Skopje Urban Tales

  • Креатор на темата Креатор на темата Sagan
  • Време на започнување Време на започнување
S

Sagan

Гостин
Тема 1. Метро или Трамвај?

Скопје има преоптоварен сообраќај во одредени делови на градот. Тоа е можеби единствената причина што понекогаш овој град, во кој живеам сега, ми станува неподнослив од време на време.

Градските ’’татковци’’ веќе долго време не обрнуваат внимание на квалитетот на градскиот сообраќај. Црвените автобуси се уште си ја вршат истата работа како и пред земјотресот. Се е исто. Само бројот на население се зголемува и оди кон милион. Од ден во ден.

Сте се запрашале ли некогаш, како би изгледало Скопје без големите, бучни автобуси кои вршат јавен превоз на патници?

И ете, пред некое време, им светна на оние од Советот, дека во европа нема да стигнеме со автобусите. Оти се стари и дотрајани. Оти зима во нив е смрзнувачки, а лете е проклето жешко!

И во нивен стил, излегоа со предлог решенија. Јас би рекол, предлог решение, бидејќи едното од нив не беше решение, туку добар виц.

Градоначалникот не прашува: Скопјани, што сакате, метро или трамвај?
 
’’Црквата’’ спроти МАНУ!

Сте поминале сигурно крај новата црква чиј ктитор е градоначалникот на Скопје.

Сте ја загледале убаво како изгледа од надвор?

Јас секој пат кога минувам таму, се прашувам: Абе ова џамија е или црква? Е мајката! Одам откај МАНУ, ми личи на некоја масонска зграда. Еден кружен прозорец високо, под кровот кај влезот, два тријаголника околу него.

Од кога почнаа и по православните цркви да ставаат прозори во вид на тријаголник?

За да биде целосна сликата, вртам и од кај МНТ. Па тоа не е истиот објект!!! Од овде зградата личи на џамија. Кај е минарето?-си се прашувам.

Ме интересира само кој бил архитектот кој ја дизајнирал ’’црквата’’? Ај да ми даде само една сличност на неговиот објект со било која друга црква во Македонија.

А црквата требаше да биде гордост за Скопјани! Оти ја носи името на Богородица, заштитничката на Скопје.

А јас, зошто се чуствувам така неугодно кога минувам покрај овој објект?
 
Да се даде, или не. Прашањето е сега.

Секојдневен ден во Скопје. Го минувам Камениот Мост, гордоста на Скопје. Извинете, мислев-срамот.

Едно малецко детенце, кој знае дали има три-четири годинки, седнато на картон од кутија, со свиткани ножиња, ги пружа малите рачиња кон мене.

Претходно и оној малиот песнопоец од пред ГТЦ го направи истото. И продолжи силно да удира по тарабуката и да си пее некоја, своја песна. А само со која тага во гласот.

Во Старата чаршија, седната на ладните камени плочки, една мајка со своето детенце, можеби помало и од шест месеци, бара милостина за да го нахрани своето малечко, а и себеси.

Си го поставувам прашањето: Како да им се помогне на овие луѓе, кои ги има секаде низ Скопје, и тоа од ден во ден, се повеќе и повеќе!

Дали тие 30 денари кои ги дадов, допринесуваат некој да се чувствува подобро? Што се 30 денари, разделени на тројца?

Дали и ние самите не допринесуваме за ваквата состојба во градот? Каде се надлежните институции кои треба да превземаат активности за згрижување на овие бездомни лица? Кои се нивните ингеренции?

А градот би можел да биде многу поубав, кога наместо лица кои питачат, по улиците и плоштадот би гледале продавачи на балони, сладоледи, лижавчиња...

Денот така ми е сневеселен. Се чувствувам толку бескорисен...
 
Најпрвин, пофалба за темата, Хајландер.
Еве и нешто од мене.
Претходната и идна Влада, во наследство на идните поколенија им остави само две убави работи, како што се сеќавам. Едната е Свети Климентовата црква во Охрид. Другата е- Крстот на Водно.
Е сега, уште на почетокот, овој објект беше подлежен на бројни критики, пред се, негативни.
-Што треба да значи ова, Скопје го претвораме во г*об?
-Не, не, преку глава ни е од градење фабрики и спортски сали, па малку и цркви и крстови да изградиме...
... иронични? беа Скопјани.
Се огласи и Исламската верска заедница во Македонија: Крстот ги вознемирува Скопјани со исламска конфесија... дрн дрн...
Е сеа, тоа дека ни за Ајфеловата кула не се троши толку електрична енергија, тоа е факт, но дека Крстот е веќе симбол на Скопје, и тоа факт!
Крстот инаку, за мене е знак на нов живот, на надеж, љубов... и не ми е јасно зошто многумина го поистоветуваат со смртта?
Второ, па ајде ве молам, челници од ИВЗ!!! Ве вознемирувал Крстот!?!? А мене што ме вознемируваат повиците од минарињата кога ги повикуваат верниците за молитва? И тоа пет пати на ден!!! Тоа не е вознемирување?
Па и уште преку звучки од 200 децибели!!! Тоа не е вознемирување?
Него, ај... Како и да е, се гордеам со Милениумскиот Крст над Водно. Тој го продолжува христијанскиот збор и традиција во Македонија. Фали само уште асфалтот од Израел кој ни ги ветија до врвот, неколкуте ресторанчиња, и се би било совршено...
 
Aham..ubava temicka..nema sto!!! Vaka da si go dadam mislenjeto..Skopje ti e grad koj svojata infrastruktura ja gradi na nula. Patem Skopje e grad koj bil zaostavuvan od bivsite komunisticki vlasti pod rakovodstvo na drug Tito i tako dajle..ne stavam vina na nikogo ali se znae koi gradovi togas se gledaa i bea preferitni. Vo Skopje ne se mislelo sto kade ke nikne..samo niknuvalo i niknuval..zemjotresot isto taka unisti golem del od ubavata skopska gradba..ali kako i da e se ostana neuredno i neorganizirano. Samo da znaete kolku mislat i kolku mislele lugjeto koga pocnuvale da pravat nekoj grad...vo italijava ne smees edno zidce da izgradis pred da prasas vo opstina..za dve ne stanuva ni zbor a za kat...puffff...na son!!! Sakam da kazam..nase skopje ne e pocnato od koren..nego od pola..edni go ostavile...drugi go prevzemale...edni se brinele..treti ova ona...nati go dajmi go. Naravno..jas sekogas ke uzivam vo negovata ubavina jer e moj roden grad i zasekogas ke ostane prv grad za mene!!!
 
Превозот во градските автобуси на ЈСП од пред некој ден чини 35 денари. Стартната цена на такси превозот во градов е 50 денари. Можна ли е толкава разлика:pos:? Мислат ли воопшто одговорните структури на тоа? Воопшто не ми е проблем да дадам 15 денари повеќе ако се восам на пример од Карпош 2 до Центар и тоа да го сторам на многу поудобен начин користејки такси одколку да платам билет во автобус на ЈСП за 35 денари! И не само мене туку и на многу други. А замислете, колку ќе не чини ако сме тројца?-Уште поевтино одколку со приватен градски автобус каде е цената на билетот(кој никогаш не го добиваме) 25 денари!
Поскапување од 5 денари можеби и не е процентуално многу, но 5 денари 2 пати на ден, 22 или 26 работни дена во месецот тоа се 220 до 260 денари месечно. Таман кило сирење!
Оди па живеј во Скопје да те видам!
BTW, во Куманово се возиш од „Соколана” до автобуска станица со такси за 30 денари, а и во Велес ќе платиш исто за истата услуга и исто долга релација!
 
The Real Highlander напиша:
Сте поминале сигурно крај новата црква чиј ктитор е градоначалникот на Скопје.

Сте ја загледале убаво како изгледа од надвор?

Јас секој пат кога минувам таму, се прашувам: Абе ова џамија е или црква? Е мајката! Одам откај МАНУ, ми личи на некоја масонска зграда. Еден кружен прозорец високо, под кровот кај влезот, два тријаголника околу него.

Од кога почнаа и по православните цркви да ставаат прозори во вид на тријаголник?

За да биде целосна сликата, вртам и од кај МНТ. Па тоа не е истиот објект!!! Од овде зградата личи на џамија. Кај е минарето?-си се прашувам.

Ме интересира само кој бил архитектот кој ја дизајнирал ’’црквата’’? Ај да ми даде само една сличност на неговиот објект со било која друга црква во Македонија.

А црквата требаше да биде гордост за Скопјани! Оти ја носи името на Богородица, заштитничката на Скопје.

А јас, зошто се чуствувам така неугодно кога минувам покрај овој објект?

О Господе Боже... :zid:

Другар, каква џамија, каква масонска зграда, какво минаре!? :icon_eek: Црквата Св. Богородица која се гради спроти МАНУ е всушност повторна изградба на стариот капитален храм изграден во XVIII или XIX век кој го носел истото име, се наоѓал на истата локација и изгледал потполно идентично како што ќе изгледа и новоизградената црква, а изгорел ми се чини во 1943. година.

Инаку, според историчарите и етнолозите бугарската фашистичка војска исценирала палење на црквата Св. Богородица во текот на втората светска војна со цел од храмот да биде изнесено се што е вредно, особено иконостасот за кој се вели дека бил повеличенствен дури и од оној во манастирот Св. Јован Бигорски.

Тоа е приказната накратко, па затоа друг пат малку повеќе истражувај и распрашувај се пред да напишеш вакво нешто.
 
{7CC33BA5-B0B5-46C0-BA1E-B78A33A47293}_foto-2.jpg
 
Ме нервира што секогаш градските и општински власти започнуваат големи реконструкции на комуналните мрежи на почетокот од летото и ги тегнат до средината на есента. Баш такво нешто сега се лучува во Бутел, раскопани улици, кружење и обиколување по тсни улички, заглавување...катастрофа невидена. Фала богу што за 2-3 дена се селам од Радишани во Карпош па ќе живеам малку помормално, ако на Андреј не му текне да чепка по комуналните мрежи:)

-И на што личи Градскиот парк? Работно време на градски парк? Не сум баш сигурен дека постои такво нешто на некое друго место во светот. Најпосле, не дај боже да немаш ауто или стан во кој можеш да си отидеш со женската и да се „плеснете” зашто паркот затвара уште додека не е ни стемнето како што треба :(
 
Mandrak напиша:
И на што личи Градскиот парк? Работно време на градски парк? Не сум баш сигурен дека постои такво нешто на некое друго место во светот. Најпосле, не дај боже да немаш ауто или стан во кој можеш да си отидеш со женската и да се „плеснете” зашто паркот затвара уште додека не е ни стемнето како што треба :(
Зар у парк бе друже?!? Па таму има убедливо највеќе пазачи.......убедливо води и покрај Водно и Палас!
Ја донекаде ја поддржувам одлуката за работно време на паркот пошто ради такво хулиганско однесување на посетителите и расфрлано ѓубре и ред други работи ми се одмили и прошетка низ парк и све!

Мене ужасно ми смета тоа Ништото што се гради веќе 5 години пред ЕСМ..у сред центар не ми штима такво нешто воопшто....дупките по улиците си се стандардна работа...веќе ги навикнав сите низ цел град....сеа возам невероватно добар слалом....не за џабе ОБСЕ и другиве странчуги си донесоа џипови....тешка смеа ме фаќа и кога ќе видам што го кочи одвреме-навреме сообраќајот на рекорд....впрегнат коњ....на сите дивоградби и цела поебана инфраструктура конечно дојде време и да го молиме Господ да ни дае уште еден земјотрес...
 
Паркот како место за телесни љубовни активности само фигуративно го спомнав. Инаку пазачи колку што знам и на Водно има.
Ништото пред ЕСМ и мене ме нервира, дупките и раскпаните улици на нерв ми удираат, и незнам стварно што треба да се деси градскиот совет и градоначалникот, како и општините еднаш за секогаш да сфатат дека Скопје и неговите општини треба да бидат место по мерка на граѓаните, оние што ги избрале и што им ја дале довербата. Мислам дека основен проблем кај градските и општинските власти е тоа што не постои емотивна поврзаност помеѓу нив и Скоје, недоволно го чувствуваат како свое место за живеење.
-Врие од дивоградби, врие од сообраќаен хаос и несредени улици кои не се димензионирани да примат толкав број возила во шпицовите. Криминалот на улиците е посебна приказна...на секој семафор има десетици диви продавачи на нешто, перачи на прозори кои се посебно досадни и нападни, сето тоа пред очите на полицајците кои си седат во возилото паркирано под сенка и посматраат, а јас како граѓанин-обичен смртник вријам и се нервирам, најпосле зошто и плаќам даноци на државава? За некој џандар кој дошол од којзнае каде во Скопје да работи да се гои лежејки во ладовина на мој и ваш грб додека мене ми се загрозени правата да поминам мирно и безбедно на раскрсница? Или истиот да дреме во кафетерија пред затворање под изговор дека влегол да го опомене газдата дека е истечено работното време испивајки си го гратисот, додека надвор пред истата кафетерија беснее тепачка на малолетници кои се напиле алкохол во истата кафетерија?
 
Тоа кога ќе го сфатат и Македонија ќе иде нанапред,не само Скопје да разубави!
 
Уште еден момент од Скопското секојдневие.
Денес по којзнае кој пат отидов да купам зеленчук од супермаркетот или некоја од пиљарниците. Глупост невидена! Во супермаркетите постојат оделенија со свеж зеленчук, пиљарниците исто така го имаат, а на 10 метри пред нив, на улица, на примитивни тезги, речиси на земја, диви продавачи на зеленчук, направиле речиси цел еден пазар на диво! Ужасно грда слика, ужасно нехигиенски, ужасно нелогично и крајно некоректно кон супремаркетите и пиљарниците.
 
Во геј бар, или не?

Во Скопје има еден, како што знам, инаку повеќето геј журки на кои сум бил, се во приватни објекти. Како прво, немам намера да се делам од останатите, така да сметам дека геј баровите ми се одвишни. Како второ, неколку мои другари неколку пати јадеа ќотек кога излегуваа од Дупката. Едноставно, некои скинхедси немаат друга работа...:pishtoldz

Таква ти е ситуацијата кај нас. Моментално.
 
Јавна порака до скопските родители!

Поодамничка ќе беше кога на А1 на ЧУМУ тема беше хомосексуалноста. После интервјуто снимено со првиот Македонец кој имаше муда да искочи пред камера и да каже дека е геј, се јави еден ,,загрижен‘‘ родител, кој го обвини водителот дека, замислете ,,ја форсирал хомосекуалноста и ако во иднина имало повеќе хомосексуалци тој (водителот) ќе бил виновен??? зошто тој рекол дека тоа е добро‘‘!!!

Сакам да им речам на загрижените ни родители, не само од Скопје, туку низ цела Македонија, да не ни се тревожат многу, оти хомосексуалци секогаш имало и ќе има. Во минатот се криеле зад некакви безволни бракови и сл. глупости, ама во современиево немаат намера да прават такви сценарија и да снимаат филмови од тој тип. Они си имаат живот и сакаат да си го живеат. Тоа што велат дека од ден на ден се повеќе се зголемувал бројот на хомосексуалци, тоа не е вистина. Се зголемува бројот само на оние кои се спремни и кои се изјаснуваат како такви.

Затоа, мајки и татковци Скопјани, продолжете си вие со животот и оставете си ги децата да си живеат. Ако навистина си ги сакате децата, ќе се радувате на нивната среќа...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom