Sherlock

Член од
25 септември 2011
Мислења
6.439
Поени од реакции
18.278
Дајте некое инфо кога ќе има 3 сезона, имам од втората сезона уште една епизода:sneaky: се навлеков на серијава многу.
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
885
И сега пак 1 година ќе се чека за новата сезона?
Како што слушнав 2013та ќе чекаме. Ако доживееме 2013 мислам :icon_lol:
Мене ми се допаѓа, не ми е меѓу најомилените, ама ете 8че послабо.
Има моменти на too much ама па ептен ми се допаѓа филмскиот пар Шерлок и Џон. Фини преказни, некогаш премногу филувани, некои тамански. Последната епизода од втората сезона ми е фејворит.
Јас не знам како остана жив Шерлок кога пред Џон се фрли.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.792
Поени од реакции
4.661
Гледав и ми се допадна. Многу. Добар избор за Шерлок и за д-р Вотсон. Успешна адаптација на лик и сторија од 19 век во 21-от, што не е мала работа.
Но, мислам дека крајот на Моријарти можеше да биде подобро осмислен и целата приказна околу него и Холмс можеше да биде повеќе разработена, во повеќе епизоди. Веројатно ќе биде интересно и понатаму, но без водечкиот негативец и антипод на Шерлок се губи епската димензија во серијата, ама од друга страна и со неа не може да се тупи до бескрај.
Лошо е што ќе се чека долго за нови епизоди.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.732
Денес ја изгледав и последнава епизода. Макар што ова што го гледам не ни можам да го сврстам како епизода, ова е речиси класичен филм. Апсолутно сум воодушевена од тоа како е се изведено и баш ми е криво што има само толку малку епизоди. Бенедикт Кумербат ( презимево мислам:icon_lol:) е генијален, море прекрасен:love:

Туку кој сака да му кажам како го изведе падот, имам многу добра теорија:sneaky:
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.439
Поени од реакции
18.278
Мислам дека со помош на Моли и куклата Шерлок нешто изведе.
 
Член од
30 мај 2009
Мислења
9.630
Поени од реакции
22.561
Вотсон доктор е, не верувам така лесно со кукла да го прелажат. Ама шок во моментот, се бива. :D
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.439
Поени од реакции
18.278
Вотсон доктор е, не верувам така лесно со кукла да го прелажат. Ама шок во моментот, се бива. :D
Ако е док. колку пати го излажа Шерлок :D Нестрплив сум ептен кој ќе ги чека, убаво ми рекоа гледај си ги полека.
 
Член од
30 мај 2009
Мислења
9.630
Поени од реакции
22.561
Ќе објаснат во третата сезона, а дотогаш ќе си свиркаме.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.732
Do tell. :D

Замешана е Моlly, ама како го изведоа тоа благе везе немам.
Има еден битен момент во целата работа која не знам колку ја забележавте. Шерлок му вика на Вотсон гледај горе, гледај во мене и таман пред да скокне Вотсон го соборува велосипедист. Мислам дека во тој момент со Моли го исценираа падот, фрлија кукла или некое друго мртво тело.
 
Член од
30 мај 2009
Мислења
9.630
Поени од реакции
22.561
Па и баш овај падна на глава, за да не можи убаво во моментот Вотсон да го распознае, башка шок. Држи вода.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.732
Блиц информација на која се сетив, малку оф топик можеби. Мартин Фриман ака Вотсон е главна ѕвезда во Хобитот на Питер Џексон. Всушност заедно со Бенедикт се страшно талентирани и познати актери во Британија, но изгледа сега им дојдоа 5 те минути за светска слава.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.732
:DСтварно има многу специфичен лик, не знам дали знаеш во театар го глуми Франкенштајн. Добивал критики за неговиов лик дека е ваков, онаков, мене искрено ми е прекрасен човекот. ( мислам види ми аватар :icon_lol:)
 
Член од
30 мај 2009
Мислења
9.630
Поени од реакции
22.561
Не сум знаел за театарот. Ама смешно ми падна поради фризурата и бојата. Не го личи онака плав. :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom