Soldier Training

Mike Tyson

Never,never,NEVER GIVE UP!
Член од
20 август 2007
Мислења
2.630
Поени од реакции
156
Сакам да започнам малце поинаква тема од овие другите погоре.Сите на овој подфорум се насочени кон дигање тегови,симетрија,пиење суплементи и други такви ствари.
Во оваа тема сакам да комуницираме ние обичните јас би се нарекол солџер вежбачи.Се разбира добро би ни дошло и нашите поголеми батки од теретаната да ни дадат некој совет.

Ме интересира дали тука некој во овој подфорум,како што гледам во оваа измината година,има доста луѓе што вежбаат,вежбаат на начин како мојот.
Во принцип тоа се склекови,вратило,трчање,чучњеви(без додатна тежина),одење на раце,превртување на глава и уште многу такви вежби што даваат
експлозивност и според мене спремност каква што неможе да се направи во теретана.Сум посетувал теретана повеќе време и можам да кажам дека експлозивноста што ја имав
ја изгубив,секако добив премногу на снага но тоа мене лично не ми врши работа.

Сакам да најдам сродни души и да видам какви све вежби правите за ваша флесибилност,сила...
Добро би дошло и да се стави некоја посебна програма на вежби но да напоменам за која е потребно тренинг партнер и најмногу некое вратило.

Темата ја отварам во овој подфорум бидејќи нели има фитнес,бодибилдинг и РЕКРЕАЦИЈА па јас ова нашево би го ставил во рекреација иако маицава после тренинг не го мисли тоа.
 
Убавецот

Неоткриен Таленат!
Член од
24 декември 2012
Мислења
2

Moj coek si prijatele.....jas so godini go vezbam ova i pozdrav i poubavo nikgas ne sum se cuvstvuval....inace se zanimav so teretana 3-4 god....ali so vakviot tip na trening se zanimavam edno 4 god i e topp...prodolzi taka nema bolje
 
Д

Дамјан_Amstaff

Гостин
Фала богу една тема ваква...

До пред два месеци вежбав на вратило и склекови ,но раката ја повредив и сега само склекови правам паузирам со вратилото.

Иначе може некој сетови ,серии да кажете со склекови и вратило.
Јас практикував 120 дигања на вратило во 10 серии со широк ,тесен фат...и 50 пропаѓања. А сега правам 310 склекови секој втор ден додавам по 10 склека ,веќе две недели вежбам до сега одлично ми оди .
 
nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.468
Поени од реакции
3.270
А да отидевте во темава, поприлично е иста со оваа. Еве еден мој цитат од таа тема во периодот коа вежбав дома:

Поздрав, јас ги знам скоро сите вежби за во домашни услови бидејќи вежбам само дома.

Гради и трицепс - се знае, склекови. Со зближени раце, со раширени раце, со подигнати нозе, со една рака, на тупаници, на прсти, со отскоктување итн. Може да додадете и тежина на грбот.

Грб и бицепс - Pull ups и chin ups. Потребно е вратило, доколку немате можност да зашвајсувате некаде шипка, јас ви го препорачувам ова. Го имам веќе некое време и одлично е. Исто така можете на нозете да врзете тег или камења :D

Рамо - доволно е едно тегче за сите вежби за рамо - предно, средно и задно. А доколку знаете стој на раце, тогаш тоа е најдобрата вежба, застанете на раце и правете склекови, подобра вежба за рамо нема.

Нозе - За нозе чучњеви, со две и со една нога, подигање на прсти, ова, трчање, скокање, трчање по скали, буквално милион вежби, се разбира и овде може тежина да додавате.

Стомачни - просто, стомачни, или висете за вратилото и подигајте ги нозете, ако имате и онакво тркалце ab wheel тоа е супер.

Има и многу други вежби, но овие се основните :)
И ти препорачувам да си ја симнеш книгата "Never Gymless" од Ross Enamait, кој е тренер на фајтери и цела книга е за калистетички тренинзи и вежби за експлозивност.
 
Mike Tyson

Never,never,NEVER GIVE UP!
Член од
20 август 2007
Мислења
2.630
Поени од реакции
156
А да отидевте во темава, поприлично е иста со оваа. Еве еден мој цитат од таа тема во периодот коа вежбав дома:

И ти препорачувам да си ја симнеш книгата "Never Gymless" од Ross Enamait, кој е тренер на фајтери и цела книга е за калистетички тренинзи и вежби за експлозивност.
Не тренинг во домашни услови,туку тренинг на отворено(без тегови и остали срања)
Значи тренинг како војнички тренинг.Значи ако некој е запознаен како тренираат војниците(специјалците,ебр) за таков тренинг зборам.

Пишете што имате па кога ке имам малце послободно време ке ставам програми за експлозивност,борење,кондиција.
 
Член од
9 јануари 2011
Мислења
418
Поени од реакции
563
Street Workout ? Нема поубо ..трчаш се осеќаш здраво убо вратило склекој разбој ко робот си ..
а овие сакат..креатин гејнер..рака пумпај и 43 ми е..а кондиционо 0 спремни или нема да вежбат 2 месеци..и бај бај на раката....Браво другар :)
 
Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.004
Поени од реакции
7.705
Атлетика, Гиманстика, Кик Бокс, Карате, Јога...идеално би било
уште да можиш како што тренираат во секакви можни услови
 
Epics™

Академски граѓанин
Член од
29 септември 2011
Мислења
1.590
Поени од реакции
3.891
Ова е shit - от, со сигурност можам да кажам дека ова е подобро и од теретана.
 
Mike Tyson

Never,never,NEVER GIVE UP!
Член од
20 август 2007
Мислења
2.630
Поени од реакции
156
^ Знаеш секој човек треба да си одлучи поради што го гради тоа атлетско тело.Значи има луѓе што го градат само за да излезат на плажа со стомачни иако да му речеш да направи 30 склека ке се усере.Има луѓе што вежбаат за да бидат силни,значи силни во смисол не да фати да крене едно рачен 30кг тег и да вежба гради туку да биде брз подвижен,разгибан а и воедно многу силен.Да има фајтерско тело.
Значи многу е битно дали го вежбаш телото за да го покажуваш на жени или го вежбаш за други причини.
 
Според мене, атлета си е атлета, нема тело за жени или за пред огледало или не знам што. Тешко тоа дека ако некој дига 80 кила на бенч, ќе се усере од 30 склека.
А тежински тренинг е основа за градење на сила, и војниците имаат и те како интензивни тежински тренинзи.

Мислам дека е глупо темава да се тера во таа насока и да се праат вакви поделби. Секој може да си вежба како што сака и во зависност од целта што сака да ја постигне, меѓутоа ниедно вежбање не треба да се потцени и да се прикаже како помалку вредно.
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247
Street Workout ? Нема поубо ..трчаш се осеќаш здраво убо вратило склекој разбој ко робот си ..
а овие сакат..креатин гејнер..рака пумпај и 43 ми е..а кондиционо 0 спремни или нема да вежбат 2 месеци..и бај бај на раката....Браво другар :)
А што ќе кажеш за тие што прават серии на вратило разбој склекови и плус одат во теретана?

Незнам кој филм си го терате дека е ваков тренинг подобар од теретана. И двата си имаат свои предности а одењето во теретана не исклучува дека не вежбаш вежби за експлозивност, флексибилност и кондиција.

Друго ако мислите дека ЕБР и специјалците се зафркаваат само со кондицинони вежби сте многу во грешка. Дури и регуларните војници имаат пристап во теретана имам другарчиња на воената академија Михајло Апостолски вежбаат и таму и ако го вклучиш мозокот кога си во теретана можеш да си склопиш тренинг за експлозивност, концидија И СИЛА што е идеална комбинација. Никој не те тера во теретана да вежбаш програма за пумпање мускули. Повели имаш тежини и справи во теретаната самиот си спреми програма за сила искомбинирај ја со кондициони вежби склекови, трчање, скокови, истренирај кик бокс или некоја боречка вештина и машина ќе си за оној кој се ограничува само на кондиционен тренинг.
 
LaChupacabraLoca

jedi master
Член од
13 октомври 2011
Мислења
3.531
Поени од реакции
5.063

Јас ги комбинирам и двата , имам 3 дена тренинг со тегови и 2 дена тренинг со телесна тежина ( склекови , вратило , згибови итн ) . Комплетно сум задоволен !
 
Mike Tyson

Never,never,NEVER GIVE UP!
Член од
20 август 2007
Мислења
2.630
Поени од реакции
156
А што ќе кажеш за тие што прават серии на вратило разбој склекови и плус одат во теретана?

Незнам кој филм си го терате дека е ваков тренинг подобар од теретана. И двата си имаат свои предности а одењето во теретана не исклучува дека не вежбаш вежби за експлозивност, флексибилност и кондиција.

Друго ако мислите дека ЕБР и специјалците се зафркаваат само со кондицинони вежби сте многу во грешка. Дури и регуларните војници имаат пристап во теретана имам другарчиња на воената академија Михајло Апостолски вежбаат и таму и ако го вклучиш мозокот кога си во теретана можеш да си склопиш тренинг за експлозивност, концидија И СИЛА што е идеална комбинација. Никој не те тера во теретана да вежбаш програма за пумпање мускули. Повели имаш тежини и справи во теретаната самиот си спреми програма за сила искомбинирај ја со кондициони вежби склекови, трчање, скокови, истренирај кик бокс или некоја боречка вештина и машина ќе си за оној кој се ограничува само на кондиционен тренинг.
Mozes ti da mi kazes zasto za priem vo policija baraat 55 skleka za 2 minuti i 60 stomacni za 2 minuti a ne baraat nekoj da ja digne barem svojata sopstvena tezina na bendz?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom