- Член од
- 14 март 2010
- Мислења
- 17.189
- Поени од реакции
- 16.975
Мислам дека нема оваква тема или не можев да најдам, па реков да отворам, ако има, па нека се спое мислењето со старата тема.
Инспириран од спортската сала во центар, салата на КК Работнички, ме изиритира да ја отворам и темата.
Гледајќи кај отиде светот веќе, а и не мора да гледаме подалеку доволно е да видиме низ соседството какви спортски сали и стадиони се направија, а уште и се прават, ние уште реновираме штали што би се рекло, но потрагично е тоа што и сме горди на тие успеси ако може да се наречат успеси.
Колку што знам за КК Работнички има и план за нова сала/арена, ама на народ му замачкаа очи со реновирање на стариот објект.
Истото и со старата сала на РК Вардар во Расадник, се истураат милиони, а ние крпиме стари објекти.
Други најави од ФФМ и нивната фамозна премија од европското во фудбал, што најавија дека ќе се праве стадион од 10.000 гледачи капацитет и со тоа ништо не испадна.
Во државата имаме спортски сали направени од самопридонес пред многу години и тие не може да се одржуваат, да не ги набројувам, речиси во секој град има такви сали..
Прашањето ми е толку ли немаме луѓе што може да смислат, а и со тоа државата да ги реализира тие проекти?