Starlink проект - Сателитски интернет (powered by SpaceX)

^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.735
Поени од реакции
7.983

Elon Musk, основач и извршен директор на SpaceX веќе започна со БЕТА тестови за проектот „Starlink“ - проект кој треба да обезбеди стателитски пристап до Интернет во целиот свет.

Веќе сношти имавме глетка и во Република Македонија, околу 20:35 часот поминаа уште 60 сателити во вселената кој се дел од интернет сателитската мрежа Starlink.

За да може да ги обезбеди своите услуги низ целиот свет, SpaceX има намера сателитите Starlink да формираат мрежа од најмалку 12.000 сателити. Секој сателит тежок е околу 200 килограми, а со оглед дека се поставени во ниската орбита, на околу 500 километри од Земјата, можните застои или прекини во интернет врските се сведени на најмала можна мерка.

Во моментов, 442 од нив се наоѓаат во орбитата на Земјата, а заради перспектива, целото човештво досега има испратено вкупно нешто помалку од 10.000 предмети во вселената. На компанијата досега ѝ се одобрени за лансирање 12.000 сателити, а аплицираше за уште 30.000 лансирања.

Проектот чини 10 милијарди долари. SpaceX планира да започне со интернет услуги уште оваа година на корисниците во САД и Канада. Целта е да се заврши до 2027 година, но се верува дека многу побрзо ќе се одвиваат работите и дека за 2/3 години би бил достапен во целиот свет!

Малку повеќе едукација за проектот:

Епа дечки, добредојдовте во иднината! :cuc:
 
Последно уредено:

Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.526
Поени од реакции
1.967
Ако ние сме календарски 2020 г. Илон Маск е 2040 г. :cool: :aplauz:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom