Па да ама ќе се збие квалитетот и нема да има многу комоција, рачунајќи дека од 11то место надоле е борба за опстанок. Така екипи како Удинезе, Емполи и слични што моментално се од 11-15то место ќе треба да бидат појаки од ова што моментално се.
Не дека драстично ќе го зголеми квалитетот на лигата, ама мислам дека ќе мрднат од мртва точка, ова со 20 екипи е превише. Џабе им постојат утакмици како Кремонезе-Салернитана, никој жив не го гледа тоа. Секое коло има по 1-2 вакви утакмици.
Не бе луѓе, зошто вакво потценување и релативизирање..!
Па умренана француска лига има 20 тима!
Не е проблемот таму.
Удинезе вакви-такви се страшно незгоден противник!
Всушност, јас стојам на тоа дека средина/долен дел на табела во италија се далеку понезгодни противници отколку некој Марсеј или Нант!
(Тоа што тимовите си имаат за зимање и давање е сосем друг муабет, и друг агол на проблемот во СА!)
Ама далеку од тоа дека СА е слаба!!
Па местат утакмици зш се слаби со пари.. Од короната навака, многу повеќе зема замав местењето во СА.. Погледни после короната сезоната, да видиш колку екипи местеа 2 у 1 и обратно.. Па Интер само имаше 6-7 текми со преокрет, Лацио исто.. Лани им се тргаа на Милан последните кола, годинава им ги врати Милан бодовите видовте сите и сами.. Проблемот е што немаат свој стадион екипите, само Јуве и Удинезе имаат свој стадион, другите го даваат гзот под кирија на општината и затоа немаат поголеми приходи..
Добро бе друже..! Тимовиве не се од вчера! По сто години историја имаат!
Нивни проблем што до сега не си направиле стадион!
А ако така гледаме, истиве тимови и во златните години на Серија А немале стадион, па лигава била популарна!
Како тоа преку ноќ, им фалеле пари од стадион, па тоа ја кочело лигава?!?