супер Купот и од каде ќе може да ги купам ?? Фала однапред
Средина на јуни,резервации ќе има,најскапите 90 евра .....Ќе има одредена количина за домашна публика.Ќе оди преку сајтот на Уефа ....
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.779
Поени од реакции
7.517
Стинг доаѓа во Скопје со сопствена продукција, звук, светло и видео
Како и на целата светска турнеја, така и во Скопје, Стинг доаѓа со комплетно сопствена продукција, што значи дека звукот, светлото и видеото во Скопје ќе бидат истите како и низ целиот свет, соопштија од „Авалон продукција“.

„Во долгогодишната историја на концерти на ’Авалон продукција’ во Македонија, ваков случај досега сме имале само со концертот на Лени Кравиц во Охрид во 2008 година. Во оваа пригода сакаме да истакнеме дека салата во ’Борис Трајковски’ после изработката на акустиката (пред околу 4 години), ги има сите услови за овој тип на концерти на ниво на која било сала во регионот и во Европа. Како доказ за тоа се концертите во изминативе две години што ’Авалон продукција’ ги работеше таму: ’Вајтснејк’, ’Уан репаблик’, Енрике Иглесијас, ’Бијело дугме’…“, се вели во објавата.

Македонската публика веќе покажа огромен интерес за овој концерт, па многумина се запрашаа зошто не се одржува на локација со поголем капацитет, а од „Авалон“ го дадоа следното образложение:



Влезниците ќе бидат пуштени во продажба в петок, во 9 часот наутро, преку продажната мрежа на „Купи карти за сè“ и „Југотон“ (сите детали овде).
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.779
Поени од реакции
7.517
Сите зборат скапи карти а за неполни една недела се распродаоја сите. Јас да имав со кого би идел на концертов али сега веќе касно е и да се одлучам.

LP издание имате од новиот албум во Југотон
http://www.jugoton.mk/single/45
 
Последно уредено:
Член од
16 април 2014
Мислења
7.055
Поени од реакции
11.021
Скапо им е 50е а за цеца по исто толку,нп.
 
Член од
25 септември 2009
Мислења
793
Поени од реакции
368
Ако некој купил карта, а не може да оди, нека ми пише!!!
 
Член од
5 мај 2014
Мислења
87
Поени од реакции
30
Ако некој купил карта, а не може да оди, нека ми пише!!!
на ФБ страната на Авалон кај шо е најавата за Стинг, пиши таму сигурно ќе најдеш некој.

п.с. лани за Енрике така ги препродаваа картите и се занесуваа со цените некои.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom