Кои фанови? Видлив отпор имаше само кај премиерлигашките екипи.
Најголем проблем беше што таа лига требаше да биде затворено натпреварување, затоа имаше незадоволство кај сите што пратат фудбал. Затоа останаа сами против УЕФА, навивачи, па и капитал и пропадна уште вечерта кога го објавија новото натпреварување со глупо соопштение и појавувањето на Перез на некој си медиум после полноќ. Малски турнир во мал фудбал има подобар ПР.
Но, навивачите на Реал, Милан, Интер, Барса, Јуве, не се потресуваа толку како оние на Арсенал, Челзи, Сити и други кои правеа демонстрации.
Тие што знаеа дека нивните клубови се во лоша ситуација и дека им треба нешто да ги спаси и направи конкурентни, па не галамеа премногу.