Serie A 2021/2023

Шампион?


  • Вкупно гласачи
    292
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.507
Поени од реакции
21.280
Во Серија А имало и има таленти, тоа не е спорно, зборуваме за тоа каде се подобри, но и побројни. Малку ви беше што ја "победивте" Бундес, па сега (повторно) и се навртевте и на Премиер.
Оф мори мајко. Толку текст напишав и ова е твојот заклучок?
Муабетот ми беше дека не се толку лоши како што се збори односно дека има доста добри млади, но не се медиумски застапени како останатите. Еве го потат сите со Педри, солиден играч нема што, ама не е малце напумпана цела прича за него?
Барела постои ли? Не читам ништо за него на твитер а за Педри постови ми излагаат секои 5 минути. Едниот освои ЕП лани и Серија А. Другиот игра за тим рамен на Сасуоло во моментов и пак Педри најјак.
Од друга страна пак ќе се вратиме на Влаховиќ, дроби братот а само чат пат некој ќе напише затоа што гледаат дека прераснува во супер ѕвезда. Но да играше во ПЛ сега ќе имаше откупна клаузула од 500 мил.
Ете тоа е целата поента а не дека сакам да ја "победам: ПЛ со ова што го пишувам.
Се знае рангот за топ лиги кој е.
ПЛ на врвот, празни места па после останатите лиги. Парите си го прават своето.

А ова со номинацииве ми е малку смешно. Киеза го зборев уште кога беше во Фиорентина дека е играчиште се смееа тука на форумов и дека не вредел 50 милиони.
Отиде на ЕП, им ги врза ногите на играчиштата за кој зборите и одма се крена фама за него. Исто беше и со Канаваро 2006та. Никој немаше посебно мислење за него се до тоа СП, па после златна топка, трансфер во Реал....

П.с. ти не си ми јасен. Го имате Тонали кој е играчиште, се гледа тоа. Ќе ви го лапне некој од друга лига па после ќе сфатите колку уствари бил он добар.
 
Член од
6 април 2014
Мислења
4.929
Поени од реакции
6.094
Italija nikakogas nema da stane liga za privlekuvanje investici kako prvo se povtoruva scenario so Juventus i nivnite matni transferi i majko mila kakva mestenka venezia 3-4 verona kade si davat avtogol pravat nameren crven da bide isklucen i potoa nameren penal za da moze da izgubat hahha koja promaja od liga mizeri nevideni.
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
7.655
Поени од реакции
13.156
Оф мори мајко. Толку текст напишав и ова е твојот заклучок?
Не беше само за тебе, а инаку овој муабет почна уште пред неколку недели, се изнапишаа секаков вид на коментари.

А еве како почна, а бев изреволтиран после гледање на доста лоши натпревари. Да не биде дека се оградувам, уште стојам на тоа, во глобала таква е сликата.

"За разлика од минатата година, кога имавме неквалитетна и неконкурентна сезона, сега изгледа ќе биде конкурентна, но и понатаму неквалитетна.

Во гермснско првенство, ако нема БМ конкуренција, ги имаш едни од најталентираните млади фудбалери, иновативни тренери.

Да не сме почнале на времето да навиваме за овие клубови, дали по еден натпревар во месец би гледале."



Зарем немаат подобра спортска политика, која направи навистина квалитетни тренерски имиња? Како и што создаваат и привлекуваат млади квалитетни имиња. Имаат простор да се развиваат, со нив добро да се работи, да добиваат простор, а притоа да играат и ЛШ, значи да учат во дуел со најдобрите.

Тоа е логичен избор од перспектива на млад фудбалер, а кога го пишувам тука се пречекува на нож, како не знам што да сум напишал. Па Милан се мачеше да доведе таленти, затоа што други средини беа препознаени како подобри за развој. Сега видоа дека клубот води политика погодна за млади фудбалери и веќе е поинаку.

Па и доста други клубови веќе неколку сезони менуваат начин на работа, но треба време.




Еве го потат сите со Педри, солиден играч нема што, ама не е малце напумпана цела прича за него?
Барела постои ли? Не читам ништо за него на твитер а за Педри постови ми излагаат секои 5 минути.
Од друга страна пак ќе се вратиме на Влаховиќ, дроби братот а само чат пат некој ќе напише затоа што гледаат дека прераснува во супер ѕвезда.

А ова со номинацииве ми е малку смешно. Киеза го зборев уште кога беше во Фиорентина дека е играчиште се смееа тука на форумов и дека не вредел 50 милиони.
Јас сум меѓу тие што најмногу го имаат фалено Педри, така да мојот одговор се подразбира. За мене вреди фалењето. И тој не е како многу млади таленти кои што упаѓаат во очи, кои се ослонуваат само на брзина и дриблинг. Неговите карактеристики и начинот на кој играше за Барса и за Шпанија се многу повредни, особено што уште е дете. Само будалата реши да игра и ОИ, како малку да беше напорна целата сезона и еве сега е повреден.

За видливоста до некаде се сложувам, но квалитетот ќе си го изнајде патот.

Не знам дали имам фобија од Џонтра, но јас и премногу читам за Влаховиќ. :)

Исто како што се крева фама за некои на европско ниво, за некои се крева на ниво на Италија (кога сме кај Влаховиќ, плус нашиот регион). Баш затоа и пишав дали има капацитет да биде на највисоко ниво, на самиот врв или малку се претерува.

Инаку за Барела и другите е проблем што немаат успех во ЛШ. А тој за несреќа не изигра многу добро на ЕП, веројатно затоа што беше и доста потрошен. Но, дечкото може слободно да игра во најсилните клубови.
Автоматски споено мислење:

П.с. ти не си ми јасен. Го имате Тонали кој е играчиште, се гледа тоа. Ќе ви го лапне некој од друга лига па после ќе сфатите колку уствари бил он добар.
Сега го видов овој дел.

Мене ти не си ми јасен, со уште неколку други. :) Кој напиша дека нема таленти во Италија? Не знам зашто секогаш се фаќате за еден пример со цел да докажете нешто. Еве Грилиш бил преценет, но Маунт и Фоден не се.

А Тонали веќе го користев за пример колку утнуваме во нашите проценки, а додека ги правиме се фаќаме за гуша со другите. Само што јас си признавам за разлика од другите. :)

Минатата сезона, особено од јануари натаму, на почеток беше малку и толериран, го направија потпросечен. Кај нас во фан клуб сакаа да го врати Малдини и да пропаднат веќе дадените 10 милиони, а вие првин кукавте, потоа сеир теравте. Како сега што "пропаднале" извиканите Санчо, Вернер, едно време и Хаверц, така и на него Кајгана му одржа опело и го исплакавме.
 
Последно уредено:
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.419
Поени од реакции
7.757
Многу нормално дека играчите од Италија ќе бидат спротивно од хајпани, кога цела медиумска машинерија во Италија е насочена кон Леота и остали спонзоруши, додека енглезите и германците се поим за нив.
Пази, медиумите имаат статистика што ти ја покажуваат и стручни коментатори кои ти ги отекуваат јајцата со небитни стстистики ала “успешност на стартови во противнички 16ник”, све тоа сликовито претставено фино убаво со црвени точки низ терен и милион статистики фино, јасно со алал ко што треба. Милион преплавени профили на инстаграм, твитер кои “живеат” и стварат аудиториум кој прати фудбал.

Имаш јутуб заедница и праат милион клипови сите до еден, додека Италијаните до пред 2 години едвај беа присутни на соц. мрежи.

Сите што идат таму зборат на англиски и тоа е дужност… додека Италијаните сакаат италијански да си ги тераат работите, малце локално и националистички, застанати у време. Излегле Балѕарети и Бобо Виери со stylish italian fashion со фуфицата и демек зборат за фудбал. Глупости.
Не дека енглезите се идеални и они забегуваат…

Ама енглезите дури им го земаат juice-от на италијаните со емисии ко оној црнецот што вика бивши легенди и ги покажуваат сите дресови што ги носеле у кариера. Многу интересно шоу, мора да се признае. Виали и Ѕола ги имаше чинам.

Тоа се дел од милион ситници што го зголемуваат хајпот и допринесуваат фудбалот да биде привлечен… Друго е исто кога докажани легенди ќе излезат на тв и ќе речат “Го бива дечково”, ќе се качи цената автоматски.

Искача Ибра и кажува како сјебал 5 милионски ПР план за неговиот трансфер во Манчестер. 5 милиони е верувам целиот износ или 80% од кешот што Салернитана го дава за плати годишно. Никад досега не бил свесен за тоа.

До толку се тиња што Дел Пиеро со трето оделенско ниво на англиски е pundit во Англија. Или во америка, сеедно.

Цело време интервјуа, ретро фаци, гостувања, емисии, таблоиди, пишувања, социјални мрежи. Свесни се за потенцијалот на фудбалот и го фураат тоа.

Сеа, не дека се заостанати Италијаните толку, ама можат многу дс работат на експанзија. Нека признаат јазичен пораз и нека почнат на Англиски да фураат. Сепак многу помалце го зборат тој јазик од Англија, Германија или Шпанија и тоа многу ги кочи. А 90% од луѓето што имаат 25+ на глобално ниво израснале со Серие а. Овие тоа не го користат и веќе возот е отиден.

Шпанското тој јазичен феномен го надмина глобално (иако имаат огромна фан база и јазична покриеност) со тоа што една декада играа може најдобрите играчи во историја. Они имаа нешто и го одржаваа. Сега се соочуваат и они со проблем.

Уствари што дебатираме, една Аталанта што е пример за модерен клуб тек допрва го среди стадионот да може да игра ЛШ во него. Нешто што третолигаши англиски можат да си го дозволат.

Инфраструктурата е многу катастрофална во Италија, и тоа е факт. И срамота е да се извртат 50 пати едни исти земји, Светско, Европско… а Италија од пред 30 години последен пат била домаќин. Значи нешто смрди тука. Корумпирана држава е тоа скроз.

Data science фудбалот и скаутинг во Италија мислам дека тек допрва почнува да се имплементира, додека пак во Англија тоа е веќе етаблирана пракса. Особено кај послабите екипи.

Има мала еволуираност во фудбалот и реално добро се игра во Италија, 60 минути, другото иде у излегавање, гестикулирање, глумење, лежење, чекање, пимплање, изведување бесни глисти, командување и давање инструкции…
 
Последно уредено:
Член од
4 октомври 2010
Мислења
7.655
Поени од реакции
13.156
Сега гледам статистика, Џенова цел натпревар нема ниту еден шут кон гол!? :facepalm:
 
Член од
28 октомври 2021
Мислења
1.089
Поени од реакции
2.145
Лесно е кога ја имаш најдобрата во Италија, може и пошироко.

Не игра најдобриот средњак во светот, Чаханоглу, иначе каде ќе им беше крајот.
 

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.046
Поени од реакции
17.711
Џенова со години се спасува од испаѓање, катастрофа се веќе неколку сезони.

Нема да ме чуди и сега да се спасат, со оглед на тоа што ги имаме Салернитана, Специја и Венеција, кои може да пропаднат после пресвртот од 3-0, на 3-4 денес против Верона.

На Јувентус со нула самодоверба да не му шутнеш цел меч, стварно треба да поседуваш 0 квалитет. Апсолутна нула. Денес да не беше повреден Киеза и да играше на местото на еден од инвалидите напред 5 малку ќе им беа.
 
Член од
17 јануари 2019
Мислења
3.302
Поени од реакции
7.434
Пинамонти слабиот што не вредел 20 милиони евра и Интер на него правеле 'пулвенза' исто како Јувентус...

Скамака јакиот со помалку голови вредел 30 милиони...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom