Star Trek: Discovery & Тhe Orville

Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
зошто тебе ти е одлична?
Пред се - заради графиката и визуелните ефекти. Од тоа малку што имам видено од Star Trek (со исклучок на последните филмови), визуелно личи на нешто правено со дигитрон. Пред некое време мислев да почнам да гледам се, од почеток, и од првата епизода од оригиналната Star Trek серија, очобол добив. OK, I get it, во тоа време такви биле условите и техниката, ама од денешна перспектива, тоа е, во најмала рака - смешно. Затоа од Discovery бев дури и импресиониран.

Второ - ми се допадна тоа што има континуитет, и тој е во преден план, а не е секоја епизода засебна приказна, а од заднина да се надзира нешто повеќе, поврзано.

Трето - прилично брзо почна, и ме навлече веднаш. Немаше растегнување на дејството, непотребно, немаше филер епизоди, цело време имаше билдање тензија и не те остава да пропуштиш ни момент.

Инаку, се согласувам дека ликовите се површни, но, овде се работи за SF, не е ова драма, па да ми е тоа пресудно, затоа не ни забележав. Во книжевноста, на пример, жанрот фантастика и научна фантастика спаѓаат во доменот на т.н. тривијална книжевност, или mass-литература (секако, не целосно, со исклучоци, кои се мали). Тоа треба да е лесна литература, наменета да забавува, и многу често без високи естетски критериуми. Во светот на подвижните слики (филм и телевизија), можеби не е во таа мера издиференцирано, но дефинитивно кај различни жанрови има различни елементи кои се пресудни, ако ништо друго, барем за мене. Така како што хоророт има цел да исплаши, романсата да разнежни, како што комедијата треба пред се да ме насмее, така SF треба да ми наполни очи со убавини, а Discovery тој дел и тоа како одлично го сработи.
 
Член од
30 октомври 2020
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.931
...како што комедијата треба пред се да ме насмее, така SF треба да ми наполни очи со убавини, а Discovery тој дел и тоа како одлично го сработи.
Не би се сложил, мора да има леери, функцијата на добра комедија е преку хумор да проблематизира состојби ( карлин... соушл коментери), а СФ ако го сведеш на ај кенди впечаток тогаш ја негираш главната функција...

Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Не би се сложил, мора да има леери, функцијата на добра комедија е преку хумор да проблематизира состојби ( карлин... соушл коментери), а СФ ако го сведеш на ај кенди впечаток тогаш ја негираш главната функција...

Тоа може да го има секаде, не е одлика ексклузивно на SF, а и воопшто не е нејзина примарна цел. Кога ќе земе некој да пишува SF роман или да снима SF филм, 100% не тргнува со премисата: да се биде или не, ај ќе направиме SF за да откриеме. Секој жанр има слоеви, никој не симплифицира дека нештото е ексклузивно одлика само на еден жанр. Ама примарното во SF е создавање фикција, поточно фантастика, со помош на наука. Визуелно тоа најдобро се прикажува со ефекти. Да беше философијата во преден план, немаше да се вика научна фантастика, ќе се викаше фантастична философија, или научна философија.
 
Летс агри ту дисагри, за мене најдобар СФ филм е Контакт, таму нешто друго е битно, не vfx.
Сепак евидентно дегустибус....
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Летс агри ту дисагри, за мене најдобар СФ филм е Контакт, таму нешто друго е битно, не vfx.
Сепак евидентно дегустибус....
Баш, да баталиме ова, туку, еве, ти како ST фан што ќе предложиш на нуб ко мене следно, за по Discovery?
 
Член од
30 октомври 2020
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.931
Баш, да баталиме ова, туку, еве, ти како ST фан што ќе предложиш на нуб ко мене следно, за по Discovery?
Ух.. од стартрек мислам не, но можеби Fringe добро ќе ти залепи? И се спремам на The Expance, не знам дал е за препорака сеуште, но слушам доста добри работи.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Ух.. од стартрек мислам не, но можеби Fringe добро ќе ти залепи? И се спремам на The Expance, не знам дал е за препорака сеуште, но слушам доста добри работи.
Fringe си ја следев јас уште кога си излегуваше редовно, пред 100 години. Гледано ми е тоа. Баш за Star Trek прашував.
 
Член од
30 октомври 2020
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.931
Fringe си ја следев јас уште кога си излегуваше редовно, пред 100 години. Гледано ми е тоа. Баш за Star Trek прашував.
ТНГ би ти била наивна, можеби Дип Спејс 9, но мислам Voyager, ја имаш 7 оф 9 таму, иако како нова продукција Picard можеби ќе ти залепи, паралелно со дискавери ја фураат а и таму се појавува 7... мене лично не ми работеше....
 
Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.733
Поени од реакции
7.545
Ух.. од стартрек мислам не, но можеби Fringe добро ќе ти залепи? И се спремам на The Expance, не знам дал е за препорака сеуште, но слушам доста добри работи.
Време е да ја почнеш The Expanse прилилчно е добра(Ако не си ја почнал). Технички е Space Western. До некаде.
 
Член од
30 октомври 2020
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.931
Време е да ја почнеш The Expanse прилилчно е добра(Ако не си ја почнал). Технички е Space Western. До некаде.
Почнав, имам добро мислење за сега, концептот им е добро склопен а и карактерите не се еднодимензионални. (y)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Абе, кретените ја трганале Star Trek: Discovery од Netflix? Излезена е нова епизода, и сега барам, ја нема.
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.636
Поени од реакции
1.525
Абе, кретените ја трганале Star Trek: Discovery од Netflix? Излезена е нова епизода, и сега барам, ја нема.
Discovery никогаш не е била серија на Нетфликс, тоа е серија на ЦБС, односно нивниот стриминг сервис Парамоунт+, во Европа таа серија се емитуваше на Нетфликс бидејќи немаше соодветен сервис во сопственост на ЦБС, но веќе таков сервис постои и нема потреба да биде на Нетфликс.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Discovery никогаш не е била серија на Нетфликс, тоа е серија на ЦБС, односно нивниот стриминг сервис Парамоунт+, во Европа таа серија се емитуваше на Нетфликс бидејќи немаше соодветен сервис во сопственост на ЦБС, но веќе таков сервис постои и нема потреба да биде на Нетфликс.
Знам де дека не е серија на Netflix, само CBS и Netflix имаа склучено договор за стриминг на Discovery во сите држави надвор од Северна Америка. CBS си имаше сервис, CBS All Access се викаше, постои уште од 2014, во Северна Америка таму беше серијата. На почетокот на годинава CBS All Access се ребрендираше во Paramount+, по спојот на CBS сo Viacom, само тој сервис се уште не е достапен речиси никаде, затоа не очекував дека го раскинале договорот со Netflix баш пред почеток на новата сезона, затоа прашав што се случило. Инаку Paramоunt+ е далеку од достапен секаде. Во Европа го има само во скандинавските држави: Норвешка, Шведска, Данска и Финска, никаде на друго место. Дури и во Велика Британија се уште не е достапен, дури на пролет 2022 е планирано проширување таму, а подоцна и во источна Европа (една од државите планирани во проширувањето е и Македонија).

И така, сега ќе мора дасимнуваме торенти... :tapp:
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Ја изгледав. Убав почеток, нема екстремни промени во универзумот, како што беше со претходната сезона. Ветува.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom