Normal People
Ја гледав уште на почетокот на месецов, но не напишав нешто посебно за серијата. Мене ми се допадна, многу. Впрочем, единствена замерка ми беше тоа што напишав погоре, за обидот да се „исправат некои „историски неправди“ со сексуалноста“. Инаку, се ми беше погодено до таа мера што буквално ја одложував секоја епизода за да трае подолго, да не заврши брзо. Британците речиси секогаш имаат многу повеќе реалистичност и нормалност во сериите од Американците. Така и тука, се беше како навистина да се случува пред мои очи, не се осеќав како да гледам нечија глума, туку како да гледам нечии животи.
Она што погоре го спомна
@ob1 со метафорите и симболите - и мене ми остави особено впечаток. Во првата епизода Мариен беше таа која беше црната овца, отфрлена од стадото, за подоцна, некаде трета-четврта епизода, да се сврти тркалото и во една слична таква ситуација да се најде Конел, да го почувствува чувството на неприпаѓање во групата. Одлично беше претставено тоа, навистина убав детаљ во сценариото, убаво раскажување.
Во поглед на приказната, јас не можам да го обвинам ни едниот ни другиот за тоа што се разделуваа. Едноставно, така налагаа околностите, и за поголемиот дел од нивните разидувања виновна беше нивната младост и неискуство. Не знаеја што да направат во таква ситуација, што беше уште еден плус кон реалистичноста во раскажувањето, зашто грешките во љубовта се сосем нормални.
Ми се допадна и крајот! Многу! Се поинаку од тоа:
„Ќе одам!“
„А јас ќе останам. И ќе бидеме добро.“
ќе беше нереално, чудно, премногу Холивудски. Крајот како да сака да ни каже дека длабоко во нив, дури и никогаш повторно да не се заедно, и тоа што го доживеаја, беше доволно, дека нивните срца засекогаш ќе останат споени, па од таму тоа „ќе бидеме добро“. И дека по се што поминаа заедно, животот само ги направи посилни личности.
Прекрасна, прекрасна серија! Морам да го најдам и романот и да го прочитам.
9/10