Secret Movie Santa: Summer Edition

Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
The killing of sacred deer (2017)

Солиден психолошки/хорор-трилер.

Стивен Марфи (Колин Фарел) е хирург и поради негова грешка умира таткото на Мартин (Бари Коган). Мартин има некоја моќ, не знам точно каква, и уште од самиот старт му го наговестува сценариото дека неговите две деца и неговата жена ќе паднат болни, он треба да избере кој еден од нив тројца ќе умре, а ако не избере, сите тројца ќе умрат!

Монотоната емоционалност не е случајност, дури и кај сцените кои би требало да креираат напнатост. Мислам дека имаше само една сцена каде Стивен плаче. Режисерот и не го избрал факторот изненадување кога Стивен беше соочен со "изборот на Софија". Таа сцена беше најсилниот адут и целиот тек на филмот наговестуваше дека така ќе заврши.

Во неговата ќерка имаше некоја психопатска нишка. Онака, најладнокрвно му рече на Боб, кој и е брат, "ти ќе умреш, а јас ќе живеам со Мартин"! Имаше и една таква сцена во подрумот.

Дури ни секс сцените не истапуваа од овој монотон шаблон, неговата жена, Ана Марфи (Никол Кидман), ќе се соблече и ќе легне како труп!

Целокупната атмосфера е еден депресивен кожурец.

Според криптографскиот запис на пораката, мислам дека овој филм ми го има предложено Анон. :noze:
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.248
Поени од реакции
3.173

Ретко глуп филм. Во топ 10 најголеми срања што сум ги гледал.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.758
Поени од реакции
17.457
Јас го добив овој филм од мојот дедо мраз
Филмов има добар рејтинг, меѓутоа никогаш не сум го приметил или планирал за гледање. Извинување за закаснување од некој ден, скроз изумив да напишам рецензија.

На кратко окулу приказната. Главниот протагонист е 11 годишно дете, израснат од екстремно посесивна мајка. Сестра му пред да си отиде од дома ќе му остави плочи од рок бендови, и на тој начин ќе го внесе во светот на рок музиката. Неколку години подоцна, малиов пишува рецензии за рок бендови. Случајно ќе успее да интервјуира нов популарен бенд (фиктивен) и ќе добие шанса да оди со нив на тура и да им прави интервју за познато списание.

Интересно е претставен животот на бендот и нивниот enturage, покрај она клишето од филмовите, кај што малиов ќе се утепаше од дупење и сите јако ќе си пројдеа. Негативна страна е што е малце долг. Генерално филмовите порано беа пократки, овој иако е 2000та година траеше 2 саати и 40 минути.
 
Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.544
Поени од реакции
34.850
Јас го добив

Cinema Paradiso

Филмов не ми беше гледан, ама го знаев затоа што Енио Мориконе ја напишал музиката. После гледањето на филмов, веќе доби сосема поинаква тежина.
Ова е еден од најемоционалните филмови што сум ги гледала ( веднаш после Never let me go :love:).
Филмов е поделен на 3 дела. Во првиот дел се запознаваме со пријателството на малиот Тото со возрасниот кино оператер Алфредо. Тото е голем вљубеник во филмската уметност и фасциниран од тоа како се прикажуваат филмовите, па со помош на Алфредо секојдневно се повеќе навлегува во магијата на филмот. Малиот Тото (Salvatore Cascio) ќе ја пренесе на вас директно радоста, восхитот и еуфоријата со која ги гледа кино прикажувањата. Тие големи црни очи, таа најслатка детска насмевка, нема шанси да ве остави рамнодушни. Во вториот дел го запознаваме ликот на адолесцентот Тото и неговата љубовна приказна со убавата Елена и третот дел веќе возрасниот Салваторе се враќа во родното место, за да присуствува на погребот на својот пријател Алфредо.
Филмов е комичен, носталгичен, ведар, романтичен, супер емотивен и тажен, ама прекраснотијаааааааааа од филмиште. Филм за животот и тежините кои ги носи самиот живот, како и за последиците од животните одлуки. За тоа колку треба да веруваме во своите соништа и желби и дека вистината секогаш, порано или подоцна ќе исплива на површина.
Станува збор за лесно допадлив филм, на делови пресентиментален, па не е возможно да не се пушти солза. Значи ако не пуштите солза на филмот, изгледа немате емоции. Ма каква солза, морееееее од солзии.
До сите на кои не им е изгледан ова вистинско ремек дело на филмската конематографија, најтопла препорака.

Голема благодарност до предложувачот, ми понуди вистинско филмско и музичко уживање.:love:
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Jagten/The Hunt (2012)

Веројатно повеќето од вас го имате гледано. Легендарен дански филм номиниран и за Оскар за најдобар странски филм. Приказна за еден осамен бивш наставник, Лукас, кој сега работи како помошник во детска градинка. Таман кога почнуваат да му се случуваат убави работи, едно од децата ќе каже нешто несмасно во градинката по што Лукас ќе биде неправедно обвинет дека ги злоставувал децата. Лагата почнува да се шири во невидени размери и наскоро се’ тргнува наопаку за Лукас.

Одличен филм, но потребно е да се биде во соодветно расположение за да се гледа. Пошто е стварно тежок за гледање. Гледаш како пред твои очи се распаѓа животот на еден сосема добар човек и тоа е толку добро доловено што не може а во тебе да не се јават еден куп емоции. Ме фаќаше нервоза, презир према луѓето, сочувство и жал према главниот лик... Од оние филмови што не те оставаат рамнодушен и остануваат во сеќавање уште долго време по гледањето.

Драго ми е што го добив филмов и што конечно го изгледав. Фала на предложувачот. Мене лично ми беше нешто послаб од Another Round (другиот познат филм на Томас Винтерберг со Мадс Микелсен во главна улога), можеби ради потешката тема. Но апсолутно го препорачувам на секој филмски фан.

Оцена 9/10
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.086
Поени од реакции
8.135
Го добив Heaven Can Wait ,а што да се каже за филмов чист просек , ништо wow што би било интересно 2/5
 
Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.667
Поени од реакции
4.750
Ја одбрав темава во бонус рунда

Ми се падна

Филм каде Николас Кејџ глуми украински емигрант - нелегален дилер на оружје,туке е и брат му Витали (Џаред Лето)... и сум го пропуштил филмов и испадна солидна премиера за мене.
Не е рандом клише акција со Кејџ,оваа улога баш му лежи и за мене е у топ 3 неговите филмови.
Стилот на црна комедија,нараторската нишка со сочни кадри,паметниот дијалог го прават филмот забавен за гледање.

8/10
 
Kajgana Shop

На врв Bottom