ШТРУМФНАВ ШТРУМФКА
Светот станал штрумфовско место за живеење пред точно 40 години. Далеку, многу далеку одовде, во едно мало село полно со печурки во облик на куќички си живееле штрумфовите. Тие се многу мали, имаат плава кожа и се облечени во бели панталончиња, а на главите имаат капи. Зборуваат на некој чуден јазик. Некои зборови ги заменуваат со „штрумф’’. Наместо да кажат „Јас настинав’’, велат „Јас штрумфнав’’ или наместо „Јас ке направам еден подарок’’ велат „Јас ке штрумфнам една штрумфка“
ВЕЛЕШТРУМФ
Тој е главен штрумф во селото и можете да го препознаете по белата брада и црвените панталони и капа. Има 542 години. Со својата мудрост ги советува останатите штрумфови. Тој е многу добар хемичар, па често ги спасува помладите од некои опасни ситуации.
ШТРУМФЕТА
Вистина е дека лошиот Гаргамел ја создал Штрумфета за да внесе големи немири во селото. Но благодарение на Велештрумф и неговите магии таа станала симпатична и сите во селото ја засакале.
ТЕКНУВАЛО
Тој е единствен штрумф кој се зема премногу сериозно. Сите останати штрумфови сакаат да се дружат со него, но подоцна следува истата реченица „МНОГУ Е ШТРУМФНО ДОСАДЕН’’
ШТРУМФНАВ БОМБА
Тој целото свое време го поминува измислувајки нова пакост. Постојано подготвува подароци кои пукнуваат во лице. Има бескраен избор на шеги.
МУРТЕНКО
Без разлика кој што ке каже тој е против се. Постојано мрмори, мумла, зборува нејасно и секогаш размислува негативно. И покрај се сите го сакаат а тој ги мрази сите што ги знае.
ГАРГАМЕЛ
Тој живее во стара распадната колиба на крајот на шумата. Тој е лош и страшен волшебник кој ги мрази штрумфовите и постојано ги бара и кога ќе ги најде тие му бегаат и го надмудруваат. По секое бегање Гаргамел се заколнува дека ќе им се одмазди.
АЗРИЕЛ
Тоа е глупавата и злобна мачка на Гаргамел. Го следи него насекаде и многу сака да изеде штрумф, но никогаш не успеала.