Што и да земеш од овие две, нема да погрешиш.
Се зависи и од тоа што ти е приоритет кај возилото што сакаш да го купиш....потрошувачка, комфорт, спортско чувство, одржување....итн.
Во продолжение, јас би ти го додал и Grande Punto како опција.
Тие Multijet моторите на Fiat се топ!!!
Има најдобра возачка кабина за возила од тој ранг според мене, најмалку троши, понови возила се и има спортски изглед и од внатре и од надвор.
Што е најважно, делови имаш и во маалска продавница да купиш за нив и евтини се за одржување.
Мотор на ланец - бонбона. Во старт заштедуваш пари за ребрасти каиши, затегачи...и добиваш топ „младалачко“ возило.
Иако голем дел од луѓево се „скептични“ кога се работи за Fiat, јас те уверувам дека Grande Punto возилата се топ и Fiat не се шали кога ги произведува Punto моделите.
Сите Punto се издржливи, малку трошат, евтини се за одржување и ќе те служат со години. Со неколку зборови, тоа ти е одлична кола за малку пари...
+ е што се поевтини од Polo/Ibiza од аспект на годината на производство.
Инаку ontopic, според мене - POLO.
Иако се тука некаде со Ibiza-та....нема некоја којзнае колкава разлика, ама VW си е VW.
Можеби звучам конзервативно затоа што во нашите региони многу се вози германски коли, ама оправдано се возат бидејќи им нема рамни.
Во превод - „магариња“ се.
Како и да е, што и да земеш, нема да погрешиш....затоа што Ibiza-та е исто така добро возило.
Само провери си ја колата на сервис ако купуваш од овие што препродаваат возила, затоа што носат канта возила, а изгледаат ко да се нови.
POLO - издржливи се, малку трошат, делови имаш каде сакаш, евтини се за одржување... со еден збор...имаат компактно-одлично оформен дизајн.
Во кратки црти, се што ти треба кај едно возило за секојдневна намена имаш во Polo-то.
Единствено нешто што недостасува е спортски дух, доколку ти е важен. Но тоа и во Ibiza-та го немаш така да...тоа е тоа.
Иако Ibiza е топ возило, кога ќе седнам во Seat, на мене филингот ми е многу полош од него кога седам во VW возило + круто ми е некако возењето и тврдо седењето. Не дека сум цепидлака или фанатик на VW, ама не ми делува некако задоволително за моите потреби Seat-от.
Во Polo-то, самата положба на седење и седиштата ми е некако попријатна и покомпактна. Има одлична прегледност пред се, и убаво и пријатно се вози.
Единствена замерка за двете ми е што има делови од ентериерот кои се со крута пластика (делува евтино и крцкаво)....али колку пари толку музика...
Додатно, цените се малку преценети, ама ајде барем издржливи се...
Така да сумирано според моите потреби - јас би одел на Polo.