Како мислам? Кратко и јасно, дечкото златни години скапа у Рома, ни титула ни бутур виде. Како не би се наметнал у прва постава у топ тим? Типот си гази у Интер (топ тим) на 35 годишна возраст, газеше у Сити (уште еден топ тим) на 26-7 годишна возраст, зашто не би се наметнал у друг топ тим у златните негови години? Сигурен сум дека имало некој топ тим што се интересирал за него, ама ради некои причини не заминал. Гарантирам.
Далеку е од кремот на напаѓачи сега можеби, ради фактот што има 35 години. А тогаш далеку беше од кремот само ради тоа шо скапа у Рома. Ради ништо друго. Да играше у Јуве ко шо спомна, или Баерн, Реал или некој четврт, верувај дека ќе се протуреше од голови давање и титули носење/освојување. Класа играч, нема клуб кај што играл а да не газел.
Хмм, не се сложувам.
Еве, според тебе најдобрите години на Џеко биле додека играл во Рома, односно од 2015та до 2021ва, така?
Да ги земеме топ клубовите, што доминираа и освојуваа титули за тој период (во домашни и европски натпреварувања) и нивните напаѓачи и да видиме наместо кој напаѓач Џеко би играл прв тим, значи би имал загарантирано прво место во првите 11 на екипата и би бил главен напаѓач во истата, не напаѓач за ротација.
Реал Мадрид - Безнема
Барселона - Суарез
Баерн Минхен - Левандовски
Јувентус - Игуаин
ПСЖ - Кавани
Манчестер Сити - Агуеро
Ливерпул - Фирмино (не земајќи го стилот на игра, овде мислам дека Џеко подобро би се снашол).
Челзи - Мората (овде дефинитивно подобро би дошол Џеко)
Манчестер Јунајтед - Лукаку
Освен две екипи, Ливерпул и Челзи, не гледам во другиве екипи како Џеко би се наметнал пред останатите напаѓачи, би бил стандарден прво тимец и би бил клучен играч за освојување на трофеите на екипите кои ги освојувале за ТОЈ период, односно за периодот од 2015та до 2021ва.
Ќе повторам, Џеко е супер напаѓач, ама дека изгубил ЗЛАТНА кариера зашто останал во Рома, не се сложувам.
Баш напротив, останувањето во Рома му беше една од подобрите работи во кариерата, стандарден првотимец во конкурентен тим, давање на милијарда голови во Рома, главен играч и оставање на траг во лигава.
Во било кој друг клуб, за ТОЈ период, Џеко ќе седеше на клупа и ќе служеше за ротација да го одмара главниот напаѓач.