SKYE & ROSS - MORCHEEBA во МКЦ - 25.11.2016

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.341
Поени од реакции
7.453

Најновиот проект на членовите на светски славниот бенд Morcheeba, пејачката Skye Edwards и гитаристот и половина од продуцентското дуо на групата Ross Godfrey го потврдија своето гостување во Скопје во рамки на 18-тото издание на ТАКСИРАТ фестивал. Тие заедно со останатите концертни членови на Morcheeba, басистот Steve Gordon, клавијатуристот Richard Milner и тапанарот Jaega Mckenna-Gordon ќе настапат во Младински Културен Центар, на 25 ноември. Skye и Ross овој нов проект го најавија годинава, започнувајќи ја и големaта светска турнеја „Skye and Ross from Morcheeba“ во чии рамки Скопје и Таксират имаат чест да бидат домаќини на овие извонредни музички уметници. Сет листата на нивниот концерт во Скопје ќе ги опфати сите големи хитови и најважни моменти од кариерата на Morcheeba која трае речиси две децении, но публиката воедно ќе има прилика да ужива и во песните од новиот албум.

„Тоа е она што го добивате кога Skye и јас правиме музика, но не го следиме буквално она што Morcheeba го работеше. Токму поради тоа ни се чинеше логично на сето ова да му дадеме и нов идентитет“, - вели Ross. Нивното најново издание се движи во свој посебен правец додека во исто време се враќа на корените и звукот кој Morcheeba ги направи светски познат бенд во ’90-тите години. И самиот проект произлегува од одлуката на овие музичари во 2014 година, да направат албум кој би бил поблизок до звукот на нивните настапи во живо, отколку до исполираните студиски снимки. Во тој момент, Paul Godfrey, братот на Ross и ко-продуцент на Morcheeba, веќе целосно беше фокусиран на продуцентската работа, откажувајќи се од концертните настапи. Но, SKYE | ROSS не го сигнифицира крајот на Morcheeba, туку повеќе прочистување на звукот, можност за двајцата музичари кои го претставуваа јавното лице на бендот да ја експлоатираат својата музичка поврзаност која се разви помеѓу нив надвор од студиото и токму на сцена, за време на настапите во живо ширум светот. „Нашите музички тенденции се навистина на исто рамниште“, заклучува Ross, „и кога еднаш ја имате таа синхронизација, тогаш сѐ останато си го наоѓа своето место.“

Новото име не значи дека тие се одрекуваат од старите песни бидејќи најголемите хитови на Morcheeba и понатаму се стожерот на нивните сетлисти. А тие почнуваат со „Trigger Hippy“, завршуваат со „Rome Wasn’t Bulit In A Day“, а помеѓу нив „The Sea“, „Blindfold“, „World Looking In“, „Otherwise“, „Blood Like Lemonade“ и многу други.

Инаку, Morcheeba е основана кон средината на ’90-тите години во време на големиот пробив на трип хоп музиката на светската сцена. Поради извонредната комбинација на различни музички влијанија, а особено благодарение на посебниот глас на пејачката Skye Edwards, Morcheeba ја стекна наклоноста на публиката уште со првиот албум „Who Can You Trust“. Популарноста на светската сцена пристигна со објавувањето на вториот албум, легендарниот „Big Calm“, кој оствари платинеста продажба ширум светот и од кои произлегоа дел од најголемите хитови на деведесеттите години како „Blindfold“ и „The Sea“.

Концертот на Morcheeba во Скопје ќе биде со строго ограничен капацитет, односно само 800 билети кои ќе бидат пуштени во продажба од среда (21 септември). Цените на билетите и продажните места ќе бидат наскоро објавени.

Извор: Password Production
FB event
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.341
Поени од реакции
7.453
Утре (среда, 21 септември), точно на пладне почнува продажбата на билетите за концертот на славното дуо Skye & Ross – MORCHEEBA во Скопје! Билетите ќе чинат 1.000 денари и ќе бидат достапни само во ограничен број (800 билети), а ќе се продаваат преку продажната мрежа на МКтикетс. Овој концерт кој ќе се одржи на 25 ноември во Младински Културен Центар во Скопје, уште со првото најавување предизвика голем интерес кај македонските фанови на светски популарниот бенд, па сите оние кои сакаат да бидат дел од оваа вечер на ТАКСИРАТ 18 ги советуваме да бидат брзи при купувањето на билетите.

ПРОДАЖНИ МЕСТА:
• Во Скопје: Југотон, Tobacco 2, Tobacco Југодрво, MPM Tobacco (плоштад), Гоги Драчево, Универзална Сала, Нептун Стадион, Нептун City Mall, Нептун Аеродром;
• Во Охрид: New Tobacco;
• Во салоните на Нептун низ Македонија: Струмица, Кавадарци, Гевгелија, Велес, Куманово, Гостивар, Струга, Охрид, Кочани и Штип;
• ОНЛАЈН НА WWW.MKTICKETS.MK .

Станува збор за најновиот проект на членовите на светски славниот бенд Morcheeba, пејачката Skye Edwards и гитаристот и половина од продуцентското дуо на групата Ross Godfrey. Тие заедно со останатите концертни членови на Morcheeba, басистот Steve Gordon, клавијатуристот Richard Milner и тапанарот Jaega Mckenna-Gordon ќе настапат во Скопје во рамки на големата светска турнеја „Skye and Ross from Morcheeba“. Нивниот концерт во МКЦ ќе ги опфати сите големи хитови и најважни моменти од речиси 20-годишната кариера на Morcheeba, а кои се стожер на нивната сетлиста, но публиката воедно ќе има прилика да ужива и во песните од новиот албум, објавен на почетокот на септември.

Извор: Password Production
 

Kajgana Shop

На врв Bottom