Марли
Tci
- Член од
- 30 јануари 2008
- Мислења
- 14.357
- Поени од реакции
- 24.599
Во новата сезона ексклузивно на програмата на Алфа ТВ ќе имате можност да ги следите директните преноси од натпреварите на од фудбалското првенство на Шпанија, најатрактивниот национален шампионат во Европа.
Алфа ТВ го откупи правата за емитување на директните преноси во следниве три сезони. Секој викенд на програмата ќе можете да следите по четири натпревари, а во петок пред секое коло ќе можете да ја проследите најавата за натпреварите кои ќе се одиграат во текот на викендот, а во понеделник комплетен преглед на сите мечеви.
Претстојната сезона се очекува да биде една од најтрактивните и највозбудливите во историјата на шпанскиот шампионат.
Најголемите и најскапите светски фудбалски ѕвезди ќе настапуваат во Примера, Кристијано Роналдо, Кака, Меси, Давид Виља во трка за шампионскиот трофеј.
Засилениот Реал Мадрид во обид да го симне од тронот големиот ривал Барселона, најнеизвесната битка за титулата во Шпанија, од август ексклузивно на програмата на Алфа ТВ.
Извор - http://www.alfatv.com.mk
Само незнам што ќе пренесува А1 сега. Мене ова ми се свиѓа посебно делот кој вели 5 натпревари по викенд

