Serie A 2021/2022

Шампион?


  • Вкупно гласачи
    220

Трибиани

Ванда Вештерката
Член од
21 јули 2018
Мислења
3.520
Поени од реакции
7.895
Кога коментирам нешто за фудбал, често ми се случува тој "Васко Ефтов ефект". Се обратно се случува, како некоја казна.

И нормално дека Влаховиќ даде гол.
bitch please...јас кога типувам ми се случува истото...денес насамарив едно 3јца луѓе да си дат по некоја банка за да ги изиграат Лестер,Динамо Загреб,Лацио дупла шанса,Јунајтед двојка :pos: :pos: :pos: ...и тоа со анализи триста чуда....барем Астон Вила сум ја погодил по логиката "нов тренер" ,"мотивирани се дечките".
 

Scirea

Старата Дама
Член од
4 август 2010
Мислења
22.812
Поени од реакции
64.977
Влаховиќ е монструм, има потенцијал да стане еден од најдобрите напаѓачи во следните 10 години минимум, само ако правилно ја развива кариерата... Овој да остане уште една или две сезони во Фиорентина нема да му пречи во развивањето, а кој клуб ќе го земе наредново лето, ептен ќе се усреќи.


Ваков шпиц немале Фиорентина од времето на Тони кога имаше дадено над 30 гола, пред да оди во Баерн
 

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
9.671
Поени од реакции
16.361
Воопшто не сум изненаден од поразот на Милан, дури и за почит е што пак покажале карактер на 3-0 резултат.

Она што сега треба да го направат е да си ги скратат маките во Европа. Иако гледам дека групата им е ептен тесна, сепак одење во ЛЕ ќе им донесе многу повеќе проблеми, отколку решенија.

Клучен меч е оној вечер за Интер, со победа ќе си завршат голема работа за борба за Скудето. Милан загуби, да го победат Наполи кој верувам дека е во мала криза поради загубените бодови, ќе им ја отвори вратата за назад на Интер, доведувајќи ги на опипливи 4 бодови разлика.

Гледајќи ја сега табелата, после 13 кола Фиорентина покажува дека може да се бори за нешто повеќе. Изиграни им се сите мечеви со појаките тимови (Рома, Аталанта, Интер, Милан, Наполи, Јувентус, Лацио), а имаат сосема солидни 21 бод. Наредните 4-5 кола ако ги победат, дефинитвно може да бидат кандидат за ЛШ.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
34.455
Поени од реакции
90.595
Сеа гледам хајлајтс, не знам што се срамите за пеналите на Јувентус, чисти двата ко солза.

И јас го мислам истото со Мондонико, ако тепа Интер ќе си заврши добра работа, ќе дојде на 4 бода а Милан и Наполи ќе бидат во мини криза плус со европски мечеви во нозете.
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
4.831
Поени од реакции
6.932
И така на почеток очекувавме борба за четврто место. Иако Милан вчера примаше доста глупи голови, ако се зема како беше меѓу репрезентативните паузи, овој натпревар е еден од подобрите, но ако против Верона и Торино се одеше во корист на Милан, вчера се отиде против нив.

Дали е до фудбалерите или до начинот на работа, не знам, веројатно и едното и другото, но скоро нереално е со толку повреди да се бориш за титула, плус да играш и ЛШ.

Премногу натпревари се тоа, а некој треба да игра постојано на три дена, затоа што замената е повредена, а со тоа се зголемуваат шансите и тој да се повреди... и се така во круг. А и тешко е да играш на три дена и на секој натпревар да си на ниво.

Десно имаш три крила, од кои две ти се повредени, а повреден беше и Флоренци, кој исто ти покрива на крило. Лево исто само еден. И кога беше здрав Ребиќ, мораше да игра во напад, затоа што беа повредени Ибра и Жиру.

Би било тешко доколку нешто не се промени да биде Милан прв на крај. А чудо би било и да се промени нешто, нема тие фудбалери сега да престанат да бидат кршливи или да се примени нов начин на тренинг и рекуперација што ќе ги направи цврсти како камен.

Ако спасат нешто со добри трансфери во јануари.

Да не се овие проблеми би типувал дека Милан ќе освои. Уште пред месец дена пишав дека поради бројот на повредите не може сероиозно да се надеваш на нешто, само уште повеќе ќе се нервираш. Но, додека сме при врвот, секако дека нема како навивач да кренеш раце и ќе се надеваш и со вака постојано осакатен тим.

Интер никако отпишување, дури и само бод да освојат вечерва ќе останат во игра. На Милан дури повеќе би му одговарало Наполи да победи, а и потежок распоред имаат до јануари, а потоа остануваат без тројца многу битни првотимци. Очекувам дека ќе изгубат и тие доста бодови до крај на јануари.

Доколку Интер фати приклучок, веднаш станува прв фаворит. Во битка со Наполи, Интер има поголеми шанси од нив да освои титула.

Наполи некако ми делуваат се повеќе стерилно. Октомври и тие го истуркаа на сила, освен против Болоња, која не изгледа добро, никаде лесно не земаа бодови. Инсиње не е во најдобра форма и има само повремени блесоци, Осимен ќе им го нема во јануари, а другиве не ми се фудбалери на кои можеш да се ослониш.

Значи, ако се приклучи Интер, тогаш тие се први фаворити, ако остане битката помеѓу Наполи и Милан, само поради константните повреди би дал предност на Наполи, но не ми се некои големи фаворити.
 

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
16.754
Поени од реакции
13.765
bitch please...јас кога типувам ми се случува истото...денес насамарив едно 3јца луѓе да си дат по некоја банка за да ги изиграат Лестер,Динамо Загреб,Лацио дупла шанса,Јунајтед двојка :pos: :pos: :pos: ...и тоа со анализи триста чуда....барем Астон Вила сум ја погодил по логиката "нов тренер" ,"мотивирани се дечките".
Ти таксистот го натера сите пари да ги клај пред 10 години на ај да не кажвам која МК утакмица поради дојава. Кутриот чоек хипотека имал, Џони го насска вечерта в кола на пат до расчекор да клај се шо има кола да продај и заем да земи….Само не знам со кој ум овај запишваше и ѕвонеше по телефони. 1 месец в такси не се качи од наредниот ден :pos: :icon_lol:
 

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
9.671
Поени од реакции
16.361
@Джонтра Вохохолта еве брат, Валери донесе одлука на теренот (со гестикулација дека рацете му се до телото), па потоа го повикаа од ВАР, виде и си досуди правилно пенал.

Инаку, овој Инзаги многу тенок со живци, не знам што кур се буни кога судијата јасно покажа дека слуша во слушалките.
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
17.930
Поени од реакции
22.472
Кој ќе го шутира вториот пенал кај Интер? Секако по претпоставка, дека Димарко нема да е на терен :ROFLMAO:
 

Marquess

Ербап
Член од
20 јули 2009
Мислења
5.217
Поени од реакции
10.078
Гураат ли гураат судииве кон 4то место...
Проаѓа муабетов ако тимот е под 4то место,па судии да го гураат нагоре(читај јубентус).

Нормално,за ова да го разбереш треба iq-то да ти биде нешто над собна температура...

Sent from my SM-G975U using Tapatalk
 

^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
4.944
Поени од реакции
6.570
Проаѓа муабетов ако тимот е под 4то место,па судии да го гураат нагоре(читај јубентус).

Нормално,за ова да го разбереш треба iq-то да ти биде нешто над собна температура...

Sent from my SM-G975U using Tapatalk
Ви обезбедуваат бодови за да влезете во ЛШ, ама немаш ти IQ за да сфатиш.
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.794
Поени од реакции
7.108
И така на почеток очекувавме борба за четврто место. Иако Милан вчера примаше доста глупи голови, ако се зема како беше меѓу репрезентативните паузи, овој натпревар е еден од подобрите, но ако против Верона и Торино се одеше во корист на Милан, вчера се отиде против нив.

Дали е до фудбалерите или до начинот на работа, не знам, веројатно и едното и другото, но скоро нереално е со толку повреди да се бориш за титула, плус да играш и ЛШ.

Премногу натпревари се тоа, а некој треба да игра постојано на три дена, затоа што замената е повредена, а со тоа се зголемуваат шансите и тој да се повреди... и се така во круг. А и тешко е да играш на три дена и на секој натпревар да си на ниво.

Десно имаш три крила, од кои две ти се повредени, а повреден беше и Флоренци, кој исто ти покрива на крило. Лево исто само еден. И кога беше здрав Ребиќ, мораше да игра во напад, затоа што беа повредени Ибра и Жиру.

Би било тешко доколку нешто не се промени да биде Милан прв на крај. А чудо би било и да се промени нешто, нема тие фудбалери сега да престанат да бидат кршливи или да се примени нов начин на тренинг и рекуперација што ќе ги направи цврсти како камен.

Ако спасат нешто со добри трансфери во јануари.

Да не се овие проблеми би типувал дека Милан ќе освои. Уште пред месец дена пишав дека поради бројот на повредите не може сероиозно да се надеваш на нешто, само уште повеќе ќе се нервираш. Но, додека сме при врвот, секако дека нема како навивач да кренеш раце и ќе се надеваш и со вака постојано осакатен тим.

Интер никако отпишување, дури и само бод да освојат вечерва ќе останат во игра. На Милан дури повеќе би му одговарало Наполи да победи, а и потежок распоред имаат до јануари, а потоа остануваат без тројца многу битни првотимци. Очекувам дека ќе изгубат и тие доста бодови до крај на јануари.

Доколку Интер фати приклучок, веднаш станува прв фаворит. Во битка со Наполи, Интер има поголеми шанси од нив да освои титула.

Наполи некако ми делуваат се повеќе стерилно. Октомври и тие го истуркаа на сила, освен против Болоња, која не изгледа добро, никаде лесно не земаа бодови. Инсиње не е во најдобра форма и има само повремени блесоци, Осимен ќе им го нема во јануари, а другиве не ми се фудбалери на кои можеш да се ослониш.

Значи, ако се приклучи Интер, тогаш тие се први фаворити, ако остане битката помеѓу Наполи и Милан, само поради константните повреди би дал предност на Наполи, но не ми се некои големи фаворити.
Многу песимистички став. :)
Ако останат Милан и Наполи во трка за титула, не гледам зошто Наполи би бил поголем фаворит за титула, повреди или не. И Наполи го цеди максимумот од овој состав со кој располага. Клупата им многу тенка.
Според мене, за Милан да испадне од борба за титула, ќе биде потребно да заредат некоја серија од 5-6 натпревари без победа, што мислам дека не би требало да се случи, без разлика што стварно немаат среќа со отсуства на играчи, од која и да е причина. Али сепак, сите тимови во врвот се климави, па не би било чудо и да се деси некој таков распад на некој од тимовите.

Иначе, можеби големиот број на повреди на Милан се должи на стилот на игра што го практикуваат. Кратки интервали на напади со многу интензитет и брзина, па периоди на споро темпо, до следниот бран на напади. Таков стил на игра, веројатно, најмногу зема данок врз телото на фудбалерите, зошто бара многу краткотрајни промени во ритам, од многу низок интензитет, до екстремно висок. Генерално, успешно го практикуваат тимови кои се абнормално физички спремни (Ливерпул), или тимови со долга клупа (Баерн и сл.)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom