мене не ми е јасно зошто некој упорно инсистира да не се осудат злосторници кои на невини цивилни луѓе вршеле врежување на политички пароли или мото-а или како сакате наречете ги. Тука воопшто не е битно дали извршителите или жртвите се од мој или друг народ.
Еве на пр. да поедноставам, ако македонци го направиле тоа на македонци или на албанци или било кој, јас ќе бидам меѓу првите кои ќе бараат на моите сонародници да им се суди, за да не се сведува вината на мене како припадник на тој народ. Ќе добијат морална сатисфакција и невините жртви, и јас кој јасно се оградува од злоделата и не сакам мене, како дел од тој народ, да ми се наметнуваат.
е сега дали извршителот на злоделото е мој поблизок или подалечен роднина, воопшто е би влијаело на моето барање за нивно судење, и пак со цел да ја тргнам флеката од моето семејство.
и немојте многу со барање дупки во законот, надлежен суд, ненадлежен, се работи за чисто хумана димензија на работата.
па дури и да бараме дупки во законот, јасно е дека, хаг не ги затвори случаите, туку реши да не ги процесира од сосема други причини (а има право на тоа, можам да ви наведам неколку причини на кои може хаг да се повика).
единствено што можам да заклучам е дека на некои наши сожители им недостига потребната доза на самокритичност.