Serie A 2021/2023

Шампион?


  • Вкупно гласачи
    292
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
4 октомври 2010
Мислења
7.760
Поени од реакции
13.404
Навивачите на Интер ти се како оној швалерот што никогаш не признава, дури и кога ќе го фатат во кревет со друга жена.

Да беше против Интер или Рома (т.е. Мурињо) ќе имаше и најави за штрајк со глад поради големите неправди во италијанскиот фудбал.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.544
Поени од реакции
21.501
Слабо се гледа, многу лош агол.

А тоа од Интер како не е пенал, чисто играње со рака.
Рома Јуве имаше игра со рака на Де Лигт ама не свиреше судијата и беше правилен потег. Нешто слично беше и ова на Шкриниар...

 
Член од
28 октомври 2021
Мислења
1.091
Поени од реакции
2.145
Рома Јуве имаше игра со рака на Де Лигт ама не свиреше судијата и беше правилен потег. Нешто слично беше и ова на Шкриниар...

:pos:

Каде бе со овие споредби?

Стави видео да видат сите дека топката се одби од колено во рака.

Судијата беше точно пред нив, и одма одмавна со рака дека не е пенал.
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
380
Поени од реакции
1.264
ВАР проверуваше за ова од Интер, памтам дека изведуваа корнер Аталанта после тоа и имаше мал прекин и одговорот беше дека нема ништо спорно.

Дали ради тоа што Пашалиќ е преблиску, дали топката секако одеше кон телото, или имаше врска тоа што Дамброзио беше во пад откако беше турнат од Дамфрис, не знам, матна е и снимката, ама знам дека во последно секогаш има реакции за спорни ситуации од таа судиската федерација или општо екс-судии, експерти, а за ова немаше ништо и прв пат спомнува некој рандомец од твитер, така да не е некој репер мислам.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.544
Поени од реакции
21.501
:pos:

Каде бе со овие споредби?

Стави видео да видат сите дека топката се одби од колено во рака.

Судијата беше точно пред нив, и одма одмавна со рака дека не е пенал.
Па ако го прочиташ мојот коментар ќе сфатиш дека и јас го тврдам истото, односно дека не е пенал. И во двете ситуации се смета за природна положба.
 
Член од
28 октомври 2021
Мислења
1.091
Поени од реакции
2.145
Па ако го прочиташ мојот коментар ќе сфатиш дека и јас го тврдам истото, односно дека не е пенал. И во двете ситуации се смета за природна положба.
Ми изгледа како намерно играње со рака, штета што нема подобар агол.
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
380
Поени од реакции
1.264
A player is considered to have made their body unnaturally bigger when the position of their hand/arm is not a consequence of, or justifiable by, the player’s body movement for that specific situation.
Преблиску е ова, Дамброзио е турнат од позади и во пад и нема кај да ја носи раката, буквално никогаш не е ова пенал, ама фала му на LouGirardiReal од Твитер и МаксАлегри од Кајгана за загриженоста.

1642429191351.png
Автоматски споено мислење:

Ми изгледа како намерно играње со рака, штета што нема подобар агол.
како бе намерно хахахах, Дамброзио не ни гледа шо се дешава зад него, ама напуцана топка на 10 сантиметри растојание намерно ја фатил :pos:
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
7.760
Поени од реакции
13.404
ВАР проверуваше за ова од Интер, памтам дека изведуваа корнер Аталанта после тоа и имаше мал прекин и одговорот беше дека нема ништо спорно.

Дали ради тоа што Пашалиќ е преблиску, дали топката секако одеше кон телото, или имаше врска тоа што Дамброзио беше во пад откако беше турнат од Дамфрис, не знам, матна е и снимката,
ВАР се' гледа, само нешто од старт отфрла, а друго проверува. Тоа не може да биде главен аргумент дали е пенал или не.

Турнат е од негов играч. Доколку го удри топката, смени правец и влезе во гол, треба да го поништат затоа што бил турнат? Намерата може да биде аргумент за картон (црвен или жолт), но не и за тоа дали е пенал доколку оди топката према гол и овој ја блокира со рака.

Како одела кон телото кога раката е позади Дамфрис?


И не мислам дека е нешто намерно судено во корист на Интер за да им помогнат, а да им наштетат на другите. Едноставно се случуваат вакви работи. Работата е во тоа што кога ќе има ваква одлука против Интер или во корист на другите, туку веднаш се ставате во улога на жртва, борци за правда и со денови се вртат тие ситуации.
 

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.056
Поени од реакции
17.743
Многу е интересно кога ги дискутирате ситуациите од аспект на правила кога станува збор за ситуација која го засега Интер, а кога ќе дојде ситуација за Јувентус имате сопствено лично расудување, занемарувајќи било какви правила и прописи.

За раката на Дамброзио објаснувањето е дека бил завртен со грб и немал претстава за ситауцијата. Лизгав терен е ова, без разлика што не гледаше, сепак го зголеми својот обем за блокирање и фактички ја „одби“ топката со дланка.
 
Член од
17 јануари 2019
Мислења
3.309
Поени од реакции
7.442
Имаше и игра со рака во шеснатник на Аталанта, еднаш покажаа ситуација, тоа беше повеќе од пенал, не знам зашто Интер не доби...
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
380
Поени од реакции
1.264
ВАР се' гледа, само нешто од старт отфрла, а друго проверува.
Точно, ова го проверуваше и му даде сигнал на судијата дека нема ништо спорно, иначе ќе го испратеше главниот судија да гледа.

Туркањето го пишав во контекст на ова, дел од правилникот на IFAB:
„A player is considered to have made their body unnaturally bigger when the position of their hand/arm is not a consequence of, or justifiable by, the player’s body movement for that specific situation.“

Туркањето беше причината поради која раката на Д'Амброзио се најде таму каде што се најде, и апсолутно е justifiable by the player’s body movement for that specific situation.

И на крај, топката е преблиску до раката, никогаш не памтам да се суделе вакви напуцани топки од point blank range, ама ок.

За раката на Дамброзио објаснувањето е дека бил завртен со грб и немал претстава за ситауцијата. Лизгав терен е ова, без разлика што не гледаше, сепак го зголеми својот обем за блокирање и фактички ја „одби“ топката со дланка.
Ова е официјално објаснување, го има некаде?
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
7.760
Поени од реакции
13.404
Точно, ова го проверуваше и му даде сигнал на судијата дека нема ништо спорно, иначе ќе го испратеше главниот судија да гледа.
Откако воведоа ВАР немало ситуации да проверувале, комуницирале со судијата и да донеле погрешна одлука?

Веројатно и тука да разлистам ќе најдам некоја таква одлука со која не сте се сложувале.
 
Член од
17 јануари 2019
Мислења
3.309
Поени од реакции
7.442
Судијата намерно не судеше пенал дека Јувентус со сите сили местат некако да се приближат до четврто место и излез во ЛШ за да не се распаднат целосно...

Намерно Аталанта и некој од Наполи и Милан ќе бидат оштетувани на сметка на Јувентус... Па греота се, не можат ни нови договори на играчите да им понудат без тоа 4-то место иако мислам ќе завршат на 5-то.

Ќе биде плач и лелек од Миланезите наредно коло кога ќе има спорни ситуации...
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
380
Поени од реакции
1.264
Откако воведоа ВАР немало ситуации да проверувале, комуницирале со судијата и да донеле погрешна одлука?

Веројатно и тука да разслистам ќе најдам некоја таква одлука со која не сте се сложувале.
Ама муабетов го тераш ко единствениот аргумент да ми е тоа што ВАР провериле.

Апсолутно не се безгрешни, нормално е да има грешки и се согласувам со тебе дека не е сè некаков заговор, туку дека понекогаш грешки се случуваат, ама то не го прави ова автоматски пенал, пишав погоре зошто, настрана од проверката на ВАР.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom