SOTW - Правила

  • Креатор на темата Ivanovska
  • Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
I

Ivanovska

Гостин
Пријавување:

  • Пријавувајте се во темата за пријавување;
  • Минимална дозволена големина на потписот е 250х80px а максимална дозволена димензија е 500х200px;
  • Забрането е учествување со туѓа креација;
  • Секој учесник на натпреварот мора да остави .PSD фајл ако организаторот или модераторот го побара тоа од него, во спротивно ќе биде дисквалификуван;
  • Не е дозволено креацијата да има навредување, омаловажување, расизам, пцуење, заканување и политички содржини;
  • Потписот мора да одговара со темата;
  • Потписот мора да го има вашето корисничко име и kajgana.com;
Дискусии:

  • Дозволено (и пожелно) е давање забелешки, критики, пофалби;
  • Забрането е навредување или омаложување на креациите и/или учесниците во натпреварот и оф-топик;
Гласање:
  • Забрането е гласање за себеси;
  • Забрането е барање гласови;
  • Доколку се докаже дека учесникот ја украл креацијата или барал гласови на различни начини (приватни пораки, мсн, фејсбук и слично) ќе биде дисквалификуван од натпреварите на одредено време;
  • Доколку некој не ги почитува дадените правила, ќе биде дисквалификуван од натпреварите;
Награди:
  • Тука ни треба помош од администрацијата;
Известување до сите натпреварувачи:
Победникот на тековниот SOTW и натамошните победници ќе имаат право да ја одберат темата за следниот натпревар.
НОВО
_____________________________________________
Победникот на тековниот SOTW е должен да отвори 2+1 нови теми (пријавување, дискусија + гласање). Доколку не е во можност да отвори нова тема, оваа должност лично ја префрла на второ рангираниот и со тоа ја губи и предноста да бира тема за следниот натпревар. Во случај и второ рангираниот да не е во можност - се префрла на третиот и така натака. Во екстремен случај, каде ниту еден натпреварувач, не се нафаќа на обврската да ги продолжи SOTW натпреварите, во зависност од одлучението на модераторот, SOTW натпреварот може да биде отворен од модератор или да се одложи со една недела казна .
НОВО 2
Во случај до петок да не се пријават повеќе од 3 натпреварувачи (вклучувајки го и членот кој ја отворил темата) - рокот се продолжува за уште 24 часа (сабота 23:59). Ако и после сабота, нема повеќе од 3 натпреварувачи - следи затворање на потфорумот SOTW од една недела. Исто така, доколку 3 консекутивни недели се продолжи рокот - една недела затворен подфорумот SOTW.
_______________________________________________
Важна забелешка: Темата несмее да биде навредување, омаловажување, расизам, пцуење, заканување и политички содржини.
 
T

Tetro

Гостин
Не е дозволено креацијата да има навредување, омаловажување, рацизам, пцување, заканување и политички содржини.
Мислеше на расизам и пцуење.

Имам прашање едно: Како треба да изгледа потписот? Примери нешто, скриншотови, линк?
 
I

Ivanovska

Гостин
Мислеше на расизам и пцуење.

Имам прашање едно: Како треба да изгледа потписот? Примери нешто, скриншотови, линк?
Да, го замолувам модераторот да едитира, бидејќи јас неможам. :D Фала за забелешката.

Како што ти кажа Грејвдигер, се што опфаќа летото можеш да го искористиш во потписот.
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.257
Поени од реакции
3.607
Добри правила, браво за тој кој ги напишал и составил
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
Планирате да продужувате со SOTW или доста се 2 натпревара?
 
I

Ivanovska

Гостин
Известување до сите дизајнери: Победникот на SOTW #3 и натамошните победници имаат право да ја одберат темата за натпреварот што следува.
Кога ќе заврши гласањето, нека ми напишат порака на профил со темата за следниот натпревар.
Важна забелешка: Темата несмее да бара навредување, омаловажување, расизам, пцуење, заканување и политички содржини.

Модераторот нека го вметне ова во правилата. Благодарам. :)

изменето од модератор: Додадено е во правилата
 
I

Ivanovska

Гостин
Ајде бе кажувајте теми за сотв, инфекшн? Која тема да биде, ти си победникот ... Иначе јас се вратив од одмор ама пак ќе одам за неколку дена така да до 31 август терајте ги вие натпреварите.
 

^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.735
Поени од реакции
7.983
Добри правила, браво за тој кој ги напишал и составил
Ептен, ај па може ќе си ги прочитат (... дека нели сепак повеќе ги составуваа) односно ќе се потсетат, само прашањето е дали го посетуваат форумов :/
 
Член од
28 ноември 2009
Мислења
4.857
Поени од реакции
7.072
Изгледа проектов подобро ќе биде да биде оставен на мирување .
Одговорните ги нема никаде .
Пишав минатата недела за темава која да биде никој не ја отворил ниту пак некој прашал што е работа .
Еве отворив тема ајде доколку нема заинтерсирани за натпреварување подобро би било да се затвори подфорумот на неодредено време додека не си ги средите работите .
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
Изгледа проектов подобро ќе биде да биде оставен на мирување .
Одговорните ги нема никаде .
Пишав минатата недела за темава која да биде никој не ја отворил ниту пак некој прашал што е работа .
Еве отворив тема ајде доколку нема заинтерсирани за натпреварување подобро би било да се затвори подфорумот на неодредено време додека не си ги средите работите .
Работите се средени. Надлежните модератори одговорни за подфорумот се грижат за правилата и прекршоците кои ги прават членовите. Модераторите не се поставени да ви ги средуваат натпреварите кои ВИЕ ги баравте (и во кои учествувате, сепак, не го праат подфорумот модераторите - туку мислењата од членовите). Од кога ми пиша ти (и не отворив тема ЈАС пошто и јас иам живот исто така и бев зафатен) НИТУ ЕДЕН ЧЛЕН не ме праша “еј. шо е со натпреварот, зашо нема тема?“. Никој не се заинтересира. Океј, вие си знаете. Чим не ве интересира, значи нема кој да се пријави (а ќе видиш и сеа колку ќе направат потпис за неделниов натпревар).

That is all.
 
Член од
28 ноември 2009
Мислења
4.857
Поени од реакции
7.072
Yep i guess that`s all .

Јас никаде во правилава не видов дека членовите треба да ги отваараат темите за натпреварите
Инаку јас ти пишав тебе дека сум зафатен . Треба да се средат правилата како што гледам јас оти вака ништо не се знае и не реков дека ти треба да отвориш тема јас само кажав тоа што требаше па натаму ваше е мислам дека треба да се постави некој што има доста слободно време да се грижи за отварање / затворање теми во овој подфорум не е голема одговорност .

И да претпоставувам дека никој нема да пријави креација .
Известување до сите натпреварувачи:
Победникот на тековниот SOTW и натамошните победници ќе имаат право да ја одберат темата за следниот натпревар.
Тоа значи дека треба да се прати ПП (приватна порака) со темата на Ivanovska (мене) или еден од модераторите.
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
Yep i guess that`s all .

Јас никаде во правилава не видов дека членовите треба да ги отваараат темите за натпреварите
Инаку јас ти пишав тебе дека сум зафатен . Треба да се средат правилата како што гледам јас оти вака ништо не се знае .
И да претпоставувам дека никој нема да пријави креација .
Правилата ги пишуваше член бидејки член беше заангажиран за таа работа (Ivanovska). Ќе бидат сменети чим тоа го барате.

Изменето ;)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom