Satan 666 (O-Parts Hunter) [MANGA]

Eru

Член од
31 октомври 2013
Мислења
40
Поени од реакции
78
Satan 666 (цензурураното име е O-Parts Hunter) е манга на Сеиши Кишимото, братот на Масаши, кој го знаете како авторот на Наруто. Minitokyo.666.Satan.332101.jpg
Приказната е спој на Драгонбол и Наруто.
Се работи за едно момче кое го има духот на Сатаната во него. Момчето и помага на една девојка да ги најдат мистериозните O-parts, артефакти кои даваат голема моќ. Во меѓувреме нормално мора да се соочат со многу уникатни противници од кои што некои потоа му стануваат пријатели.
Дефинитивно не е ништо што веќе не сте виделе, но поради тоа што ги има сите стереотипи на акција-авантура (момче со скриена сила, дрска девојка која е на некаква потрага и која момчето и помага, чуден учител кој има многу бизарни навики и кој воопшто не личи на некој што има огромна сила (а има), непријатели што стануваат пријатели и се приклучуват во потрагата, користење на мистериозни артефакти како оружја, грандиозни борби, итн) мене ми беше многу интересна.
Во принцип не сум обожавател на приказни (без разлика дали е игра, книга, филм или анимација) што повторуваат веќе некој МНОГУ добро познат рецепт, но на моменти има приказни кои што и покрај тоа што не се оригинални се многу забавни. Satan 666 е една од нив. Можеби е поради тоа што Драгонбол ми е омилена манга и аниме и имам слабост за секоја манга и аниме што ме потсеќа на него. Ако сакате да прочитате интересна авантура со многу акција и допадливи ликови, ѕирнете ја.
 
Член од
16 октомври 2013
Мислења
80
Поени од реакции
58
Ова книга е или цртан?
Серија или игран?
 
2

~2A

Гостин
Ова книга е или цртан?
Серија или игран?
Манга, и има околу 75-6 чаптери.
--- надополнето: 31 октомври 2013 во 18:03 ---
Ако сакате да прочитате интересна авантура со многу акција и допадливи ликови, ѕирнете ја.

Ја почнав пред некој период, прочитав 5-6 чаптери кои да речам првите беа по 40 и кусуро страници :), ја ставив на On Hold, мореее повеќе би рекол се откажав. xD
 

Eru

Член од
31 октомври 2013
Мислења
40
Поени од реакции
78
И мене ми е одамна прочитана и онака ме бендиса, пошто сакам такви приказни со потраги и ствари. :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom