Serie A 2021/2023

Шампион?

  • Вкупно гласачи
    292
Статус
Затворена за нови мислења.

Syn

^ Фабричка грешка
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.146
Поени од реакции
40.870
Све им зависеше од овој меч, не знам колку потрошиле иначе, тимов им е потпросечен, само во прв тим имаат наталожено едно 60% просеци тешки и тоа, а чим тие им се перманентни првотимци тогаш не треба многу да се говори за клупата. Ужасен тим имаат, крајно небалансиран, повеќе од ова со овие играчи нема шанса да достави било кој, од друга страна, изборот на засилувања им е катастрофален со пар исклучоци.

Штета за Рома ама кога ќе се види големата слика, имаат многу лош ростер, одбраната, голманот, играчите лево и десно, тоа е хаос кој не би го земал ни у фк воска, и тоа праам муабет пак ќе кажам, за првотимците, левелот на квалитет на голем дел од овие не е адекватен ни за кремонезе.

Како и да е, мечов им беше или-или, со оглед дека изгубија, огромен удар е ова врз нив, потфрлија дебело и тоа е тоа, а што е најтрагично за нив им се поклопија коцки во лига лесно да бидат 4ти ама ја поебаа, катастрофални беа и они во финишот од сезоната иако тие им беа можностите реално гледано, со овој тим на 1 фронт не можеш не па на 2, на крај све кога ќе им земеш у предвид, фијаско сезона.
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
7.660
Поени од реакции
13.159
Не може да се одбрани и Мурињо, сезонава му беше наместена да избори ЛШ преку првенство. Слаби Интер и Милан, казнет Јуве, засилен со Дибала, да не заборавиме што се пишуваше и минатото лето и после во текот на сезоната тука и по фан клубовите за него.

И на крај, Мурињо не успеа да освои повеќе бодови од претходната сезона, Лацио е пред него. Тој е две години во Рома, не е дека не му донеле никого за да има полош тим или на исто ново од тој што го затекнал, но само еден бод е подобар, а сега можеби и помалку бодови ќе освои.
 
Трибиани

Ванда Вештерката
Член од
21 јули 2018
Мислења
3.749
Поени од реакции
8.829
Ама навистина многу слаб тим имаат освен во нападот,Пелегрини и Смолинг...права лакрдија од играчи на сите страни..максимумот го извадија реално и нема што да му се замери на Мурињо со овај тим...оние Манчини и Ибањез се играчи што би ги посакал чоек да ги има секој противник или ривал на самиот клуб...онака знајш дека еден гол примаш сигурно со нив. Бекојте тешка беда, средината кутрите два паса неможат да сврзат...јас не ни знам искрено како ги освоија и тие бодови што ги имаат.
 
Down

Boozer
Член од
4 мај 2012
Мислења
3.136
Поени од реакции
4.962
Е како сега слаб тим имале а пред сезона сите се курчевте у темава дека Рома сигурно пред Милан ќе биле :D
 
Член од
14 август 2018
Мислења
4.528
Поени од реакции
10.019
Ај вака, со бистра глава вечерва…
Страшно потфрливме и страшно сум разочаран…

Навивачки ги поддржував дури и кога очигледно не одеше на арно..
Сега дојде време за малку објективност и (само)критика!

@Трибиани велиш освен нападот се друго е крш?!
Извини… ама покрш напад од нашиот нема! Да не барам статистики, цела сезона мака мачиме гол да дадеме!
Тами има лоша сезона, никако да му тргне. Дибала(со ненормална плата) пола сезона е повреден, а кога игра не може повеќе од едно полувреме да изигра! Ѕвезда од напаѓач може да биде само во тим како Рома, оти ниеден друг тим што атакува на прво место не би толерирал половичен играч, или би бил замена(џокер) во најдобар случај!
Белоти е копито бескорисно! Местото му е во некој селски тим..
Солбакен молбакен… излишно е и да коментирам..

Средина очај. Едина позитивна страна е што го откривме Залевски! Матиќ е исто пријатно изненадување, ама стар е.. Ел Шарави ми е лично омилен играч таму(игра и крило и напаѓач)… и тоа е тоа…
Цела сезона се мачат да направат играч од Бове! Талент за фк Беласица!
Челик игра прва постава, и се ти е јасно…
Не се ни просеци..
Пелегрини го има на моменти, а повеќе го нема. Кристанте е kinda добар, ама се почесто Мурџо го фура на позиција штопер место DM. Последниве двајца би поминале како добри играчи кога околу нив би имале подобри играчи..
Крила немаме! (затоа и Шарави го игра најчесто како крило)
И најголемата превара од играч што ја земавме.. Вајналдум! Исто стаклен како Дибала, исто без душа за повеќе од 60мин, и бескорисен со топка!

Одбрана: добри касапи имаме… Да не игра Мурџо со 5 души назад, има да не полни кој стигне!
Инаку океј се за 5-то 6-то место тим…
Исто како и Руи Патрисио..

Реално тоа се играчите, тоа се можностите. Мурџо вади максимум што може.
Без чистење на пола тим, и без посериозни засилувања ќе сањаме 4-то место. Мада и онака нема што да бараме во ЛШ…
Ние сме во ранг со Аталанта, Лацио, Монца, Удинезе.. за жал
Автоматски споено мислење:

Е како сега слаб тим имале а пред сезона сите се курчевте у темава дека Рома сигурно пред Милан ќе биле :D
Тоа што Милан е едвај пред нас… не ќе да е за фалење :rolleyes:
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.036
Поени од реакции
106.833
У право е Урко, скроз мртов тим има Рома. Утнаа со неколку играчи што мислеа дека ептен ќе им послужат, на пример Белоти за од клупа, а кутриот не може гол да даде, како жетон е потонат. Абрахам е просечен играч, Дибала е класа ама многу отсуствува и не е константен, одбраната нејќам да ја спомнувам, еден добар играч немаат, голманот жив просек, средината умрена плус Вајналдум скрши нога на припреми, бековите средно жалосни на чело со мојот човек Зеки 4елик, бламира братот. Тук таму им се наоѓа по некој добар и искусен играч ама недоволно за да направат добри резултати.

Мурџо класика путе, си се договорил со ПСЖ и ќе ги остави да си ебат мајката, а замараше со проекти курци палци.
 
Down

Boozer
Член од
4 мај 2012
Мислења
3.136
Поени од реакции
4.962
Тимот на Рома е крш, Милан има три пати подобар тим а на крај у бодови нема да бидат многу разлика...

Мурџо извади 100% од тој тим.

Е сега мене ме нервира курчот, особено од фан клуб Интер што лани тука 10 страни напишаа како Рома ќе завршила пред Милан.

Еве ја гарантирам дека следна сезона Интер ќе заврши позади Милан...пари немаат у око да си фрлат, играчите веќе им се стари а друга сезона уште постари...

Само Лаутаро и Барела вреди од тој тим.
 
Член од
6 ноември 2014
Мислења
3.784
Поени од реакции
8.848

Ај една молба, состави според тебе најдобри 11 играчи од комбиниран тим на Интер и Милан, чисто ме интересира колку играчи од Милан би ги играл пред старциве од Интер, ама без пристрасности.
 
Marquess

Ербап
Член од
20 јули 2009
Мислења
6.039
Поени од реакции
12.463

Така е.
Само да те дополнам дека кетеларе е на исто ниво со лукаку,тоа само заборави да го спомнеш во днопертизава.

Sent from my SM-G975U using Tapatalk
 
Член од
17 декември 2019
Мислења
1.609
Поени од реакции
2.781
Ај една молба, состави според тебе најдобри 11 играчи од комбиниран тим на Интер и Милан, чисто ме интересира колку играчи од Милан би ги играл пред старциве од Интер, ама без пристрасности.
Maksimum 4 igraci bi imalo u tie prvi 11 ako go stavime i golmanot, a bez golmanot 3.. A realno na golmanska pozcija e izramneto..
 
Marquess

Ербап
Член од
20 јули 2009
Мислења
6.039
Поени од реакции
12.463
Maksimum 4 igraci bi imalo u tie prvi 11 ako go stavime i golmanot, a bez golmanot 3.. A realno na golmanska pozcija e izramneto..
И Леао ако го рачунаш дека е подобар од Лаутаро исто треба да си еве да речам - ограничен.
Едина позиција на која е значајно подобар Милан е левиот бек.
Кај голманите е мала разликата.
Е сеа они да ти имале пари,па најверојатно пак ќе во купуваат светот и догодина ќе се многу појаки.
Интер немал за леб :(

Sent from my SM-G975U using Tapatalk
 
Член од
6 ноември 2014
Мислења
3.784
Поени од реакции
8.848
Maksimum 4 igraci bi imalo u tie prvi 11 ako go stavime i golmanot, a bez golmanot 3.. A realno na golmanska pozcija e izramneto..
Се слагам, за мене лично само Леао и Тео би играле прва постава фиксно у Интер од моменталниов тим на Милан, а Тонали и Мењон би биле close call.
 
Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
8.863
Поени од реакции
54.400
Не се ист профил на играчи Лаутаро и Леао ама дека е толку за смеење кажаното, ко да го спомнал Кореа.

Јакиот па Леао, по 10тина голови у сезона, милион зицери утнати, нерезонски шутеви и трошење на топки. Смирете страсти малце.

Овој па Даун сеа земал не замара сме се курчеле со Рома. Не бе друже со самите себе се курчевме и ни испадна у право курчот, ве треснавме од земја сезонава у најбитните h2h дуели, шампионот одјавен уште пред нова година.

Се слагам, за мене лично само Леао и Тео би играле прва постава фиксно у Интер од моменталниов тим на Милан, а Тонали и Мењон би биле close call.
Е уште у 352 фали Леао и да му се изгубат и тие 10тина голови што ги дава на претрчување. :love: :icon_lol:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom