Апчиња за полесно будење
Компанијата „Рајс енд шајн” ги претставила апчињата направени од природни состојки што можат да ви помогнат да станете рано наутро без никакви проблеми.
Основачот на компанијата, Кети Беган, тврди дека „Wake Up On Time” (Разбуди се навреме) ќе и стават крај на утринската зашеметеност и чувство на нервоза кај луѓето кои не сакаат рано да стануваат.
Апчињата даваат дополнителна енергија во утринските часови и го зголемуваат имунитетот на организмот.
Беган тврди дека апчињата, исто така, го подобруваат расположението, благотворно влијаат врз меморијата, циркулацијата на крвта во организмот и на варењето на храната.
Состојките на новиот „чудотворен” производ, вклучуваат аминокиселини, неколку видови витамини Б и семки од гуаран.
Раното будење и натаму ќе бара разни методи на будење и ѕвонење на часовникот, но целиот процес, како што се чини, ќе биде многу попријатен за луѓето кои не се „вљубеници” во утринските часови.