Scandal

Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Она што никогаш не би го помислил дека Шонда Рајмс, да таа Шонда што стои зад Grey's Anatomy, Private Practice, булшит like Off the Map etc може да направи ремек дело од адвокатска серија. "Scandal" ми беше дефинитивно вон секакви можности за гледање, па ајде прва помина не ја ни чепнав и почнаа бомбастичните коментари за втора сезона. Добрата приказна во прва сезона и неверојатните твистови, сторлајнови во втора сезона ја прават максимално одлична. Дури и The Good Wife не успеа да ме освои со ваквите твистови иако не секогаш можам да се “навлечам“ на адвокатска драма.

Па нешто за серијата...



Поранешен консултант за односи со јавноста на претседателот, Оливија Поуп го посветува нејзиниот живот да ја штити и брани сликата на јавноста на националната елита. Откако ја напушта Белата куќа, моќниот консултант отвара своја фирма, надевајќи се да започне нова глава, како во професијата така и во личниот живот, и покрај тоа што не може целосно да ги прекине врските со минатото. Полека станува јасно дека нејзиниот персонал, кои се специјализирани за поправање на животите на другите луѓе, не може да си ги поправат своите односи.
На чело со Кери Вашингтонг како Оливија Поуп, и дефинитивно еден од подобрите главни ликови моментално на ТВ екраните во САД. Мене ме освои апсолутно, втората сезона е предобра и од септември дефинитивно ќе ми се најде на стандардниот распоред. ОГРОМНА препорака!
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Оваа Кери Вашингтон е меѓу петте најлоши глумици што ги имам гледано во животот. Серијата е ужасна. Ликовите се смешно неуверливи, како тој бившиот агент кој е дел од тимот. Полош и понеуверлив лик одамна немам видено. Заплетот е на ниво на шпанска серија.

Чисто губење време.
 
Член од
1 октомври 2012
Мислења
401
Поени од реакции
307
Не знам, ама 7.3 на imdb за СЕРИЈА е малку :)
 
Член од
27 ноември 2014
Мислења
25
Поени од реакции
36
Серијава дефинитивно не е губење време. После 4 изгледани сезони слободно можам да кажам дека е предобра. Има доста неочекувани пресврти. (y)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom