Serie A 2021/2023

Шампион?

  • Вкупно гласачи
    292
Статус
Затворена за нови мислења.

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.072
Поени од реакции
21.950
Испадна дека е влажен сон на некое египетско детенце од 47 години што ја админувало локалната страница на АЦ Милан Египет.
Мислам во групата Милан Балкан или некоја друга српска група на фб се оградија од глупостите на дететео.
 
Член од
6 април 2014
Мислења
4.930
Поени од реакции
6.094
Што бидна со новата тема или барем преименувајте ја оваа.
 
Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.493
Поени од реакции
80.554
Што бидна со новата тема или барем преименувајте ја оваа.
Јас викам почеток на Август да се отвори, недела дена пред да почне првенството...тимовите уште немаат направено голем број на трансфери, па залудно е да се отвара нова тема сега со горе-доле исти состави на клубовите
 
Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.046
Поени од реакции
17.711
И секако нова тема да се отвори, баталете такви работи како преименување.
 
^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.735
Поени од реакции
7.983
На ушите си седите, ви рекоа недела до две пред да почне првенството... запнале тема та тема.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.507
Поени од реакции
21.280
Ама се ослободи од Дибала, Мората и Бернардески. :D
Плус Киелини.
Ако се остварат гласините, односно ако ги донесат Ди Мариа и Погба би требале да се озбилни наредна сезона. Ди Мариа не е Марадона како што Буфон го опиша, ама сигурно ќе изгази во тандем со Киеза и Влаховиќ.
Секако, ќе мора да купуваат и во одбрана нешто а ако сакаат да се компетитивни, а ќе мора да ги задржат Квадрадо и Де Лихт. Де Лихт можеби и немаше улога ко Киелини, ама сигурно ќе им фали многу ако го продадат. Тешко дека ќе успеат да го заменат со оној Гати од Фросиноне а и Демирал мислам дека официјално е откупен од Аталанта. Чудни потези прави Јуве последниве години. Порано беа многу посериозни на маркетот. Нема никад да ми биде јасно зашто се откажаа од Пјаниќ за да го донесат Артур. Буквално никој не виде аир од таа трампа.

Од друга страна Наполи купија еден солиден лев бек од Хетафе и плус го донесоа оној грузиецон Кварашкелиа од кој очекувам да експлодира ако има солидна минутажа. Мислам дека нема да им фали воопшто Инсиње кој и онака последниве две сезони беше испод ниво.
Рома го донесоа Матиќ а и потпишаа со оној турскиот десен бек од Лил - Челик. Рекорди бушат со продадени сезонски карти а и титулата во Конференциска лига ќе им биде доволна мотивација. Солиден состав и солиден тренер кој сигурно ќе сака да биде во топ 4.
Милан засега ми се енигма. Очекував малку подрско да излезат на пазарот со оглед на тоа дека тука цело време се коментира дека се стабилни со финансии и плус се актуелни шампиони ама засега делуваат пасивно. Се поврзуваа со тој Ботман и со Санчез, едниот потпиша за Њукасл а и другиот изгледа нема да дојде. Ориги е нивни играч ма да мислам дека таа позиција и не им беше толку проблематична. Потребно им е десно крило а и по секоја цена да го задржат Леао. Кеси им отиде па очекувам да пазарат и во средниот ред.

Реално е да се очекува исто толку неизвесна сезона како претходната со што можеби ќе видиме и повеќе тимови во битка за титула до сам крај. Но, да видиме првин како ќе се одвива трансфер пазарот па ќе влечеме заклучоци.
 
Член од
27 мај 2013
Мислења
3.469
Поени од реакции
4.622

Не значи дека ако се извадиле од долгови последниве 3 години, дека треба пак да се затрупаат во гомна :D
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.507
Поени од реакции
21.280
Не значи дека ако се извадиле од долгови последниве 3 години, дека треба пак да се затрупаат во гомна :D
Па ако се извадиле значи дека се на добар пат нели? Освоија скудетото, ќе играат ЛШ што значи ќе има екстра прилив, публиката се врати и нема никакви оправдувања за да не го одврзат ќесето.
А и не мора да потрошат многу за да се зајакнат на одредени позиции. Не зборам јас сега Милан да биде заинтересиран за сите топ играчи. Еве Интер севкупно дали 15 милиони потрошија ама потпишаа 4 играчи од кои дури тројца би можеле да бидат првотимци. Јуве за џабе ќе ги донесат Ди Мариа и Погба. Рома за џабе Матиќ, Наполи на двајца многу просперитетни играчи потроши едвај 20 милиони. Делуваат Милан пасивно и нема што тука. Не го зборам ова од инает, само реално гледам на работите и ја коментирам ситуацијата.

Башка тебе како фан не знам како нешто ќе ти значи ако клубот е во подобра финансиската состојба а не го засилува својот ростер. Знам дека ќе пазарат нешто месецов Милан, сигурно нема да останат вака ама јас да знам дека Интер е во добра финансиска состојба а ништо не купува, не би бил задоволен воопшто. Од тоа единствено газдите можат да бидат задоволни, никој друг.
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
7.658
Поени од реакции
13.156
Милан доби нов сопственик пред неколку недели, а тој се договараше со луѓето кои ќе бидат одговорни за трансфери до пред неколку часови.

Не беше изведено добро сето тоа, но поради тие работи Милан беше повеќе пасивен од другите.

Може малку ќе претерам, но да ги тргнеме тие што треба да дојдат, затоа што такви ги има и кај Милан (а некои веќе завршија во друг клуб), никој уште нема нешто многу активен пазар, ниту многу потрошено, а особено што за Интер и Јуве се најавува еден голем трансфер во обратен правец, случајно се потрефи да се и двајцата дефанзивци.

Ако збориме за талентирани фудбалери, Милан го има Адли, а му се враќа и Побега.

Што се Асални и бекот од Каљари толку драстично поголеми таленти од нив двајца? Веројатно мислеше на нив. Освен нив, Лукаку и стариот како замена за Хакан, не ми текнува на други трансфери на Интер.

Рома го довела Матиќ, се зборува и за Фратези, но и дека ќе си оди Заниоло.

Милан е најпасивен, но и кај другите уште повеќе е зуење, отколку навистина нешто да се направи, а ќе има и излезни трансфери.

До сега, единствено значаен трансфер, што менува многу и го цементира Интер за прв фаворит е враќањето на Лукаку. И по плата и по реномето и по проблемите на Интер од минатата сезона.

Како ќе изгледа овој потег на подолг рок ќе видиме, но од тоа што изборот падна прво на него, а за Дибала да се види што и како, јасно е дека Интер оди по секоја цена да освои титула наредната сезона, а за потоа што биде.
 
Член од
27 мај 2013
Мислења
3.469
Поени од реакции
4.622
Па ако се извадиле значи дека се на добар пат нели? Освоија скудетото, ќе играат ЛШ што значи ќе има екстра прилив, публиката се врати и нема никакви оправдувања за да не го одврзат ќесето.
А и не мора да потрошат многу за да се зајакнат на одредени позиции. Не зборам јас сега Милан да биде заинтересиран за сите топ играчи. Еве Интер севкупно дали 15 милиони потрошија ама потпишаа 4 играчи од кои дури тројца би можеле да бидат првотимци. Јуве за џабе ќе ги донесат Ди Мариа и Погба. Рома за џабе Матиќ, Наполи на двајца многу просперитетни играчи потроши едвај 20 милиони. Делуваат Милан пасивно и нема што тука. Не го зборам ова од инает, само реално гледам на работите и ја коментирам ситуацијата.

Башка тебе како фан не знам како нешто ќе ти значи ако клубот е во подобра финансиската состојба а не го засилува својот ростер. Знам дека ќе пазарат нешто месецов Милан, сигурно нема да останат вака ама јас да знам дека Интер е во добра финансиска состојба а ништо не купува, не би бил задоволен воопшто. Од тоа единствено газдите можат да бидат задоволни, никој друг.
Па има позитивни работи доколку е стабилен финансиски, пример немаат потреба да продаваат клучни играчи.

Очекувам 50, 60 милиони меркато од Милан, дали ќе биде доволно за да бидат конкурентни времето ќе покаже.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom