SuicideMessiah
Советник
- Член од
- 7 јули 2008
- Мислења
- 5.575
- Поени од реакции
- 295
Што? Мојот сопруг бил обвинет за „Мавровски работници“? А опасно ли е тоа?
Обвинетите за случајот „Малтретирани мавровски работници“ редовно одат на работа, преостанатиот дел од денот го поминуваат дома со своето семејство, а дел од нив одат на службен пат надвор од државава. „Нова Македонија“ вчера телефонски разговараше со некои од семејствата на дваесеттемина обвинети. Тие тврдат дека полицијата никогаш не ги побарала, и покрај тоа што судот им одреди мерка притвор и побара од полицијата да распише потерница.
Главниот претрес за случајот беше закажан за утре, но поради државниот празник Денот на дрвото, тој ќе биде одложен. И покрај ова, полицијата не успеа да лоцира ниту еден од обвинетите, речиси два месеца по судската наредба.
Единственото што надлежните го направија во врска со предметот што Хаг ни го врати во Македонија беше кратењето од платата на обвинетиот пратеник на ДУИ Хисен Џемаили.
Вчера стапивме во контакт со мајката на Алинаџи Идризи од Тетово, еден од обвинетите, кој не се појави на првите две рочишта за случајот и на кого му е одредена мерка притвор.
- Алинаџи е на работа. Досега никој не дошол да го побара и покрај тоа што полицијата добро знае каде работи тој. Секој ден син ми е дома, а јас не сакам да се мешам во таа работа за судењето - ни рече таа.
Разговаравме и со сопругата на Кадри Сулејмани од селото Камењане. Според она што ни го кажа, таа воопшто не била запознаена дека нејзиниот сопруг е обвинет за некој случај, ниту пак полицијата дошла да го побара. Еве како се одвиваше разговорот:
Извинете, дали може да разговараме со Кадри Сулејмани?
- Тој е на пат во Босна. Може ли некако да ви помогнам?
Тој е еден од обвинетите за случајот „Малтретирани мавровски работници“. Дали некогаш полицијата дошла да го побара?
- Не знам за каков случај ми зборувате. Сериозно ли е нешто? Да го барам да се врати?
Тој треба да се појави пред суд за еден случај, па сакавме да знаеме дали има намера да даде исказ и дали полицијата дошла кај вас.
- Полиција не дошла тука. Ако е нешто опасно веднаш ќе му се јавам за да дојде. Тој замина за Босна пред месец и половина, а треба да се врати идниот месец.
Во ред, ви благодариме.
- Не, не, фала ви вам, оти првпат слушам за ова. Фала што ми се јавивте, баш ќе го прашам што е работата.
Доколку ова што ни го изјави сопругата на Кадри Сулејмани е точно, останува нејасно како тој успеал да ја помине границата и да замине во Босна, кога за него е распишана потерница и одредена му е мерка притвор, точно кога тој отпатувал за Босна - пред месец и половина. Од судот се децидни дека мерката притвор им е одредена на 90 отсто од обвинетите за случајот „Мавровски работници“. Од друга страна, пак, од полицијата редовно излегуваат со неконкретни информации - дали за обвинетите е распишана потерница, колкумина од нив треба да бидат спроведени во притвор и зошто МВР не испраќа објаснување до судот за достапноста на обвинетите.
- МВР постапува по судската наредба. Во оној момент кога ќе ги најдеме обвинетите ќе ги спроведеме до судот - вели Иво Котевски, помошник-министер за односи со јавност во МВР.
Вчера за разговор не беа расположени семејствата на сите обвинети. Братот на обвинетиот Арбен Јакупи од селото Непроштено не сакаше да разговара со нас, затоа што сме биле македонски новинари.
- Ако сакам да пријавам нешто во врска со брат ми, тоа ќе го пријавам кај албанските медиуми а не кај македонските. Затоа пријатно и ќе ве молам да го заборавите овој број - ни рече тој во телефонскиот разговор.
Според информациите на скопскиот кривичен суд, потерници не се распишани единствено за Шкодран Идризи и за Кренар Османи, кои одамна не се во државава, за Фадиљ Ферати и за двајцата обвинети што издржуваат затворски казни во „Идризово“. Другите 17 обвинети одамна требаше да бидат во истражниот затвор во Шуто Оризари.
Слична е ситуацијата и со другите хашки случаи што беа вратени во Македонија. Вчера пред скопскиот кривичен суд требаше да се појават четворицата сведоци за случајот „Непроштено“, но тие, како и претходниот пат, не се појавија. Судот се обратил до МВР за да се распише наредба за нивно спроведување, по која полицијата сè уште не постапила.
Топузовска: Со намалувањето на платата на Џемаили ја криеме неспособноста на МВР
Повеќе од 500 евра ќе му се скратат од платата на обвинетиот пратеник од ДУИ Хисен Џемаили затоа што престана да се појавува во Собранието откако судот му одреди мерка притвор за случајот „Малтретирани мавровски работници“. Во крајно напната атмосфера вчера се одвиваше дискусијата на собраниската комисија за избори и именувања, а пратениците од опозицијата пред гласањето решија да ја напуштат седницата. И покрај ова, комисијата изгласа дека на Џемаили треба да му се намали платата за 60 отсто. Против оваа одлука гласаше само Рафиз Алити од ДУИ.
Пратеникот од СДСМ Горан Минчев побара претседателот на комисијата Илија Димовски да даде пауза на која телефонски ќе разговара со Џемаили.
- Не само телефонски туку треба да го викнеме Џемаили и на кафе за поубаво да ни објасни зошто не доаѓа на работа - рече Минчев.
И Роза Топузовска Каревска од ЛДП реагираше дека со намалувањето на платата пратениците всушност треба да ја покријат неспособноста на МВР.
- Ние сме заложници на неспособноста на МВР. Ова е замајување на јавноста, демек колку сме ние ревносни, па еве ќе му скратиме од платата - рече таа.
Сопартиецот на Џемаили, Рафиз Алити, вели дека токму пратениците се причината поради која тој не доаѓа на работа.
- Причината сме ние, затоа што во неговиот случај направивме повреда на Законот за амнестија - рече Алити.