Serie A 2021/2023

Шампион?


  • Вкупно гласачи
    292
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
17 јануари 2019
Мислења
3.302
Поени од реакции
7.434
Сега го гледам овој Петања



Кога не игра фудбал се тепа во УФЦ

 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
7.658
Поени од реакции
13.156
Лаутаро уште се извинува. :D
Автоматски споено мислење:

Треба да престанат да ги мотивираат со "излезете и изгинете на терен". Некои ептен доследно ги следат инструкциите. :)
 
Последно уредено:

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.046
Поени од реакции
17.711
Заслужена победа за Интер, доста подобри во првите 80 минути.

Срамота е она што му го направи Инзаги на тимот со измените. Издоминиран меч го доведе до тресење со две колосални шанси на Наполи.

Наполи, освен индивидуален квалитет не покажа ништо суштински. Типично за нив, од небо се гледа кога запаѓаат во мини криза.
 
Член од
30 јануари 2008
Мислења
13.825
Поени од реакции
23.031
Заслужена победа за Интер, доста подобри во првите 80 минути.

Срамота е она што му го направи Инзаги на тимот со измените. Издоминиран меч го доведе до тресење со две колосални шанси на Наполи.

Наполи, освен индивидуален квалитет не покажа ништо суштински. Типично за нив, од небо се гледа кога запаѓаат во мини криза.

Инзаги у Лацио истото го праеше, колку пута ќе ги извади СМС и Имобиле у 70та и или го јада или се треса до крај
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.311
Поени од реакции
57.753
Нека му каже некој на Инзаги дека и со три измени се играше фудбал до вчера. Одамна не сум се изнервирал вака на добиена утакмица, да ја закуцаше Мертенс на крајот ќе си добиеше што заслужи.
 

Syn

^ Фабричка грешка
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.146
Поени од реакции
40.867
Заслужена победа за Интер, доста подобри во првите 80 минути.

Срамота е она што му го направи Инзаги на тимот со измените. Издоминиран меч го доведе до тресење со две колосални шанси на Наполи.

Наполи, освен индивидуален квалитет не покажа ништо суштински. Типично за нив, од небо се гледа кога запаѓаат во мини криза.
Не му е прв пат ова, и тука и со Лацио, во ситуација кога тимот му има целосна контрола на теренот. Иако рака на срце Џеко ги врати у игра Наполи и ги осоколи на крајот. Дефинитивно не знаат да бранат Интер со Инзаги, навидум бункер играат, али лесно пробоен, две шаблонски исти шанси имаа Руи и Мертенс што екипа која игра бункер еднотавно не смее да ги дозволи, право чудо е како бар еден од овие двајца не реализираше, нарочито Мертенс кој од далеку потешка ситуација даде гол.

Да се биде или не беше ова за Интер денес у трката за скудето, сеа следни две им се Венеција и Специја па се надевам дополнително ќе се вклучат у истата ако кикснат Милан и Наполи следни 2.

Добра утакмица иначе, 4 играчи си сјебаа глави бемлига затоа 8 минути продужија, доста шанси на крајот, Наполи не се за потценување оваа година дефинитивно, кадарни се условно речено, да изненадат, иако у ниту еден случај не заостануваат нешто осетно со квалитет од конкуренцијата, далеку од тоа.
 

G@rfielD

Модератор
Член од
10 февруари 2007
Мислења
10.729
Поени од реакции
9.712
Подобар Интер, ама многу среќа имаа на крај. Ќе ги кошташе Инзаги -2 добиени бода со хорор измените и очајната тактика после вториот гол на Наполи. Овој пат куртулија ама у иднина ако не се опраи Инзаги, тешко до некој резултат ќе стигнат.

Иначе Наполи миџетиве никад нема да освојат првенство.
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
7.658
Поени од реакции
13.156
Многу добра реакција на Интер по првиот примен гол. Тогаш и почнаа да играат.

Иако добро им дојде тој третиот гол од контра, уште тогаш почнаа да паѓаат, не само последни 10 минути. Само што се повеќе одеа надолу, ги турна и Инзаги, а почнаа и да паничат.

Бев изненаден каков карактер покажаа, во многу битен натпревар за нив каде имаа и негатива, тргнав да напишам дека ова е шампионски менталитет, за на крај да се распаднат. Поточно, пак да се распаднат, не им е првпат.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.035
Поени од реакции
106.829
Уствари Наполи ги даде двата гола по очајни грешки на Интер на нивна половина. Инзаги испомеша можда со измените ама Наполи без тоа и со тоа немаше шанси на 3 1 док Џеко не реши да се глупира на 20 метри од гол. Е после голот блам имаше Интер и Господ знае како не примија за 3-3. Редно беше да имаме среќа у дербињава јбг. Многу битна победа за Интер, сега се враќаат апла у трката за титулата.

Спалетихихихихиих
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
7.658
Поени од реакции
13.156
За разлика од минатата година, кога имавме неквалитетна и неконкурентна сезона, сега изгледа ќе биде конкурентна, но и понатаму неквалитетна.

Во гермснско првенство, ако нема БМ конкуренција, ги имаш едни од најталентираните млади фудбалери, иновативни тренери.

Да не сме почнале на времето да навиваме за овие клубови, дали по еден натпревар во месец би гледале.
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.453
Поени од реакции
5.435
За разлика од минатата година, кога имавме неквалитетна и неконкурентна сезона, сега изгледа ќе биде конкурентна, но и понатаму неквалитетна.

Во гермснско првенство, ако нема БМ конкуренција, ги имаш едни од најталентираните млади фудбалери, иновативни тренери.

Да не сме почнале на времето да навиваме за овие клубови, дали по еден натпревар во месец би гледале.
Ако правиме реален муабет освен ПЛ ниту една друга лига не е толку популарна и не влече толку неутрални гледачи.

Бундес и со сите тие млади играчи, и со Баерн, и со Дортмунд кога играа финале ЛШ, пак не успеа да собере многу нови фанови/гледачи. Франција види ја исто. Шпанија фан базата ти е Реал и Барса и еве можеби Атлетико итн.

Серија А мора да поработи на маркетингот. Самите тимови мора да работат на маркетингот, не дека нема кој да влече гледачи.
Интер, Милан и Јуве на страна имаш екипи како Аталанта, Наполи, Рома и Лацио, екипи со потенцијал да станат(пак) некој бренд и фактор и да повлечат играчи.
Конечно Милан и Интер излагаат од криза, Јуве пак ќе се врати, додади ги и овие 4 други и имаш доста потенцијал. Само некој ќе треба да им го понуди тоа на гледачите. Не иде преку ноќ. Бундес за разлика од Серија А ти е Баерн Лига, веќе од старт решено првенство, кој играч се издвои си иде у Баерн и тоа е тоа. Во Серија А сега барем нема веќе такво издвојување на ниту една екипа. Ако успеат да направат "голема 6ка" како ПЛ тогаш мислам дека и фановите сами ќе си дојдат со добар маркетинг.

Се е до брендот.


Квалитетот е дискутабилен, брендот е доста побитен. Треба понуда од повеќе јаки екипи и повеќе дерби утакмици. Да се дигне бренд и да може да се влечат добри играчи.

Убаво си кажа, и ние сме почнале да гледаме Серија А кога била можеби и најдобра лига во Европа.
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
7.658
Поени од реакции
13.156
Не зборев за лиги и клубови како бренд и маркетинг. Само за фудбал. Поквалитетен и погледлив фудбал се игра во Германија (не треба да не залажува што во Италија, ако не сум грешка, минатата сезона беа постигнати повеќе голови на натпревар). Поквалитетни фудбалери, голем дел од најголемите таленти поминуваат низ нивни клубови, неспоредливо поквалитетна струка (од спортски директори до тренерите кои работат во младински академи), не за џабе вадат толку добри тренери.

Околу заминувањето на фудбалерите. Таму барем БМ може да ги задржи своите во голем број, во италијанското ниту еден клуб. И не одат сите во БМ, иако тоа и не е многу за пофалба, бегаат и во ПЛ.

Ќе видиме колку се стабилизирани и се засилуваат Милан и Интер, а и Јуве, кој проба да изигрува италијански БМ. Можеби звучи глупо, но моментално Милан сака да биде Дортмунд, со мал шмек на Ливерпул, да не биде дека се само развоен клуб. :) А како што сега стојат работите, бидејќи Кинезите не сакаат да бидат како арапите, ќе мора и Интер да тргне во тој правец. Другата алтернатива е земање пресеци, слободни или евтини веќе потрошени фудбалери, често и со поголема плата од што вредат. И од двете категории не можеш да заработиш. Тешко веќе Хакими за 40 милиони, а Лукаку за 70.

Иако мене ми беше муабетот за моментално што може да понуди италијанското првенство.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom