Spotify во Македонија

Член од
17 октомври 2011
Мислења
9.879
Поени од реакции
22.790
Успеал некој да тера premium преку симнат apk а да не му бара vpn најава после 14 дена? Сакам да можам да бидам со мој емаил/локација, а и понатаму да користам премиум apk.
121-1219550_clip-art-sign-png-for-two-fingers-emoji.jpg

Скоро 4 години го користам, а не 14 дена. Бараше најава со vpn додека не беше достапен кај нас, ама сега си сменив локација, и си тера од Скопје, нормално, без најава со vpn.
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.262
Поени од реакции
7.467
Ја користам мобилната апликација веќе неколку дена. Проблеми како некои од гореспомнатите со албумски плејлисти немам. Најубаво е да си проверите settings и профилни детали да нешто не е наместено по дифолт како што не сакате. Пред да слушам песни прво таму подесував све, можеби затоа немам проблеми. Исто така запазете дали ви светат зелено знакчето за shuffle. Некогаш се појавуваат на секоја песна колку и да го гасиш, ако settings има нешто наместено по дифолт. Реклами нема, и кога ќе ги воведат не верувам дека ќе биде како YouTube, со по некои реклами од саат ипол, цел филм/документарка/мега-влог да се упали. И да им го пофалам алгоритмот за сугестии за музички вкусеви, ептен им е квалитетен. Би го рејтнал повисоко и од Нетфликс.

Сега за сега едина критика е што нашиве локални изведувачи имаат некомплетни дискографии, демо снимки, или селектирани англиски песни. Се е тоа во ред, пошто самите тие си ги контролираат профилите и објавите, ама е малку глупо пошто повеќето изведувачи надвор од МК буквално се што објавиле ставаат таму да биде пристапно. Десктоп верзијата ја немам се уште користено.
 
Член од
11 јули 2014
Мислења
1.008
Поени од реакции
261
Немаш проблеми оти премиум верзијата му е на сите бесплатна еден месец.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
9.879
Поени од реакции
22.790
Веќе има во charts Russia Top 50 и Russia Viral 50. Чекаме Macedonia Top 50.
 
Последно уредено:

MARCELLO

Модератор
Член од
15 јули 2007
Мислења
11.889
Поени од реакции
5.723
Немав уклучено никаков премиум на мобилната апликација и денес ми заврши тој пробен период. Јас мислев еден месец е пробно без премиум :)
 
MARCELLO

Модератор
Член од
15 јули 2007
Мислења
11.889
Поени од реакции
5.723
Веќе има во charts Russia Top 50 и Russia Viral 50. Чекаме Macedonia Top 50.
Барав доста пејачи, групи македонски и нема многу. Некој што ги барав ги нема како што се Нокаут, САФ a некој што ги најдов немаа ни песни ставено.

Така да ќе треба време додека нашиве почнат масовно да ставаат нивни песни.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
9.879
Поени од реакции
22.790
Барав доста пејачи, групи македонски и нема многу. Некој што ги барав ги нема како што се Нокаут, САФ a некој што ги најдов немаа ни песни ставено.

Така да ќе треба време додека нашиве почнат масовно да ставаат нивни песни.
Немаат ама баш никаква врска нашите пејачи и песни со листите TOP 50 и VIRAL 50. ;)

Инаку, некои од тие кои навистина нешто значат, си ја имаат и цела дискографија. Фолтин ги слушам на Spotify уште откако прв пат го користев, пред повеќе од 4 години. Ги има Мизар, Леб и сол, Тоше, Bei the Fish, Funk Shui, Pluto's Doubts, Bernays Propaganda, PMG, Arhangel, Superhiks, Duke и еден куп други.
 
Последно уредено:

MARCELLO

Модератор
Член од
15 јули 2007
Мислења
11.889
Поени од реакции
5.723
На мобилен ми заврши гратисот без премиум и не можам да слушам цели албуми додека на телевизорот со Android tv сеуште може да си слушам цели албуми.
 
Ќе прашам ова зошто е вака? На мобилен кога уклучив апликацијата имаше известување да уклучам премиум а на телевизорот и понатаму функционира без премиум да слушаш цели албуми.
 
Член од
6 јануари 2020
Мислења
270
Поени од реакции
253
Ќе прашам ова зошто е вака? На мобилен кога уклучив апликацијата имаше известување да уклучам премиум а на телевизорот и понатаму функционира без премиум да слушаш цели албуми.
Има посебни рестрикции за мобилната апликација, тоа и го зборевме на претходната страна.
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
15.855
Поени од реакции
25.951
Ќе прашам ова зошто е вака? На мобилен кога уклучив апликацијата имаше известување да уклучам премиум а на телевизорот и понатаму функционира без премиум да слушаш цели албуми.
@Zlatikevichius мислам знае, ќе ти пише.
 
MARCELLO

Модератор
Член од
15 јули 2007
Мислења
11.889
Поени од реакции
5.723
Има посебни рестрикции за мобилната апликација, тоа и го зборевме на претходната страна.
Aко долго остане се отклучено без премиум на Аndroid на телевизорите ќе биде супер. На телевизорот супер ми дојде за слушање цели албуми од артисти додека семејно дома се собираме за ручек во недела.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom