Serie A 2021/2023

  • Креатор на темата Креатор на темата Џонтра Волта
  • Време на започнување Време на започнување

Шампион?

  • Вкупно гласачи
    292
Статус
Затворена за нови мислења.
Сериозно? Дека му баел на Мбапе? Цела фамилија ти се само за во задруга.

Губиш време за спортска, правиш анализи, на крај паднеш поради баењето на Погба и мајка му на Лукаку.
 
Добро реално Јувентус имаа еден куп исповредени играчи и тука малце имаат изговори..неможат да состават тим како шо треба...а тоа дека Конте е бог за Алегри и за било кој Италјански тренер моментално е факт....како тој што знај да крени екипа од мртвите никој не знај....тренериште

При жив и активен Карло Анчелоти да се изјави вакво нешто.. Брао.

Коа размишљам за најдобар тренер имам на памет цел пакет: од тактика, игра, однос со играчи и колеги, прилагодување на противник, излагање од незгодни ситуации ... Карло е моментално господ за сите италијански тренери.

Конте бил и ќе остане добар, одличен тренер, али е инекција тренер. Буст. Го носиш, им билда хајп, као да ги става на дрога, вади некој максимум, му се дешава еден успех и го тргаш пред првата потешка ситуација што може да се деси затоа што ако више се деси еден пех, касно е.. Излага во јавност, кука, јаде гомна, никад не е крив, се зафаќа со играчи и отиде работата во бестрага. Искрено од виденото досега, не би го сакал Конте во тим на период подолг од година дена. И би го донел само во ептен кризна ситуација ако е нож до коска.

А за Алегри.. Имав пишано кога на претходната тема за Серие А бладаа јувенташите дека го донеле најдобриот италијански тренер, светската класа којшто ќе ги извади од гомната на Пирло. Равна линија. Ако е све добро во тимот и во играта со него ќе си биде онака, константа, не мрда ни лево ни десно. Ако тргне на лошо, отиде све низбрдо. Не е тој тренер што може да напраи било каков отклон. Превише е врзан со некои концепти и играчи и не е спремен да мења за жива глава.
Настрана тоа што второво искуство во Јувентус ваљда на сите ни покажа, па и нему зошто не се пробал во ниту еден топ клуб во Европа досега. Океј тренер, солиден поготово за стабилни екипи и ситуации, ама никако светска класа.
 
При жив и активен Карло Анчелоти да се изјави вакво нешто.. Брао.

Коа размишљам за најдобар тренер имам на памет цел пакет: од тактика, игра, однос со играчи и колеги, прилагодување на противник, излагање од незгодни ситуации ... Карло е моментално господ за сите италијански тренери.

И тоа како.

Конте е господ бог за сите Италјански тренери и Топ 5 во светот...Карло е добар...но едно е кога ќе земиш брод во распаѓање или клуб што не знае кај тера а друго е кога водиш клуб каде сите конци се наместени.

Никогаш Јувенту,Интер или било кој од клубојте што го водеше Конте да ги водеше Карло немаше да стигнат на такво ниво и да освојат.

Остај однос со играчи,прилагодување,излагање незгодни ситуации...тие се смешни аргументи и изговори да ги употребиш во дискусија за да докажиш нешто ...резултатите се бројат врз основа на околностите кои ги имаш....Карло имаше и многу неуспешни приказни низ кариерата да те потсетам...ти го земаш најголемиот клуб во светот за репер за да докажиш...додека за Конте нема што да кажам.....нека оди во Барселона на пример или во директен конкурент на екипата на Карло па ќе види дали Карло ќе земи титула некогаш...роден победник и чоекот и недајбоже да дојди во Јувентус пак...ќе видиме титула на св никогаш
 
Среќа лани освои Ла Лига без конкуренција и ЛШ со еден кубик среќа па пак се вратија муабетите за гоатизмот на Карло, иначе у слободен пад му беше кариерата после бравурозните изданија со Баерн и великаните на фудбалската сцена Наполи и Евертон.

Секако за поздрав е и специјалната епизода у Франција наречена Монпеље државен шампион у фудбал.

Не дека Конте е кујзне кој стручњак ама моментално поише гарантира успех од Анчелоти.
Карло никогаш немаше да освои титула со Интер пред 2 години.
Никад немаше ни со Јуве пред 11.

Впрочем видовме колку он уствари освојуваше Скудета со Милан и целиот тој нивен состав што 2 пати освои ЛШ.

Карло со сигурност е најуспешен италијански тренер, за најдобар и најквалитетен не знам.
Тука се Саки, Капело, Липи.
Мада све е ова школа на кељавиот.
 
Кажи се дека Мурињо е боље, да се насмееме поштено и не пишувај докторски десертации :icon_lol:
 
Ретко омразен лик беше дон Карло последните сезони како тренер на Милан кај миланезите.
Свиња,мисир,ваков,таков,ругање со сликата каде е со волненото капче и тн и тн...

Како сеа им стана пак отац/бог фудбала да ми је да знам..

Sent from my SM-G975U using Tapatalk
 
Кажи се дека Мурињо е боље, да се насмееме поштено и не пишувај докторски десертации :icon_lol:
Пак ќе повторам, имаше среќа Карло што Реал не можеше да најде тренер па му се потрефи да освои 2 трофеи иначе исто ко Мурињо моментално, така и Карлето беше у слободен пад со кариерата.
Ама пошто Мурињо е сељак и ќе му фаќаме ситници од типот ЛЕ титула со Манчестер, купчиња, ЛК со Рома итн, во период кога Анчелоти беше тренер на Евертон во борбата за 9то место у англиско.
 
Карло беше првиот тренер што по богзнае колку неуспешни обиди на многу тренери да освои ЛШ со Реал. Нешто што Мурињо комплетно утна. Со таа прва титула 2014 ја почна доминацијата на Реал во последниве 10тина години. А ова муабетиве дека му се потрефило и на среќа осовил титула особено последнава се чиста глупост. Ама нека ви биде.
 
Карло никогаш немаше да освои титула со Интер пред 2 години.
Никад немаше ни со Јуве пред 11.
Ниту еден друг тренер на планетата земја немаше да освои ЛШ минатата сезона со Реал, па сеа ти види.

Толку од твојов муабет. :)
 
Никогаш Јувенту,Интер или било кој од клубојте што го водеше Конте да ги водеше Карло немаше да стигнат на такво ниво и да освојат.

Среќа лани освои Ла Лига без конкуренција и ЛШ

Карло никогаш немаше да освои титула со Интер пред 2 години.
Никад немаше ни со Јуве пред 11.

За со Јувентус заслужува секакво признание, иако тука и Милан е доста виновен.

Но, таа титула со Интер, не знам зошто би била толку голем успех и нешто неверојатно?!

Ако Карло минатата сезона освоил без конкуренција, што различно да се каже за Конте со Интер?

Имаше убедливо најдобар тим, конкуренцијата смешна. Јуве со тренер аматер во процес на распаѓање, Милан со деца во процес на градење. Ниту еден клуб освен Интер не успеа да надмине 80 бодови, па вие видете за конкуренција.

Ништо потешка задача немаше Конте од Анчелоти. Дури Реал делуваше дека оди надолу.

Кога се збори за Конте во Интер, треба да се дискутира дали требаше да освои титула и една сезона порано. Мислам дека таа изгубена титула од Сари е неуспех за Конте.

Инаку, за мене, ако гледаме последните триесетина години, најинтересна фаца е Саки, просто е неверојатно што пробал да направи во Италија. Вистинска револуција.

Но, најквалитетен е Капело.

Не би ги земал само титулите како мерка. Затоа што по таа логика ќе излезе дека Зидан е подобар тренер од Клоп. Во тоа не може никој да ме увери.

Но, во последната деценија и нешто Конте е најдобар и тука нема дискусии. Си има некои фалинки, успех во ЛШ, тешко игра на два фронта, краткорочност... Но, тој е и релативно млад тренер, има простор да покаже уште нешто.

Не ми е меѓу омилените, но не може да се негира дека е навистина добар тренер.
 
И уште нешто ми падна на памет.

Ако се сумира дискусијата, излегува дека Анчелоти ги има тие трофеи во ЛШ на негова страна, а кај Конте е тој аргумент дека направил успех таму кај што не бил предвиден и дека на Карло тоа не би му пошло од рака, плус некои пропусти во национални првенства.

Држи овој муабет.

Само што треба да те бидува да го постигнеш тој успех на врвно ниво и со силни тимови. И други тренери имале и имаат многу моќни тимови на располагање, па нешто им фали за таков успех. Ајде да е еднаш или само со еден клуб, во еден налет, па да кажеш ете му се потрефило.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom