Не зборев за лиги и клубови како бренд и маркетинг. Само за фудбал. Поквалитетен и погледлив фудбал се игра во Германија (не треба да не залажува што во Италија, ако не сум грешка, минатата сезона беа постигнати повеќе голови на натпревар). Поквалитетни фудбалери, голем дел од најголемите таленти поминуваат низ нивни клубови, неспоредливо поквалитетна струка (од спортски директори до тренерите кои работат во младински академи), не за џабе вадат толку добри тренери.
Околу заминувањето на фудбалерите. Таму барем БМ може да ги задржи своите во голем број, во италијанското ниту еден клуб. И не одат сите во БМ, иако тоа и не е многу за пофалба, бегаат и во ПЛ.
Ќе видиме колку се стабилизирани и се засилуваат Милан и Интер, а и Јуве, кој проба да изигрува италијански БМ. Можеби звучи глупо, но моментално Милан сака да биде Дортмунд, со мал шмек на Ливерпул, да не биде дека се само развоен клуб.
А како што сега стојат работите, бидејќи Кинезите не сакаат да бидат како арапите, ќе мора и Интер да тргне во тој правец. Другата алтернатива е земање пресеци, слободни или евтини веќе потрошени фудбалери, често и со поголема плата од што вредат. И од двете категории не можеш да заработиш. Тешко веќе Хакими за 40 милиони, а Лукаку за 70.
Иако мене ми беше муабетот за моментално што може да понуди италијанското првенство.