Serie A 2021/2023

Шампион?


  • Вкупно гласачи
    292
Статус
Затворена за нови мислења.

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.095
Поени од реакции
16.291
Дибала - Абрахам ќе биди ептен интересно да се гледа би биле опасен тандем :)
 

interlove

Die with memories not dreams
Член од
14 ноември 2014
Мислења
2.419
Поени од реакции
3.642
Дибала - Абрахам ќе биди ептен интересно да се гледа би биле опасен тандем :)
Дибала - Лаутаро - Лукаку уште поинтересно, ќе му ебам све живо диво на Санчез ако заради него не го потпишуваме Дибала.
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
7.734
Поени од реакции
13.358
Јас ја разбирам логиката за инвестирање во играчи на кои ќе им се зголемува вредноста, ама искрено како фан во никој случај не би сакал тоа да е приоритет на мојот тим, наспроти засилување на тимот за сезоната која им претстои.
Секако, освен ако позицијата веќе не е покриена со солиден играч, што во овој случај не е, таму го имате само Диаз на позајмица.

Факт е дека Милан ланската титула ја освои како колектив, и баш со такви трансфери, ама исто така факт е дека за добар дел од нив малку требаше и да се почека пред да си го исполнат потенцијалот, и јас да сум фан на Милан, во моментов би сакал тимот да го направи тој исчекор во квалитет на пазарот без бафер период во кој потенцијално можат да се случат и заминувања и други претурбации, кои на крај можат да коштаат и пропуштени титули.

Секако, логиката на инвестирање во системски играчи наспроти силни индивидуалци стои, ама мислам дека овде повеќе се работи за одржување на политиката на ниски плати, отколку дека Пиоли би имал нешто баш против Дибала од тактичка перспектива и би го избрал де Кетеларе пред него поради тоа.



Па добро, и за Белгиецов е прашање дали Милан ќе заработи или ќе си оди на фри по тие неколку години откако ќе стане подобар фудбалер. :cool:
Прашање е се. Збориме што каква логика има денес. Утре може и Дембеле, Кутињо, Азар (уште не научив како е правилно), да ти излезат лоши трансфери.

Ништо нема сигурно. Еве Лукаку. Интер ако може ќе го земе и Дибала, но во момент кога мораше да бира помеѓу него и Лукаку се одлучи за вториот.

Сосема логично за клуб кој сака да направи тим да освои титула, иако прашање е колку размислува што за некоја година подоцна (општо мислам не стриктно врзано со Лукаку). Но во овој момент, Лукаку е тоа што му треба на Интер, многу повеќе од Дибала.

Значи, ќе повторам, сосема исправно решение, ретко кој би постапил поинаку. Но, како што велиш, "прашање е дали" ќе го донесе тоа што се очекува. А со него Интер очекува титула. Е сега, може да изигра лошо, може да биде добар, но некој друг клуб уште подобар. Но тоа се веќе муабети за кога ќе заврши сезоната.

Исто и за изборот помеѓу Дибала и Де Кетеларе. Размислувањето на Милан е тоа што го пишав, по мене е издржано. За исходот останува да видиме.

Исто така, не сум сигурен дека Дибала би бил тој што би му донел титула на Милан, поточно фудбалер кој што би гарантирал такво нешто, тој придонес што Интер го очекува од Лукаку.

Ајде да се оградам, затоа што тука постои навика да се гледа површно, не е работа дека Дибала е фудбалер од кој треба да се бега, особено што нема да има и некоја висока плата, само мислам дека не е ниту опција што не смее да се пропушти.

А инаку Милан гледа и на поинакви фудбалери, не е за џабе доведен Ибра, Жиру или што преговараат за Зиеш. Значи не е само некое размислување за некоја далечна иднина.

За Де Кетеларе сум најмногу поради неговите карактеристики, тоа што има голем простор за напредок е само плус.

Клуб не може да живее од денес за утре и да размислува само за некоја сезона напред. Да не звучам како портпарол на овие фондови во Милан, ме нервираат и мене за некои работи, како на пример што не сакаат да ја кренат границата за платите, но не сакам моментален успех и распад.

А да, слушај ги Марота и Газидис, иста мантра вртат. Мора клубовите да ги држиме стабилни (читај продавање, ниски плати, нема многу трошење), но воедно и конкуренти. Исти фрази вртат, е сега само чија визија на крај ќе се покаже поуспешна. Ќе видиме за три-четири години, можеби ниту една. :D
Автоматски споено мислење:

Заборавив, Ремзи, Најголан, Видал или некој таков, се таа опција што веднаш би дале придонес во борба за подобар пласман, за разлика од некој како Тонали.

Не е можеби најдобра споредба, но тој е принципот. Јас би сепак за Тонали, особено ако збориме за клубови кои што не се во можност да се расфрлаат со пари, како што се Милан и Интер.
 
Последно уредено:
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.470
Поени од реакции
5.473
Затоа што Милан секогаш дава предност на млад, просперитетен и модерен тимски играч, а не на добар индивидуалец, непретерано лесен за вградување во некаков систем, што е впрочем и причина зошто нема некоја помама по Дибала, но веќе и по Роналдо (во тие години).


Преферираат друг тип на играч, тоа е главното, со политиката да се бираат млади, талентирани фудбалери, кои ќе добијат на квалитет и вредност. Значи за три-четири години да имаат подобар фудбалер, а не на залез на кариерата, од кој нема да може ни да се заработи.


Верувам дека Дибала можеби од старт ќе даде некој поголем придонес, не се сомневам дека ќе има голови, асистенции, некои екстра потези, но целиот тим особено на подолг рок, повеќе би имал корист од Де Кетеларе.
Лично од секогаш сум ценел давање предност на млади таленти и градење колектив. Тоа е и една од причините што на пример многу ги поштувам Арсенал во последно време.

Но тука, во овој конкретен случај не се сложувам баш со тебе.

1. Де Кателаер е солиден офанзивец со 14 гола и 9 асистенции во белгиска лига. Млад е, има потенцијал, има и добра статистика позади него но сепак, го споредуваш со Дибала - Играч што со 1 потег буквално може да реши натпревар, играч што до сега немал лоша сезона во Серија А, и ова не го зборам само пошто се поврзува со Интер, едноставно отвори го низ сезониве и ќе сфатиш за што мислам.


Од друга страна Дибала е 27-8 години, со оглед на стилот на игра има во него уште најмалце 5 години врвен фудбал (до кај 32-33 рачунаме еве, не мора повеќе). Што значи и дека ем што добиваш од старт МНОГУ повеќе, туку и си покриен во наредни еве стај ги 3 сезони (до негова 30та година). Буквално во најдобрите фудбалски години е, ти носи ОГРОМНО искуство од репка и Серија А и буквално инстант импакт во тимот.

И покрај повреди, и покрај се, Дибала би го избрал секој пред Де Кателаер.


Исто така не ми е јасно зашто би морал Милан да бира помеѓу двајцата?
Дај му на Дибала плата и 3 години договор и пак пазари си го Де Кателаер. Колку што знам Милан нема финансиски проблеми, а двајцата не се ист тим на играчи и не играат на исти позиција.


2. Давањето шанса на млади фудбалери и занемарување на вакви пенал ситуации ко со Дибала би било прифатливо само ако се работи за веќе одличен млад играч, а не млад талент од Белгија. Пошто многу лесно може да искочи и белгиецов нов Жоао Марио во Серија А. Под огромен знак прашалник е и самиот играч како ќе се снајде во Италија и ДАЛИ има ПОТЕНЦИЈАЛ да стане подобар од Дибала на пример - којшто де факто е одличен играч и вреди да биде во тим иако е склон на повреди.




Пак ќе кажам, ти ја сфаќам поентата, и јас сум за тоа. И јас пре би да го гледам Пинамонти како замена напред пошто е млад играч којшто може да напредува. Ама факт е дека ако морам да бирам помеѓу Пинамонти и Дибала одма би го одбрал Дибала.
29 години ќе има, 3 добри сезони да ги истера во Интер јас сум задоволен. Иако на пример белгиецов или Пинамонти имаат цели кариери пред нив и може да станат класа играчишта и да трпаат 10+ години, јас сакам уште следна сезона Интер да освои Триплета, и нормално се дур е разумно пазарењето секогаш би одбрал искусен докажан играч (освен ако не е пред пензија - пример Роналдо) наместо млад потенцијал.
Пак прост пример, Белгиецов би го одбрал пред Роналдо во секој случај заради самите години и муабетот ти што го пишуваш.


И 29 години не се залез на кариера. Особено не во денешно време. На Фифа да, оверал им паѓа после 30, но мислам дека доволно примери имаме секоја сезона дека до кај 34 години си трпаат на врвно ниво играчи. Лева, Бензема се први што ми паѓаат на памет.






Сепак, зависи од многу фактори, може Дибала за 4 сезони ќе биде дупло боље играч, може уште следна сезона белгиецов ќе распали и ќе биде дупло боље од Дибала во сезона-две, но тоа не значи дека во овој момент белгиецот е попаметен избор од Дибала.



Имаше пишано некој низ постовиве за играчи како ремзи и слично, и држи вода, има тон бесплатни трансфери што флопнале јако, но исто така има и тон млади таленти што останале само тоа, фифа менаџер потенцијали. Никој не може да знае како ќе биде, затоа и баш се гледа моментално и блиска иднина а не што би било во нардени 4,5 или 10 години. Коа и тој млад играч може да си отиде за ич пари или да флопне, или пак и тој стар искусен лисец моеќ да отиде за 50 милки (лева) и да гази со години. А реално и секоја година по некој играч се пробива, ќе има нови деца, нови дибали и декателеблабла. :)
 
Член од
15 ноември 2008
Мислења
5.728
Поени од реакции
11.564
Доколку претпоставиме дека договорите би им биле 4 годишни, Дибала како слободен агент со плата од 6/7m. би го коштал Милан горе доле исто или повеќе од Кетелар за 30m и плата 2m, но, на истекот на тој 4 годишен договор Дибала као 32 годишен играч би имал resale value 0 за разлика од другиов, повредите тука сигурно влагаат у муабет исто, Дибала има пропуштено 40 официјални утакмици за Јуве заради повреда во последните 2 сезони.

И со се ова спомнато сигурен сум дека 90% од фановите на Милан би го одбрале Дибала, но не гледаат така клубовите во последно време. Заради тоа сме 18 јули а Дибала е уште слободен агент пред потпис во Рома.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.586
Поени од реакции
81.173
Колку е коефициентот дека во текот на сезоната Мурињо и Дибала ќе се срчкаат? :icon_mrgr:
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.277
Поени од реакции
45.676
Имиџ правата ради кои начелно се здави со Јуве нема да вредат толку после 2-3 години редовни настапи во Куп Уефа.

Ваков автогол не памтам некој да си дал. Алал да му е.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.586
Поени од реакции
81.173
На крај ќељавиов полицаец кога дозна дека е Бакајоко, сигурно помислил "кај најдов неспособниов да го проверувам..."

П.С. Доброволно ќе лежам затвор ако ме спроведе полицајката до таму:love:
 

Leo Bonnie

Кад се врате скитнице
Член од
20 декември 2008
Мислења
4.444
Поени од реакции
5.441
Имиџ правата ради кои начелно се здави со Јуве нема да вредат толку после 2-3 години редовни настапи во Куп Уефа.

Ваков автогол не памтам некој да си дал. Алал да му е.
Случајот на Дибала е најдобар пример зошто постојат професионални агенти. Агенти другарчиња од маало во денешниот фудбал не можи посебно за недефиниран играч ко него. На крај пак прифати најреална понуда за неговиот квалитет, 4.5м плус 1.5 бонуси но далеку помала од таа на Јуве.
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.842
Поени од реакции
8.688
Ако некој е спремен да дискутира и да образложи повеќе од "хехе" и "шашав", спремен сум внимателно да прочитам и да одговорам. :cool:
Автоматски споено мислење:



Не е екстра класа! Се очекуваше да биде, но не стигна до така високо ниво.
Да ми помине еуфоријата од Дибала па ќе бидам спремен да дискутирам :D


Уствари, еве на кратко, како од една страна тврдиш дека Дибала е краткорочно решение, божем го купуваш Жиру на 32-33 години??

А од друга страна велиш детево од Белгија на долг рок повеќе ќе се исплатил и тимот ќе имал повеќе корист од него??

Еден Итурбе го купивме 30мил и дечкото за две години го снема од фудбалската мапа, а не па да ни биде долгорочно решение и корисен за тимот мн години во иднина...
 

Down

Boozer
Член од
4 мај 2012
Мислења
3.221
Поени од реакции
5.129
Дибала е уште еден од најдобрите играчи у лига кога е здрав.....и кога му се игра....

Да имаше друг менталитет немаше у Рома да заврши, no offense.

А тоа дека неможе секој да биде агент е точно, исто и оној Дембеле од Барса исто се заеба како и Дибала.

Ја би рекол и Раилоа дека лани го прееба Долар за иста плата отиде на клупа да седи у ПСЖ и Погба го прееба што не прифатија огромна понуда од Јунајтед лани за да остане.
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
7.734
Поени од реакции
13.358
Да ми помине еуфоријата од Дибала па ќе бидам спремен да дискутирам :D


Уствари, еве на кратко, како од една страна тврдиш дека Дибала е краткорочно решение, божем го купуваш Жиру на 32-33 години??

А од друга страна велиш детево од Белгија на долг рок повеќе ќе се исплатил и тимот ќе имал повеќе корист од него??

Еден Итурбе го купивме 30мил и дечкото за две години го снема од фудбалската мапа, а не па да ни биде долгорочно решение и корисен за тимот мн години во иднина...
Се вртиме околу истото. Може да ставиме милион примери за пропаднати млади таленти или за клубови кои се зезнале со докажани фудбалери.

Филозофијата на Милан е таа што ја напишав, затоа и се коцкаат со тој од Белгија, плус што и по карактеристики таков повеќе им одговара. Ова последно сите го занемарувате.

Гаранции има за фрижидери, за фудбалери нема.
 

Jankoff

Run that, pass that.
Член од
4 септември 2019
Мислења
1.640
Поени од реакции
2.606
инхихихихихихихихихихихихитерррррррррррррррррр
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom