Squid Game

Член од
5 јуни 2022
Мислења
8
Поени од реакции
3
А бе луѓе, има ли македонски титлови за Игра на лигни? Барам секаде, не можам да најдам онлајн. Нејќам само на англиски да читам.
 
Член од
5 јуни 2022
Мислења
8
Поени од реакции
3
Да најдов тоа, но на македонски сакав. Сепак фала. Ќе си продолжам на англиски :)
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.740
Поени од реакции
27.733
Ха, чудно да не ја превел некој, ама ете, и тоа се случува.
Обично има доста преводи на македонски за вака популарни серии на https://mk.titlovi.com/
Штета.
 
Член од
4 октомври 2024
Мислења
2
Поени од реакции
0
Се моли некој паметен човек да ја преведе серијава на македонски :) затоа што на издавачиве очигледно не им текнува да ја преведат.
 
Член од
23 август 2024
Мислења
74
Поени од реакции
121
Феноменална втора сезона,чиста 10-ка за мене исто како и првата.
Тензија,интензитет,игрите,срцепарателни моменти,интересни споредни ликови и клиф хенгер како најава за третата и последна што веројатно ќе излезе во Јуни.
Единствено што би сменил е што немаше толку "горе во управа" сцени,и што VIP ликовите комплетно ги тргнале,сите ги хејтаа мене па ми беа јаки и смешни :D
Се на се одлична сезона
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.285
Поени од реакции
30.609
Ок сезона, само што наеднаш е прекината, а веќе ја имаат завршено сезона 3.
Споредните карактери се полоши од оние од прва сезона.
Цело време ме копка едно прашање. Што направиле сите овие да не им се доволно 50000 евра за да си ги покријат долговите?
Што е работава со корејскава валута
1736405031867.png
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.323
Поени од реакции
23.053
Ја изгледав цела прва сезона вчера и беше океј но не ми се допадна којзнае колку, 6/10 има од мене.
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.404
Поени од реакции
5.960
Заробени ли сме во една голема Squid Game секојдневно во нашите животи?

Screenshot 2025-01-11 193904.jpg

Зошто луѓето постојано ја доживуваат Squid Game како нешто забавно? Ова прашање наметнува сериозни размислувања за тоа што навистина значи да се биде дел од овој глобален феномен. Што всушност крие „забавата“ што привлекува толку многу гледачи на серијата? Како тоа што започна како култен хит на Netflix стана основа за цела индустрија на производи, корпоративни настани и тим-билдинг активности кои ја доловуваат атмосферата на серијата?

Во суштина, Squid Game не нуди ништо ново. Гладијаторските борби до последната капка крв се присутни од античко време, а современите варијанти на овој концепт, како Battle Royale и Hunger Games, ја имаат истата основна премиса: луѓе, обично деца, се борат за живот или богатство, а богатите ги гледаат како нешто за забава.

Но, што всушност нѐ тера да ги гледаме овие содржини? Одговорот лежи во два клучни аспекта. Првиот е психолошкиот ефект – исто како и во хорор филмовите и акционите трилери, гледачите се соочуваат со своите најголеми стравови, пред сѐ, стравот од смртта. Се соочуваат со него за да го надминат на безопасен начин.

Но, тука се отвора и друго прашање: што би направиле ние ако бевме ставени во ваква ситуација? За да се завршат игрите на Squid Game не е доволно да се елиминира само една фигура, како што е Фронтменот. Играта е многу поголема и значи нешто многу повеќе – ако системот не се смени, играта ќе продолжи.

И еве каде започнува вистинската парадоксална реалност. Во нашиот секојдневен живот, многу полесно е да се насмееме на актерите кои се облекуваат како Фронтменот и да се фотографираме на корпоративни тим-билдинг настани. Потоа, се враќаме во безбедноста на нашите канцеларии и домови, со самозадоволство дека сме се ослободиле од стравот на игрите, додека всушност сме заглавени во истата игра, но овој пат во нашите секојдневни животи.
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.323
Поени од реакции
23.053
Ја изгледав и втората сезона, големо вртење во круг, не знам како но успеа да биде бетер од првата, сите негативни работи од кецот ги нагласи за десет пати.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom