Не се разбирам многу ако може да ми појасниш што се подразбира тоа софтверска подршка ?
Вака на изглед дизајн, функции изгледа супер но искрено за другите работи и не се разбирам јас многу.
Кај нас го нема овој модел па да би отишол во салон да го видам. Иначе чисто информативно само прашав гледам по Србија го форсираат доста најверојатно заради што е спакуван како српски бренд.
Српски Quart, склопен некаде во Кина со лепенка каква ќе му порачаш. Осреден квалитет со лош контраст.
Гледав Тесла модели во дуќан и на крај купив Сони. Тесла, Fuego, Quart имаат пазар во утепани земји како нашава каде за повеќето потрошувачи цената е прв и најважен критерум при купување.
Би купил Тесла за постар човек кој не прави разлика помеѓу крш или добра слика, јавна просторија (кафич итн). Во сите други случаи каде сликата е критериум би земал солиден бренд.