Soundbox presents: Green Velvet & Erick Morillo @Лизгалиште - 16.06.2016

  • Креатор на темата Torchyrus
  • Време на започнување
T

Torchyrus

Гостин
На 16 јуни на Скопско лизгалиште не' очекува единствениот целовечерен настан SOUNDBOX кој ексклузивно и прв пат во Македонија претставува двајца великани од американската диџеј сцена! Со реноме кое гарантира префинет електронски звук и извонредно музичко доживување, на SOUNDBOX доаѓаат: ексцентричниот Green Velvet - еден од водечките техно и хаус диџеи во светот познат по култните нумери „Flash“, „La La Land“, „Answering Machine“ и бројни хитови кои го дефинираа техно жанрот; како и херојот од денс музиката Erick Morillo – платинестиот добитник на престижни награди, основач на легендарната Subliminal Records и врвен светски промотор на сите стилови на хаус музиката.

Покрај нив, во листата на изведувачи за овој настан се запишуваат WISH.KO и АЛЕКСАНДАР МИСКОСКИ кои на единствената забава, која вкупно ќе трае повеќе од 6 часа, ќе го претстават звукот на домашната електронска сцена.

SOUNDBOX настанот во организација на Password Production и EEMM Group, ќе се одржи на 16 јуни на Скопско лизгалиште, со почеток во 22:00 часот, а влезот за посетителите ќе биде отворен од 21:30 часот.

БИЛЕТИ ВО ПРОДАЖНАТА МРЕЖА НА MkTickets!

ПРОМО-ЦЕНА: 300 ден. (само до 31 мај)
ПРЕТПРОДАЖБА: 400 ден. (од 1 јуни)
НА ВРАТА: 500 ден.
ВИП Влезници: 800 ден.

ВИП Пакет: 5.000 ден. (4 ВИП билети + висока барска маса + шише алкохол по избор Finlandia/Tullamore Dew/Jagermeister) - САМО СО РЕЗЕРВАЦИИ ВО Jugoton Rekords на 3239860 и на 070/770133.

Продажни места:
• Во Скопје: Југотон (ГТЦ, 1 кат), Универзална Сала, Тобако - МПМ Прес, Тобако Гоги Драчево, Тобако Дрводекор, Тобако 2 – Скопјанка, Тренд (Центар, Скопје Сити Мол, Аеродром), Љубов, Синдикат, Винил, Радио Бар, Цреша Бар;
• Во Куманово: Агора;
• Онлајн: www.mktickets.mk .


GREEN VELVET зад себе има 6 студиски албуми, вклучувајќи го и последниот „Unity“ објавен минатата година како заедничко издание со Carl Craig, а до денес под различни имиња бележи стотици сингл и ремикс изданија. Тој се издвои од легендарната чикашка сцена уште со првите хаус синглови „Coffee Pot“ и „Brighter Days“, кои ги објави под името Cajmere. Музичкото алтер-его Green Velvet го добива подоцна поради сајберпанк изгледот кој го објаснува како влијание од David Bowie и психоделичниот фанк состав Sly and the Family Stone. Но, повеќе од имиџот, она што ексцентричниот Velvet го издвојува од остатокот на диџеј сцената е користењето на сопствениот вокал во наративен манир и со автентични стории кои ја надополнуваат неговата музика. Една од таквите, преку ноќ го презема првото место на американската топ листа и се запиша во химните на светскиот клабинг во деведесеттите: „Cameras ready, prepare to flash“ беа стиховите по кои секој клуб експлодираше! „Flash“ стана заштитна нумера на Green Velvet, а набргу успехот го потврди и со синглот „Answering Machine“. Најголемиот хит дојде со албумот „Whatever“ во 2001 година кога синглот „La La Land“ за кратко време стана едно од најуспешните електронски изданија на сите времиња.
Во 2013 година тој беше на првото место на листата на најпродавани електронски изданија со неговиот албум „Unshakable“, а покрај тоа признание, хит-синглот „Bigger Than Prince“ стана еден од најголемите електро-хитови годината и беше официјално највртениот сингл за време на престижниот „Amsterdam Dance Event“ – најголемиот собир на светската електронска сцена во Европа. Зошто целокупната електронска заедница го смета за автентичен великан чии настапи се меѓу најбараните од љубителите на клабингот, публиката во Скопје конечно ќе има прилика да чуе на 16 јуни на SOUNDBOX настанот на Скопско Лизгалиште.

ERICK MORILLO, повеќе од една деценија важи за еден од најбараните и најпрепознатливите диџеи во светот, со ремикси за многу големи имиња, од Whitney Houston до Basement Jaxx, од Sneaker Pimps до Macy Gray. Тој ги освои врвовите на светските топ-листи и оствари платинеста продажба како продуцент на хитот „I Like To Move It“ на Reel 2 Real, а е добитник на разни престижни награди како оние за најдобар хаус диџеј во 1999 и 2001 година и најдобар светски диџеј во 2002 година на „Pacha Ibiza Awards“. Во 1997 тој ја оформи денес легендарната етикета „Subliminal Records“ чија цел е јасна; промоција на хаус звукот од оние фанки ритмови до соул и андерграунд, пред сѐ со акцент на квалитетот. Неговиот прв албум „My World“ (2005 год.) вклучуваше соработки со имиња како Puff Daddy, DJ Rap, Boy George, the Mad Stuntman, The Audio Bullys, а подоцна и со Skin, Eddie Thonieck, како и соработката со Alexandra Burke на британскиот Топ 5 хит „If This Ain’t Love“.
Неговата постојано исполнета агенда, во еден момент дојде и до својот зенит со неверојатни 30 настапи месечно ширум светот, а неговата кариера вклучува завидни остварувања, од инстантниот успех на неговите неделни „Sessions“ забави во Њујорк, преку хостирањето на годишните масовни „Subliminal Sessions“ забави на „Winter Music Conference“ во Мајами, па сѐ до лудо посакуваната кариера како резидент на „Ministry of Sound“ и секако легендарните „Subliminal Sessions“ забави на Ибица.
 
T

Torchyrus

Гостин
П.С... Заборавив да пишам датум на насловот ако може некој од модераторите да додаде...
 
Г

Грејвдигер

Гостин
Something 'bout those little pills... :)

Топ, ми се свиѓа во која насока почнаа да се движат журкиве кај нас. Полека, ама мислам дека ќе се оправиме. :D
 
Последно уредено од модератор:
I

IBIZA SOUND

Гостин
strasen duel,odaleku se osekja deka ke bide dobra zurka
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.659
Поени од реакции
21.681
Продавам една карта за 300, информации ПП.
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.659
Поени од реакции
21.681
Беше на журката ?
Бев.
1. Озвучување, солидно. Доволно јако како за на журка, не до толку да ти пукнат уши и да не можеш да се чуеш со тие околу тебе.
2. Сцената, фантастична и поголема од што мислев дека ќе биде, се потрудиле ептен со оглед на соодносот цена на влезница/сцена.
3. Цени на пијачки, феноменални, 80 Скопско, 100 Јегер, ни во кафич нема толку.
4. Убав народ и многу убави девојки, немаше многу брача искривени орки, сељендри со наочари за сонце по рамбовки или уфрцани опајдари на штикли. И таман на квантитет. Се гледаше дека профилот на народ што беше дојден е од оние што идат за да уживаат, не да тераат некои си скопски селски шеми и да викаат Уууу-уууу.

Се на се одлично, мислев дека ќе има многу помалку луѓе и поскромна организација, искрено се изненадив.
 
T

Torchyrus

Гостин
Бев.
1. Озвучување, солидно. Доволно јако како за на журка, не до толку да ти пукнат уши и да не можеш да се чуеш со тие околу тебе.
2. Сцената, фантастична и поголема од што мислев дека ќе биде, се потрудиле ептен со оглед на соодносот цена на влезница/сцена.
3. Цени на пијачки, феноменални, 80 Скопско, 100 Јегер, ни во кафич нема толку.
4. Убав народ и многу убави девојки, немаше многу брача искривени орки, сељендри со наочари за сонце по рамбовки или уфрцани опајдари на штикли. И таман на квантитет. Се гледаше дека профилот на народ што беше дојден е од оние што идат за да уживаат, не да тераат некои си скопски селски шеми и да викаат Уууу-уууу.

Се на се одлично, мислев дека ќе има многу помалку луѓе и поскромна организација, искрено се изненадив.
Во целост го делам твоето мислење и се согласувам. Само ќе додадам околу Green Velvet дека сетот му беше феноменален изработен мајсторски како што треба за 4 саати уживање, па отсуството нa Morillo не се ни примети, а и никого не ни го зборува тоа пошто сите други останати работи беа како што треба. Лизгалиште добро уредено и место 9/10 место за вакви настани.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom