Seinfeld

Член од
22 февруари 2015
Мислења
192
Поени од реакции
279
По мене најдобрата комедија серија. Фановите знаат дека никоја друга серија не го достигнала ова ниво. Има 9 сезони од 1989-1998, четири главни ликови со уште неколку споредни, дејството е во Њу Јорк и е за секојдневни ситуации и муабети, или како што еднаш се рече во серијата "It's about nothing". Првата сезона е оценета како не толку добра (иако мене ми е супер) но како оди понатаму и како се градат ликовите станува се подобра и подобра. Еве неколку сцени:

G

grande-juve

Гостин
Hellooo, Newman

Сериозно немало до сеа тема за Сајнфелд?!:confused: Како и да е, една од најврвните комедии, кој не ја гледал стварно не знам што чека...

@tcorgat, претпоставувам Curb Your Enthusiasm си ја гледал, од кокреаторот на Сајнфелд, Лери Дејвид(по него е базиран ликот на Џорџ Констанца), ако не, одма!:D

Последно уредено од модератор:
Член од
22 февруари 2015
Мислења
192
Поени од реакции
279
Hellooo, Newman

Сериозно немало до сеа тема за Сајнфелд?!:confused: Како и да е, една од најврвните комедии, кој не ја гледал стварно не знам што чека...

@tcorgat, претпоставувам Curb Your Enthusiasm си ја гледал, од кокреаторот на Сајнфелд, Лери Дејвид(по него е базиран ликот на Џорџ Констанца), ако не, одма!:D

Не видов да има за Сајнфелд до сега, побарав низ темите, и со search-от, ништо не излезе. Curb ја немам гледано, ја знам сум читал, ама уште не сум ја почнал. Во некоја од сезоните се појавувале и ликовите од Сајнфелд, ништо ќе мора да ја симнам овие денови.
 
Немаше тема, тоа и ме зачуди :)

Иначе, Елејн и Џорџ ги има во втората сезона, а седмата сезона е скоро целата за Сајнфелд, сите се појавуваат :) Мене Curb ми е за нијанса посмешна :)
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Џорџ Костанза е најдобриот лик кој се појавил на телевизија.

За сите фанови на Seinfeld ја препорачувам серијата на ко-креаторот Larry David, Curb Your Enthusiasm.

Исто така Jerry има интернет ток-шоу Comedians in cars getting coffee.
 
џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.356
Поени од реакции
25.045
Најдобриот ситком на сите времиња.
@tcorgat во подфорумов владее Friends затоа не сме отвориле тема за Сајнфелд, потиснати сме, малцинство :(

Curb your enthusiasm е исто така одлична, има многу за пишување во темава. Сите работи ги бришам од хард диск откако ќе ги изгледам, само Сајнфелд ја чувам 50+ гб, многу ми помага во потешки периоди.

The Contest е најубавата, најпаметната и најбрилијантно напишана епизода во евр. Значи не сум видел толку совршена епизода. И самиот Рики Џервејс има изјавено дека The Contest е уникат и ги крена границите на тоа што значи квалитет.

Толку ми е при срце серијава што не ми е гајле кој како ќе ме сфати, ама е класи над Френдс или кој било друг ситком.
 
Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.645
Поени од реакции
1.894
Curb ми се допадна многу... Seinfeld еднаш фатив да ја гледам и прекинав. Може да ја фатам пак, чим толку многу ја препораувавате.
 
џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.356
Поени од реакции
25.045
Curb ми се допадна многу... Seinfeld еднаш фатив да ја гледам и прекинав. Може да ја фатам пак, чим толку многу ја препораувавате.
Чим си ја поминал Curb, дај и шанса на Сајнфелд. Загарантирано ќе ти се допадне. Негуваат сличен хумор, Лари Дејвид е препознатлив во двете, плус ваму е и Џери Сајнфелд, и тој си го има својот хумор...

Има за ставање сцени во темава.... :D

Оваа шега ја искористи Жаре во Еден на Еден пред 2 епизоди (n)

https://www.youtube.com/watch?v=YLjxp_86dKs

The jerk store called :D they're running out of you :D
 
Член од
22 јуни 2010
Мислења
3.688
Поени од реакции
5.444
На толку фалење само што ја ставив на даунлоуд првата сезона. :motorce:
 
Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.278
Поени од реакции
17.958
Ја имам подзаборавено од времето на телевизија кога ја гледав, може да ја изгледам од ново...
Памтам дека многу се смеев порано, како копиљ, кога гарант имало многу од хуморот шо не сум го разбирал...ама Hello Newman е класика.
Ме мрзи да барам видеа на јутуб, ама епизодата кога Џери нема да сака да е со типката која шо Њуман ја откачил...и епизодата со Мариса Томеи и Џорџ :pos::pos::pos:
А да и Тhe Soup Nazzi да не го заборавам
 
џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.356
Поени од реакции
25.045
На толку фалење само што ја ставив на даунлоуд првата сезона. :motorce:
Иако се само малку епизоди од прва сезона, и не се којзнае колку смешни, гледај ја понатака. Од сезона во сезона стануваат урнебес. Ќе постирав клипови, ама финтата е што немаат многу stand alone шеги туку шегата им се протега низ цела епизода :)
 
Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.582
Поени од реакции
13.217
Срам да му е на @Lu5 што како огромен фан не отвори тема, а му реков. :) Врв еј, не знам оти толку време се чекало за тема, ваљда од „немукает“. Најквалитетен ситком со laugh track според мене, и да Friends фанови, зборувам најквалитетен, а не кој ситком најмногу ме насмеал, мада и овај е damn блиску. Curb your enthusiasm и оваа се доказ дека америчкиот хумор не само што не е дебилен, туку знае да биди погенијален и од британскиот. Џорџ Факинг Костанза - олицетворение на Лери Дејвид, многу од дешавките негови му се десиле на Лери irl, не знам дали сте знаеле.
Кркајте прво гифче од мене, нека ни се множат.

Член од
22 јуни 2010
Мислења
3.688
Поени од реакции
5.444
Иако се само малку епизоди од прва сезона, и не се којзнае колку смешни, гледај ја понатака. Од сезона во сезона стануваат урнебес. Ќе постирав клипови, ама финтата е што немаат многу stand alone шеги туку шегата им се протега низ цела епизода :)
Цел торент беше 132 гига, немам толку простор на диск моментално, па затоа вака сезона по сезона.
 
џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.356
Поени од реакции
25.045
Цел торент беше 132 гига, немам толку простор на диск моментално, па затоа вака сезона по сезона.
Си фатил некој торент со си екстрас и сл :) Не ја бриши после, подобро бриши нешто друго од хард диск, оваа ќе те смее засекогаш. :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom