Справи и вежби за рамни стапала?

  • Креатор на темата Креатор на темата NekojBatka
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
21 јули 2017
Мислења
289
Поени од реакции
234
Локација
Скопје
Најдов една добра справа која личи дека ќе е добра за лечење на рамни стапала.

Седнуваш на столче и полуга стои врз колената. На соодветно место се ставаат тегови, и со помош на стапалата и листовите ја дигаш полугата ,а со тоа и ги дигаш теговите. Не знам како се вика оваа справа.

Дали знаете како би можел да ги залечам стапалава, односно да ја вратам петата на место, забегува на страна?

Дали справата е соодветна за ова и колку и како да вежбам за да ја постигнам целта?
 
Исто седнат пушти на земја некој дезодоранс, пена за бричење или слично и тркалај со стапалото напред назад

Таа справата не е за рамни стапала, тоа е за листови на потколеница
 
Најдов една добра справа која личи дека ќе е добра за лечење на рамни стапала.

Седнуваш на столче и полуга стои врз колената. На соодветно место се ставаат тегови, и со помош на стапалата и листовите ја дигаш полугата ,а со тоа и ги дигаш теговите. Не знам како се вика оваа справа.

Дали знаете како би можел да ги залечам стапалава, односно да ја вратам петата на место, забегува на страна?

Дали справата е соодветна за ова и колку и како да вежбам за да ја постигнам целта?
Рамни стапала не се лечат, вроден деформитет е, само со еден куп вежби како што ти препорачаа над мене може да си ги олесниш болките кои се јавуваат од подолготрајно стоење. И јас имам исто, порано носев посебни влошки во патики демек нагибот да го поправат, жими Стојна го поправија. Купувај си патики со подебел ѓон, гледај да ги избегаваш оние рамнине што се (имам едни поелегантни такви ама ги носам поретко баш од оваа причина), не е лошо од running едициите на спортскиве марки да разгледаш. Мене повеќе проблеми ми прави што карлицата ме здоболува по подолготрајно стоење, за стапалата (ќе се раздвижам макар и во круг) и долготрајно одење немам гајле.
 
Вроден деформитет, не баш. Живееме во такви живеалишта со рамна подлога. Не сме праени за газење по асфалти, станови итн... Може да се исправи секако, само ако доволно се жилите под стрес. Ама да, пак ќе бидат и двете стапала у главно рамни.
 
ако успееш алал да ти е, цело детство го пројдов јас со такви влошки во патики и кондури, џабе, ни малце не се исправи. Дури и нели со пливање се занимавав од 5 години, олеснителна околност некоја, како не, освен што ми израсна стапалото па 40-41 што носам, другото јок.
 
Вроден деформитет, не баш. Живееме во такви живеалишта со рамна подлога. Не сме праени за газење по асфалти, станови итн... Може да се исправи секако, само ако доволно се жилите под стрес. Ама да, пак ќе бидат и двете стапала у главно рамни.
Освен вежбите кои ти ги препорачаа членовите погоре, гледај секојдневно да ставаш под нога цилиндричен предмет (читај дезодоранс, шише и такви ствари), гледај да носиш анатомски чевли и при секоја прилика кога си на плажа со камчиња, песок, на трева.............. и на други нерамни површини, гледај да одиш бос. А исто така имам слушнато дека и стоењето на прсти помага колку толку.
 
Епа да, значи таа справата од теретана за листови сепак ќе е корисна. Сум вежбал со неа, пошто левата пета ми е уште полево отидена, почнаа жилите напред лево на листот да ме болат.
Влошки, тркалезни предмети не делуваат баш. Само по забрзана постапка, ги вежбаш листовите вака у теретана, би можело да успее.

Сеа почнав со табуреткана, ставам книги одозгора као тежина, и ја дигам на колена, натегнувајќи ги стапалата и листовите.
 
Јас користам влошки од патики на Walkmaxx. Ги земав патиките ама за ништо не ги биваше, влошките се добри ептен. Воедно, сега гледам и само влошки се продаваат од истите. Иначе за најудобна обувка, препорачливи се патики за трчање. Тие се наменети за интензитет, така да не гледам причина зашто не би ги користеле и за секојдневна активност.
 
Епа да, значи таа справата од теретана за листови сепак ќе е корисна. Сум вежбал со неа, пошто левата пета ми е уште полево отидена, почнаа жилите напред лево на листот да ме болат.
Влошки, тркалезни предмети не делуваат баш. Само по забрзана постапка, ги вежбаш листовите вака у теретана, би можело да успее.

Сеа почнав со табуреткана, ставам книги одозгора као тежина, и ја дигам на колена, натегнувајќи ги стапалата и листовите.
И јас сум вежбал фитнес/во теретана и мислам дека знам за која справа збориш, ама не верувам дека таа ќе ти помогне. Таа е воглавно за зајакнување на листовите, а и општо на нозете, но не и за претварање на рамните стапала во ,,нормални". Носи си анатомски влошки/патики, секојдневно по неколку саати под нога тркалај цилиндричен предмет, оди бос по нерамни површини и од време на време оди на прсти, и колку толку би имало бар некој минимален ефект, но не очекувај дека за една недела ќе ти се подобри. Сепак рамното стапало е проблем кој и не се решава баш така често, лесно и успешно.
 
Нерамна површина каде? На кејон кај Вардар бос да идам? :) Добра е справата, ќе ми се опраи точката на газење на стапалото. Сега е малце на лево изместена и осеќам како петата се поместува накај лево. Со справата бар ќе ми се ојачаат жилите за газење.
 
Рамни стапала не се лечат, вроден деформитет е, само со еден куп вежби како што ти препорачаа над мене може да си ги олесниш болките кои се јавуваат од подолготрајно стоење. И јас имам исто, порано носев посебни влошки во патики демек нагибот да го поправат, жими Стојна го поправија. Купувај си патики со подебел ѓон, гледај да ги избегаваш оние рамнине што се (имам едни поелегантни такви ама ги носам поретко баш од оваа причина), не е лошо од running едициите на спортскиве марки да разгледаш. Мене повеќе проблеми ми прави што карлицата ме здоболува по подолготрајно стоење, за стапалата (ќе се раздвижам макар и во круг) и долготрајно одење немам гајле.
И јас истиот проблем со рамни стапала ....Секогаш кога купувам,прашувам патики за рамни стапала да им декларирам за што,секогаш задниот дел на патиката е засилен со потпора .....Дома кога сум,исклучиво практикувам одење бос ,подобар лек нема ....Ногата природна да се оформи и навикне на секакви подлоги форсирам .... Знам како е 10 часа во лоши патики со рамни стапала .....Пекол жив ..... Нозете ми горат од неможност да стојам исправено,абе буквално го мразам чуството .....Решениево со добри патики и бос дома,ми се засили и подобри ногата .....Сум работел и двојна смена од 7 до 22 часот,а покито болче позади ....Далеку подобрување,задоволен сум ... :)
 
Патики за трчање за тие со рамно стапало !

in-shoe-500x380.jpg

...што треба да има едни женски патики специјални направени за тие со рамно стапало!

ASICS-Womens-GEL-Kinsei-6-high-arch-Running-Shoes.jpg

...ASICS во своја програма шест различни специјално дизајнирани патики за жени за трчање со рамни стапала!
3-types-foot-arches-diagnosis-to-buy-running-shoes.jpg

различни дизајнирани патики според стапалото!

ASICS-Mens-GEL-Kinsei-6-Running-Shoes.jpg

...ASICS, едно од најдобрите патики за трчање за мажи со рамни стапала специјално дизајнирани остранувајќи ја болката за време на трчање за разлика од патики за нормални стапала со долна во средина издигната потпора...

tie-shoelaces.jpg

.
- при купување на вакви специјализирани патики за трчање за особи со рамни стапала, треба да се внимава да патиките бидат со врвки, кои треба добро да се стегнат да се фиксира ногата во патиката !

high-arch-running-shoe.jpg

- самите да провериме дека средниот дел на патиката е подигнат (често пати може да бидеме излажани од продавачите, па да ни продадат „обични“ патики)!

breathable-fabrics.jpg

- патиките за трчање специјализирани за тие со рамно стапало секогаш да ги одбереме од порозен материјал, за да може ногата да „дише“ оти ако се поти тогаш самата нога ќе „шета“ во патиката и нема да биде стабилна за да не би се створила болка поради поместување на издагнетиот дел што треба да биде фискирано на средина на стапалото!
 
Последно уредено:
Прв пат да се сложам со докторкава, Асикс имам веќе 4 месеци и се најдобрите патики што сум ги имала, ever. Имаш евтини модели, има и за 1700 на стадион, не ти мења нешто многу зошто GEL технологијата ја ставаат во сите можни модели.
 
Само на градски?Машки модели ?
 
Back
На врв Bottom