Смртоносна загатка

  • Креатор на темата Креатор на темата igor108367
  • Време на започнување Време на започнување

igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
Ок еве една интересна приказна. Ме интерсира дали мислите дека е вистинита или не. Инаку приказнава е од книгата на професорката Биљана Перчинкова и кој ја запознал женава знае дека е една од најдобрите и најклалификуваните професори во Македонија,а во својата област и во странство.
Пред да ви ја раскажам приказната сакам да ви кажам дека таа потекнува од доверлив извор - од научно популарната книга "Релативност, хаос, Гедел" на Биљана Перчинкова. Проф. д-р Биљана Перчинкова е професор на Електро-техничкиот факултет во Скопје, после декан на Југоисточниот Европски Универзитет отсек Компјутерски науки и технологии и денес е декан на МИТ.
(напомена: поголемиот дел од приказната е цитат од горенаведената книга)

Па вака:

Во 1981 год., во својата книга The Mind's I, Christopher Cherniak, (инаку професор по филозофија на Универзитетот во Maryland), го објавува својот извештај за чудната кома во која западнал истакнатиот истражувач Dizard, непосредно по успешното завршување на својот проект "Загатка". Дизард не успеал да му се израдува на својот неверојатен успех, на кој би му позавиделе и најгенијалните математичари - да направи компјутерска програма која го ДОКАЖУВА проблемот на четирите бои. (Е сега, тука би сакал да кажам дека јас не можев да пронајдам ништо за овој проблем и не сум точно запознат за што се работи).
Дизард бил експерт во областа на вештачката интелегенцја. Иако тој бил познат по својот обичај да работи деноноќно, хранејќи се само со сомнителни артикли од блискиот автомат, сепак комата во која западнал била тешко објаснива и по многу нешта необична - Дизард бил пронајден неподвижен пред својот компјутер, со поглед вперен кон екранот. На прашањата не одговарал, ниту пак на силна бука, ниту на обидите да се потресе. Сите настојувања за да се разбуди човекот пропаднале и тој набрзо починал.
По ова една негова дипломирана студентка била ангажирана да ги среди неговите заостанати хартии и програми; Иако подот од неговата канцеларија бил прекриен со книги до значителна височина, студентката изјавила дека малку нешто од тоа е од посебен интерес. Меѓутоа, една седмица подоцна, нејзините колеги ја пронашле како седи неподвижно пред компјутерот со поглед втренчен во екранот!
Набргу станало јасно дека не се работи за некоја невкусна шега, туку дека кобната кома повторно нападнала. Неврологот кој бил повикан бил немоќен и по забрзаните консултации Одделот на Дизард бил затворен, а неговите соработници ставени во карантин. Имено, се појавило сомненние дека некој редок вид вирус се вгнездил во силиконските плочки на компјутерот.
Иако биле во карантин, некои од програмерите сé уште ги примале податоците од проектот "Загатка", преку телекомуникациската мрежа. Еден од нив по некое време побарал помош од својот супервизор. Овој ги погледнал линиите прикажани на екранот, забележал дека материјалот не изгледа значаен, но одненадеж запрел на сред реченица, го вкочанил погледот и паднал како покосен.
Тогаш станало јасно дека не се работи за некој вирус, туку за можеби апстрактно парче информација, кое може да биде сместено на лента, прикажано на екран или испратено преку телефонските линии (не заборавајте, станува збор за 80-тите години).
Потоа почнале да се редат низа случаи: истакната математичарка од Париз, (експерт по топологија), подлегнала на чудната кома - иако не работи со компјутер. По неа и теориски лингвист и филозоф од Калифорнија. Дури и студентите кои слушале предавање од предметот вештачка интелигенција! Во последниот случај интересна особеност е тоа што некои од преостанатите слушатели подлегнале 3 часа подоцна, извикувајќи претходно "Аха!"
Истражувачите биле потполно немоќни, а прашањето останало:

"Во што е загатката?"
 
можно е да е направена програма која и визуелно а и звучно како и електромагнетно хипнотизира....тесла тврдел дека е можно со ЕМП бранови да контролираш човечки мозок па дури и да убиеш(побарај ја книгата теслино тајно оружје навистина е интересна):helou:
 
можно е да е направена програма која и визуелно а и звучно како и електромагнетно хипнотизира....тесла тврдел дека е можно со ЕМП бранови да контролираш човечки мозок па дури и да убиеш(побарај ја книгата теслино тајно оружје навистина е интересна):helou:

Во случајов не се работи за такво оружје туку за програма код кој може да има такво влијание на човекот. Значи прочитал нешто немало надворешно влијание зрачење или такви работи. Сега прашањето е што видел во своето истражување.
 
игор не мислев дека он правел оружје туку едноставно медицинска програма која хипнотизира-но не мора да значи дека е така...а инаку знаеш ли барем каков програм правел и дали го довршил....оти очигледно купот книги е безначаен...ПЦ-то има врска...да не имал кинески:vozbud::vozbud:

тие се токсични:wink:
 
ај лет 3 биди конструктивен ПЛС:smir:
E тоа да го видам.
игор не мислев дека он правел оружје туку едноставно медицинска програма која хипнотизира-но не мора да значи дека е така...а инаку знаеш ли барем каков програм правел и дали го довршил....оти очигледно купот книги е безначаен...ПЦ-то има врска...да не имал кинески:vozbud::vozbud:

Правел програма за решавање на проблемот со четирите бои.
Теоријата и проблемот со четирите бои
Ама ефектот се пренесувал и преку пишани записи и преку телефон и тука лежи проблемот. Некој резултат или код кој го има напишано му дава на човекот таков ефект.
Админ тргни го потписот сега горан знае како се мери воздухот ОК:smir:
Се согласувам. Не е добро да се експлатираат туѓите лапсуси. Сите ги имаме.
 
E тоа да го видам.


Правел програма за решавање на проблемот со четирите бои.
Теоријата и проблемот со четирите бои
Ама ефектот се пренесувал и преку пишани записи и преку телефон и тука лежи проблемот. Некој резултат или код кој го има напишано му дава на човекот таков ефект.

Се согласувам. Не е добро да се експлатираат туѓите лапсуси. Сите ги имаме.

секоја чест за ова болдираново:smir:

најверојатно проблемот бил што требало пропорционално да се намалува количината на бојата при означувањето или при цртањето мапа...таква е сликата на википедиа:toe:
 
Требаше да ја крстам темава компјутерски вирус кој отепуе луѓе. Вака тешко некој да ја прочита.
 
Игор, и го сменив името во нешто далеку поатрактивно од што беше, морам да признаам дека се работи за интересна тема :)
 
Имам слушнато за некои надворешни стимули кои можат да предизвикат кома главоболки итн ... американците истражуват во моментов генератор на звучни бранови кој може да те имобилизира ( ке го користеле за крауд контрол лебати ) , познати се неколку визуелни патерни кои се способни да предизвикат многу злобни ефекти ...
Така да и не ми е чудно дека можи да постои некаков надворешен стимул кој ке има ваков ефект ...
Трикот обично не е во тоа кое го гледаш(слушаш , чуствуваш ...) туку во она кое не го гледаш .
 
Можеби тоа доаѓа од гледањето во боите,бои кои ротираат а ти гледаш во нив можат да ти го завртат умот...
 
Би рекол дека би можело да се работи за одредена боја т.е спектар на светлина со фрекфенција која кога човекот ја прима се парализира, но сепак монитори во 80-тите... :S
 
Би рекол дека би можело да се работи за одредена боја т.е спектар на светлина со фрекфенција која кога човекот ја прима се парализира, но сепак монитори во 80-тите... :S
Оф:
Ех златни 32 битни монитори...
Он:
Имам чуено за ова како случај , ама имам чуено и за други случаи слични како овој. Мислам дека ова не е единствениот случај кај што после големо откритие се парализирал научникот и починал. Ќе побарам после повеќе и подетално па ќе ви ги соопштам податоците.
 
Колку има информации дека се работи за вистински случај а не комплетно измислена приказна?

Ги има некаде на нет имињата на починатите целава приказна да се провери?
 
Колку има информации дека се работи за вистински случај а не комплетно измислена приказна?

Ги има некаде на нет имињата на починатите целава приказна да се провери?

Не.
...затоа што е измислена.
 
:oftopic:
Имаше вакво нешто на филм. Само што имам заборавено, одамна беше... Професор им даваше на студентите да гледаат некоја снимка... И овие полудуваа и на крај завршуваа со самоубиство. Потоа и професорот полуде.... Ако некој се сеќава нешто за филмот, наслов или било што ...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom