Startup Weekend - Дали младите во МК имаат идеја и се подготвени да основаат компанија за 54 ч.?

Член од
28 септември 2011
Мислења
2
Поени од реакции
2
Во рамките на четвртата Глобалната недела на претприемништво 2011, ПСМ Фондација го најавува вториот настан Startup Weekend во Скопје, кој претставува почеток на серијата настани кои ПСМ ќе ги организира со цел да се стимулира претприемачкиот дух кај младите во Македонија.

Startup Weekend натпревар во иновативни ИТ идеи помеѓу млади луѓе, кои преку интензивна работа и менторство ќе се трансформираат понатаму во успешен бизнис модел за само 54 часа.

Настанот ќе биде одржан за време на викендот 11-13.11.2011 на Факултетот за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство (ФИНКИ), а повеќе информации можете да добиете на http://skopje.startupweekend.org/ и во документите во прилог.
 
Lorddd

Титула - Лорд
Член од
18 март 2007
Мислења
1.067
Поени од реакции
53
Замислата е добра, идејата е одлична, ама некако реализација немаме. Имам позитивно мислење за нашата младина, меѓу кои сум и јас, затоа сметам дека сме способни за такво нешто, го имаме знаењето, само многу често проблеми со почетниот капитал.

Освен тоа, како што знаеме дека кај нас сите се прават дека знаат се и се експерти за се, така и за оваа работа лесно може да се направи избрзана грешка. Ако времето за основање на компанија е 58 часа, не значи дека и времето за анализирање и припрема треба да биде кратко.

Добро е што ќе се одржи таков настан, ни треба едукација на тоа поле, а со тоа и малце охрабрување за таков подвиг бидејќи ние самите се демотивираме уште пред превземањето на некаква акција.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.750
Поени од реакции
3.035
2000 денари ? некој да не сака да профитира од нас? зошто 2000 денари?
 
Член од
28 септември 2011
Мислења
2
Поени од реакции
2
2000 денари ? некој да не сака да профитира од нас? зошто 2000 денари?
Цената е 2000 денари заради тоа што додека сте присутни на настанот ке ви биде дадено јадење,маички,книги и награди на најдобрите.Исто и самата Startup лиценца наложува наплата, заради тоа што ако вашата идеја не биде избрана привиот ден,може да се случи да не се појавите вториот ден поради тоа што ке немате обврска да се вратите, што би значело неуспех на настанот.
Ке ви донесеме и предавачи од Холандија, УК и САД и други 20 ментори кои ке ви помогнат при реализација на вашата идеја.
--- надополнето: Sep 29, 2011 1:55 PM ---
Замислата е добра, идејата е одлична, ама некако реализација немаме. Имам позитивно мислење за нашата младина, меѓу кои сум и јас, затоа сметам дека сме способни за такво нешто, го имаме знаењето, само многу често проблеми со почетниот капитал.

Освен тоа, како што знаеме дека кај нас сите се прават дека знаат се и се експерти за се, така и за оваа работа лесно може да се направи избрзана грешка. Ако времето за основање на компанија е 58 часа, не значи дека и времето за анализирање и припрема треба да биде кратко.

Добро е што ќе се одржи таков настан, ни треба едукација на тоа поле, а со тоа и малце охрабрување за таков подвиг бидејќи ние самите се демотивираме уште пред превземањето на некаква акција.
Значи победниците на минатиот Startup Weekend беа прва година на факултет, немаа огромно знаење од програмирање, но научија и се натпреваруваа со сите европски тимови во Лондон.

На настанот ке присуствуваат и 20 ментори и предавачи кои ке ви помогнат при реализацијата на идејата во бизнис.

Потребно ви е само идеја и желба да ја претворите истата во бизнис.
 
Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
474
Зошто оваа идеја да е само за Информатичарите зошто неможе некој да речеме што произведува компири и пиперки да не биде опфатен.Ова е претприемаштво како и се друго.

Идејата е ОК како обука а сега правете го ова во Реалност па да видиме.
 
Член од
13 јуни 2011
Мислења
9

Здраво на сите,

идеите треба да бидат ИТ поради тоа што релано најкусо време е потребно да се покаже некакво демо или прототип без претходни подготовки. Секако, другата причина е поради тоа што Startup Weekend Seattle, кои ни ја дадоа лиценцата ни рекоа мора така :)))

Инаку, ова покрај едукативниот карактер целта е младите да имаат можност да видат како функционира бизнисот во мало... за некој ден ќе објавиме изјави од учесниците од минатиот настан, па ќе можете да ги погледнете на Facebook страната http://www.facebook.com/SWskopje чисто колку да видите што за нив значело искуството.

Поздрав,
Н
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.750
Поени од реакции
3.035
Значи победниците на минатиот Startup Weekend беа прва година на факултет, немаа огромно знаење од програмирање, но научија и се натпреваруваа со сите европски тимови во Лондон.

На настанот ке присуствуваат и 20 ментори и предавачи кои ке ви помогнат при реализацијата на идејата во бизнис.

Потребно ви е само идеја и желба да ја претворите истата во бизнис.
ако тие што минатата година победија се од феит мислам дека знам за кој натпревар станува збор
 
Член од
13 јуни 2011
Мислења
9
Поени од реакции
2
ако тие што минатата година победија се од феит мислам дека знам за кој натпревар станува збор
Минатата година немаше ваков настан, првиот беше одржан во Јуни годинава. Во тимот беа 4 дечки од ПМФ и едно девојче од економски. Идејата им се викаше Pocket discount- мобилна апликација. Можеби имало некаков сличен натпревар, со слична тематика... често не мешаат со машински :)
 
THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
1.326
Глупости, достате со форсирање на АјТи секторот(и јас припаѓам на овој сектор)во оваа свера продуктот е интелектуална сопственост и не се потребни големи финансии за да се реализираа некој селфсастеинабл проект.

Финансирајте нешто реално опипливо гаџет, хај-тек, турбина на измет од кокошки и слични заебанции тие пакети што ги нудите од куќарка+интернет+телефон не му се од корист на никого.
 
Јас знам 50 фирми на кои „куќарка“+интернет+ телефон+канцелариски мебел+компјутери кои сме им ги дале и им завршиле добра работа... не секој може да си го дозволи и тоа... и не секој ИТ бизнис бара малку средства... пр. за да направиш асална апликација за iOS која ќе се продава ти треба се од тоа горе + Mac + iPod + iPAD итн.... а не може секој да си го дозволи сето тоа...
ИТ секторот е најпросперитетен во земјава, тие 50 фирми кои ги спомнав за помалку од 2 години од one man show сега имаат по 12-15 вработени... тоа не е за потценување... треба да се инвестира и во другите сектори, ама тие малку може да направат со малку средства... ако има некој повеќе од тоа што ние можеме да им го дадеме- нека повели.
 
THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
1.326
Се е тоа во ред и никако не ви го омаловажувам трудот.
Сепак, почнете СЕРИОЗНО АМА БАШ СЕРИОЗНО да барате спонзори кои ќе финансираат реални проекти(читај: материјални).
Ќе се сложиш со мене дека дечките кои ќе го направат следниот гаџет (после АјФон) ќе заработат повеќе пари отколку аутсорсирајќи во следните 10 трилиони милениума.
Лобирајте,вмрежувајте се,барајте,нудете... едноставно завршете ја домашната работа.
 
Член од
13 јуни 2011
Мислења
9
Поени од реакции
2
Aпсолутно се сложувам... спонзори веќе бараме од Март месец пред да почнеме со организација на првиот настан... ама реално имаме слаба поддршка од македонските компании. Како и да е, ние даваме се од себе за да обезбедиме доволно средства со кои ќе направиме добар настан, кој ќе има добар исход- неколку нови компании, задоволни и награден млади луѓе и повеќе успешни приказни не само локално, туку и глобално.

Исто така, се сложувам за аутсорингот- само што нашиве мали компании се додека не извадат одлична апликација која ќе успеат да ја продадат (што е најголемиот проблем сега) мораат да вадат плати... па, затоа времето го „губат“ на работа за други.

Во секој случај, ти благодарам за разбирањето и доколку имаш некакви предлози како нашиот настан или пак општото работење би го подобриле, слободно пиши ни... ние сме секогаш расположени да ги слушнеме :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom