Мислам дека малце грешиш со ова што го зборуваш за трампа и без реална транскација, затоа што во тој случај ти не добиваш финансии на твоја сметка и не може да пријавиш приход. Ќе го земам примерот на Пјаниќ-Артур, ако беше трампа како што велиш, ќе беше трансфер глава за глава без финансиски инекции за клубовите и без никакви трансакции. За да ја исполнат целта и Барса и Јуве, се водеа како посебни трансфери, Барса уплати на Јуве 70м за Пјаниќ, Јуве им уплати на Барса 70м за Артур (или колку и да беше сумата). Со тие пари, клубовите чистеа некои сметки пред ФФП, какви и да беа таму правата и регулативите и си ја исполнуваа целта. Сличен е случајот и со Осимен претпоставувам, Наполи уплаќа 70 милиони на Лил, меѓутоа овие како посебни трансфери го купуваат Карнезис и тие анонимусите младинци за вкупна сума од 20 милиони, трансферот се води како 70 милиони, меѓутоа Наполи чисти сметки пред ФФП со тие 20 милиони профит што ги остварува.
@MASTERPIECE реално има поента, меѓутоа веројатно клучно во случајов е што има јасни и евидентни докази, прислушкувани муабети, мејлови и слично. Е сега, и во таков случај, ако законски не можеш да докажеш дека „судениот“ правел криминал, не можеш ни да го осудиш, како што беше случај со „бомбите“ кај нас, каде на сите криминали се судеа за скроз 10-ти работи, затоа што за големите ствари не можеа да се најдат докази и прекршувања на законите. Од друга страна, федерацијата веројатно има право да ги казни Јуве со одземање на бодови поради нерегуларно работење, без да има јасно прекршување на некое правило или закон. Како и да е, судењево ќе трае, ама заедно ќе се согласам со јувенташиве (на страна мозочните удари и глупостите што се пишани на темава), во случајов по мене виновни се двете страни, затоа што и Џенова, Аталанта и остали клубови свесно го прифаќале истово.