SouthLAnd

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.395
Поени од реакции
7.840
Southland (2009–2013)
Crime, Drama, Thriller







Southland или Јужназемја (може и Јужен дел) е ТВ серија од крими жанр, полициска драма која се базира на животот и работата на полициските службеници од Лос Анџелес, воглавно според нивната структура Бирото Југ, Дивизиите Југоисток и Југозапад, но и остантите Бироа и дивизии меѓу кои и Холивуд. Во Бирото Југ стапките на криминал се највисоки во градот и се класифицирани како области на концентрирани активности на банди пред се хиспаноамерикански по етничка структура. Опфатени се цивилните истражни единици - детективите и униформираната полиција, има често вкрстувања во епизодите.

Не знам колку е познат фактот дека во Лос Анџелес во 1992 имаше немири кои излегоа надвор од контрола при што беше повикана Националната гарда на САД да воспостави контрола, после овие немири Полицискиот оддел на ЛА има проблеми со справвуање со високите стапки на криминал, корупција, аггресивен пристап на полициските сужбеници кон граѓаните на ЛА при што има принудна управа, се назначуваат полициски комисионери надвор од ЛА...во контекст на самата серија каде што постарите полициски службеници често ќе коментираат на темата.

Инаку се работи за вкупно пет сезони, SouthLAnd e во продукција на ТНТ и Ворнер Брос, извршен продуцент е Ен Бидерман, врз основ на чие сценарио и е креирана серијата.

Главни протагонисти се полицаецот Џон Купер улогата ја има Мајкл Кудлиц, постар, искусен полицаец, Бен Шерман полицаец приправник, улогата ја има Бен Мекензи, Реџина Кинг стои позади детектив Лидија Адамс...добар кастинг, одлични ефекти, сценографија.

Се работи за полициско шоу кое се базира на вистински настани од секојдневието на вистински полицајци во Лос Анџелес, прикажани и за време на должност и во приватен живот, како полицаецот влијае на обичниот граѓанин и дали сето може воопшто да се комплотира во еден човек во текот на едно деноноќие.

Самата серија е прилично едноставна без некои екстравагантни заплети и акциски сцени, веројатно авторот проценил дека доволно е сижето кое го нуди животот на овие луѓе на линијата на должноста во град со една од највисоки стапки на криминал во САД (насилен со неколку убиства дневно во просек).

Се надевам ќе ви се бендиса серијата ако веќе не сте ја гледале бидејки се вбројува во топ 100 серии на сите времиња, а оние шо веќе ја глеале може некоја дума.

Проверив неколку пати и немаше засебна тема за серијава а мислам дека заслужува, така да нема да ме кара форумската управа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom