Series Club 2022 (ФЕВРУАРИ 2022: SCENES FROM A MARRIAGE (1974) / SVT)

Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.706
Поени од реакции
33.341
Првото изненадување во 2022 е за сите оние кои се повеќе по сериите отколку по филмовите! За оние кои не знаат, во делот за филм во подфорумов, имаме еден малечок Филмски клуб, нешто слично како клубовите на читатели, само за филмови, каде секоја втора недела некој предложува филм кој сите го гледаме и го коментираме. Бидејќи забележувам дека има многу членови тука кои не доаѓаат таму, одлучив да пробаме да направиме и еден клуб за серии. Е сега ќе речете: како ќе изгледаме цела серија за 2 недели! Затоа ќе ги модифицираме малку правилата, и ќе видите дека и не е така тешко. Правилата се следни:

1. Функционира исто како Film Club - сите гледаме една иста серија и jа коментираме тука.

2. За да не биде дека треба да дремеме пред телeвизор со денови, дозволени се само кратки серии, за бинџање: miniseries, limited series или сезона од anthology series. Максимум до 10 епизоди! (во последно време, последните неколку години ваквите серии ги има во изобилство, па така на доделувањата на ЕМИ наградите дури ги одвоија во посебна категорија од ТВ филмовите со кои порано беа заедно)

3. Секој кој сака може да стане член на клубот! Потребно е само да имате волја, и да одвоите по неколку часа време секој месец за да изгледате една серија предложена од некој од членовите на Series Club

4. Да, исто како и во читачките клубови и Film Club-от, и тука самите членови на Series Club ќе ги предложуваат сериите. Секој кој сака да биде следниот чијa серија ќе ја гледаат сите, може да се пријави за тоа или во темава, или нека ми пише приватна порака. Листата на пријавени членови ќе биде update-увана тука, во воведното мислење. Со вашето пријавување за членство во клубот не треба и да предложувате серија, тоа ќе го направите кога ќе бидете повикани. ;)

5. Предложената серија МОРА да може да се најде за download преку некој од тракер сајтовите во минимум 720p. резолуција (HD). Секако, по договор, некои исклучоци може би биле дозволени (пример, ако станува збор за македонска серија, и сл). Доколку ја има поставено серијата и на некој од стриминг сервисите како Netflix, HBO GO и сл, е уште поголема предност.

6. Имајте разбирање за предлозите, почитувајте го мислењето на другиот. Да не се расправаме со муабети од типот - леле колку глупава серија, јас не ја гледам!

7. Доколку некој веќе ја има гледано предложената серија, препораката е да ја репризира додека ја гледаме сите, но дозволено е и коментирање за истата доколку добро ја памтите и немате потреба од реприза.

8. Темава ќе биде spoiler free, што значи не ја отварајте пред да ја гледате серијата! ;)

9. Нормално, правилата на форумов важат и во темава, затоа be careful!

10. Секоја нова серија ќе почнува од први во месецот и ќе трае до последниот ден од месецот. До тогаш кој сака може да коментира за неа. Дозволено е и коментирање епизода по епизода, не мора да чекате да заврши цела серија за да пишете тука. Првиот предложувач ќе бидам јас, а следни ќе бидат оние кои се пријавиле, по истиот редослед по кој се пријавиле, а најдоцна до 25 во месецот ја изгледале и коментирале за тековно предложената серија.

Сите прашања, согледби, предлози се добредојдени.
Let the Series Club 2022 begin!

Who's in?
 
Последно уредено:
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.329
Поени од реакции
27.873
I’m in. Предлог да се коментира цела серија на крајот, не епизода по епизода. Зависно од тоа колку пријавени ќе има, мислам дека ќе настане хаос.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.531
Поени од реакции
21.397
I'm in.
Имам уште проблеми со лаптопот ама се надевам дека првата серија ќе ја има на Нетфликс па ќе можам да ја изгледам додека да го поправам лаптопот.

Прашање : Во случај да е серијата 2 сезони по 6-7 епизоди кои траат по 25 минути, дали тоа е прифатливо со оглед дека има помалку времетраење од сезона со 10 епизоди по 1 час секоја?
Мислам на After Life. Не дека ќе ја предложувам лично таа серија, ама да биде јасно сето тоа за кога ќе ни дојде редот да нема многу забуни.

Друго прашање : Може да се предложи оделна сезона само за гледање?
На пример True Detective секоја сезона е прича за себе (не ја догледав третата сезона ама верувам е ко првата и втората) па дали може да се предложи само една сезона од серијалот?

И уште едно, ваљда и последно прашање :
Документарни серии се прифаќаат?
Нешто како Tiger King, Three Identical Strangers или Don't Fuck With Cats?
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.706
Поени од реакции
33.341
Во случај да е серијата 2 сезони по 6-7 епизоди кои траат по 25 минути, дали тоа е прифатливо со оглед дека има помалку времетраење од сезона со 10 епизоди по 1 час секоја?
Мислам на After Life. Не дека ќе ја предложувам лично таа серија, ама да биде јасно сето тоа за кога ќе ни дојде редот да нема многу забуни.
Прифатливо е, но само ако серијата е завршена со толку епизоди. Доколку треба да има и трета сезона, тогаш не. Во секој случај, секој предложувач ќе ми пише во порака за изборот, па за секој посебен случај ќе разговараме и ќе се договориме.

Може да се предложи оделна сезона само за гледање?
На пример True Detective секоја сезона е прича за себе (не ја догледав третата сезона ама верувам е ко првата и втората) па дали може да се предложи само една сезона од серијалот?
Да, реков: сезони од anthology серии, како што е True Detective, се дозволени.

Документарни серии се прифаќаат?
Нешто како Tiger King, Three Identical Strangers или Don't Fuck With Cats?
И ова да. Било каква серија, играна, анимирана, документарна, и било кој жанр е дозволено.
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.689
Поени од реакции
6.589
Sounds good...ама ова ми личи повеќе на клуб на луѓе кои немаат или имаат сосем малку обврски, такаречи.. џаболебари :D..без навреда ;)
 

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
8.829
Поени од реакции
24.221
Sounds good...ама ова ми личи повеќе на клуб на луѓе кои немаат или имаат сосем малку обврски, такаречи.. џаболебари :D..без навреда ;)
Не, ова личи на клуб на луѓе кои дел од своето слободно време го користат за гледање филмови и серии, многу е едноставно.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.329
Поени од реакции
27.873
Sounds good...ама ова ми личи повеќе на клуб на луѓе кои немаат или имаат сосем малку обврски, такаречи.. џаболебари :D..без навреда ;)
Еве сега ќе докажуваме теореми, ќе решаваме матрици и ќе го трошиме слободното време на решавање на некои од светските проблеми. Следна недела како да го решиме проблемот со вода во Африка.
 
Член од
30 мај 2009
Мислења
10.143
Поени од реакции
23.248
Еве сега ќе докажуваме теореми, ќе решаваме матрици и ќе го трошиме слободното време на решавање на некои од светските проблеми. Следна недела како да го решиме проблемот со вода во Африка.
Dovolno e da dokazhi deka zemjata e ramna, drugoto e nebitno.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.706
Поени од реакции
33.341
OK, ајде да пробаме. Месец јануари 2022, првата минисерија која ќе ја гледаме не е една од тие кои ми паднаа на памет да ги предложам кога мислев да го направам и овој клуб. Се одлучив за неа само заради една причина: и јас ја немам гледано!

ЈАНУАРИ 2022: NORMAL PEOPLE (BBC)

1641546514526.png


Знам, реков: максимум 10 епизоди, а тука се 12, но се кратки, па затоа подоцна реков: да, исклучоци се можни, еве пример за тоа. Се надевам дека ќе ни се допадне серијава.

@SK-92 - ја има на HBO OD / HBO GO.
 
Член од
23 јули 2019
Мислења
406
Поени од реакции
2.760
И јас се пријавувам иако сериите (да, и минисериите) ми се некако слаба страна, па се надевам со клубов и тоа ќе ми се поправи.

Normal People 2020

Серијава што се вика ја изгледав во еден здив. И тоа се случи многу спонтано: ја симнав бидејќи имаше голем хајп за неа, па си реков чекај да видам што е, пуштив епизода околу 11 навечер со мисла дека само една ќе изгледам и ќе си легнам. Хаха!
6 часа подоцна, серијата ми беше изгледана.

Музиката, камерата и начинот на кој комуницираа Мариан и Конел гледајќи ми даваа некое чудно чувство на тензичност, нелагодност, чувство како и ти да си дел од нивните напнати конверзации. А и секако беше тажно да се гледаат последиците на семејството лишено од љубов, што се гледаа во Мариан, која, така некако, лутајќи изгубено низ годините на својата младост, како единствена гранка на која се држеше го имаше својот немесис - Конел.

Серијата беше еден вид дневник на двајца млади низ годините, дневник на нивната љубовна врска, емоции и чувства, мисли.
Единствено можеби што ми сметаше (делумно можеби бидејќи ја изгледав наеднаш) е тоа што во краток рок се разделуваа и се смируваа, што некако ми делуваше too much. Можеби оптимален начин на кој можеш вистински да ја доловиш серијата е да ја гледаш со големи паузи, како што на пример е тоа оптимален начин да ја гледаш Before трилогијата. Не знам..

Мене ми се допадна, немам некој репер за серии, но не ми беше лоша. Не ми беше ни wow. Беше некаде во средина... па претпоставувам тоа значи и една 5/10?
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.062
И јас сум ЗА.
Не разбрав колку време има за гледање на серијата?
Дали на 20 дена ќе се менува тема?
Или еднаш месечно, па ќе се изгледаат до крајот на годината 12 серии?
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.706
Поени од реакции
33.341
И јас сум ЗА.
Не разбрав колку време има за гледање на серијата?
Дали на 20 дена ќе се менува тема?
Или еднаш месечно, па ќе се изгледаат до крајот на годината 12 серии?
Еднаш месечно. Пишува во насловот: јануари 2022 - Normal People. Февруари ќе биде друга.
 

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
8.829
Поени од реакции
24.221
Ја изгледав, се надевам дека ќе заживее проектов зашто да не беше форумов, да не беше темава и да не беше @Zlatikevichius никогаш, апсолутно никогаш немаше серијава да ја изгледам, немаше ни близу на радарот да се најде за гледање.

Серијава од технички аспект аспект е перфектна, сцените се одлично изведени и во некои од нив има доста и метафора.
На пример сцената во втора или трета епизода кога полагаат матура и кога сите се во училишна униформа, само Мариен е во шарена облека, сцена каде режисерот ни ја покажува таа црна овца која отскокнува од стадото.

Врската очекував да им биде по токсична, за чудо баш супер функционираа кога беа заедно.
Проблемите и депресијата доаѓаа кога беа одалечени еден од друг, за на крај да мора да се соочат со фактот дека мора да научат да функционираат еден без друг со тоа што ќе живеат на различни континенти.
Според мене и од моја гледна точка, Конел беше тој кој беше крив што нивната врска не успеа.
Он беше тој што во средно одлучи да се кријат, бидејќи многу побитно му беше мислење на другите отколку почита према Мариан иако на крај сфати каков дебил бил кога дозна дека сите знаеле и дека никој кур не го болело за него и за Мариан.

Ова некако и ќе помине, сепак беа деца и тинејџери, прва љубов, неискуство, сите сме биле во таа ситуација и поради тоа што не сме знаеле како да се однесуваме, сме праеле дебили од самите себе и доста сме грешеле.
Али моментот кога типот си отиде без никакво објаснување, без да седне да поразговара со неа, искрено не можам да го сфатам.
Највеќе мразам кога некој нешто прави, бидејќи претпоставува што партнерот негов мисли и поради тоа нема поента да разговара за проблемите со кои што се соочува. Иако беше претставено како недоразбирање, второ раскинува ги оштети за век и векова.

Уште еднаш, секоја му чест на режисерот, премногу добро ги имаше доловено емоциите помеѓу двајцата, shout out и за глумците Мариан и Конел кои тоа го изведоа феноменално.
Баш поради тоа колку реално беше претставено се, многу поубави ми беа сцените кога они двајца беа заедно, првите 6 епизоди многу повеќе уживав. Последните 3 епизоди дури и претешки на моменти ми беа за гледање со сета таа депресија и меланхолија околу нив.

Одлична серија, морам да признаам дека бев скептик. Никогаш немаше да верувам дека би можела да ми се свиѓа серијава, али ете, едноставно ме освои серијава.

Оцена: 8/10.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.531
Поени од реакции
21.397
NORMAL PEOPLE

Првите 5-6 епизоди ептен лесно ги поминав за останатите кои се вкупно 3 саати ми беа потребни повеќе од 5 денови.
Не знам дали може да се каже дека уживав во серијава.
Првиот пат очекував да раскинат со оглед на тоа дека има 12 епизоди. Вториот пат веќе беше ту мач со оглед на тоа што Маријан го напушти тој "борецот за правда" во Даблин само за да биде со Конел да овие туку така магично раскинат само затоа што овој не можел да седи во Даблин и оваа одма си најде ебач. Небаре живеат во различни држави или пак се илјадници километри разделени.
Тука ми пресече серијава и ми стана одбивна. А моментот во последните епизоди кога повторно некако пробуваа да бидат заедно само се молев да се деси тоа затоа што немаше да ја изгледам последната епизода ако се испокараа во претпоследната. Едноставно ми немаше веќе смисла сето ова и предолго траеше. Малку нејасно и како цело време оваа демек се другари, го кани во Италија а дечко и таму. Исто и кога го нападнале таму за новчаникот па овој прво нешто и се јавува на Маријан и као се тоа ок е а овие биле заедно до завчера. Па уште кул муабети. Не знам, јас би збеснал девојка ми да го покани бившиот.

Од друга страна можеби и серијава е за помлада публика. Мене ми минало ова време.
Серијата е супер скоцкана од технички аспект. Супер кадри, одлични сцени па и младиве актери ме изненадија позитивно.
Добро е што малце снимале во Шведска, Берлин и Италија инаку ќе беше досадна уште моментот кога Конел се врати во Слиго.
Ми сметаше малце што од вкупно 6 часа околу 3 часа е ебавање и скоро минута го гледаме курот на Конел. Дури две сцени одвоиле да ни покажат братот колкава вуна има околу алатот. Да сакав да гледам ебавајње сојките до волку, ќе пуштев нешто teen amateur на порнохаб или јуџиз.
Иначе Маријан е ептен слатко дунде. Крцкалче право. Да ја галиш само. На прашањето дали е изгубена или е дрољичка која само сака да се гузи, неам одговор. :)

Сигурно имам уште нешто за коментирање ама не ми текнува во моментов. Потребно е да се развие дискусија да ми текнат некои ситници вредни за коментирање. Сума сумарум сметам дека серијава имаше повеќе потенцијал од ова што го постигна и за мене е само еден просек.
6/10
 

Kajgana Shop

На врв Bottom