Samsung конечно го прикажа долгоочекуваниот Galaxy F (до негде)

Дискусија во форумот 'Android' започната од The Wild Boy, 7 ноември 2018.

  1. The Wild Boy

    The Wild Boy Ни името, ни Samsung - от.

    Член од:
    26 декември 2017
    Мислења:
    589
    Допаѓања:
    154
    Да не пишувам триста чуда,сите знаеме што е тој уред,и Samsung го зборат уште од 2013 - та.
    Секоја година возбудата расте се повеќе и повеќе,и денес беше прикажан на Samsung Developer Conference 2018.
    Screenshot_1.png Screenshot_3.png
    Вака уредот (леле сега незнам дали телефон,или таблет да го викам xd) изгледа океј,мада мене мал ми изгледа. Океј е,иако има доста големи рамки,тоа е прифатливо бидејки ова е уред кој што се "преклопува"/ "вие". Бидејки е малце темна сликата неможе нешто посебно да се види,но се гледа дека измеѓу двата екрана (втората слика),како и да нема ништо измеѓу нив.
    Самсунг не излажаа дека ќе направат добар дисплеј панел што се вие,и батерија и секако со тоа се виде и денеска. Мене уредот од напред ми изгледа мал (тоа најверојатно до мене нешто,можда пошто е темно па неможам убаво да видам),ама баш како што сите до сега спомнуваа за овој уред. Таблет или Телефон,кога некој ќе сака,и во било кој момент.
    Да ова е малце зборење за овој уред бидејки тој не е уште искочен. Денес само го покажаа онака,а се очекува да искочи во 2019 - та дури и пред S10.
    Има One UI, фактички Android 9. Според мене Android 9 е океј,само што иконите не ми се свиѓаат баш,за дургото како што видов е океј (според мене).

    Иначе,лајв стримот сега заврши,и покажаа и други слики. Дисплејот се вика Infinity Flex и кажаа дека тој може да биде и оптегнат дисплеј,дисплеј кој што би можел да се свие во круг,итн...
    Го фатив од подобар агол,и сватив дека навистина не е нешто голем. Гледајки воочив дека како целосен уред е дебел,што би резултирало со капацитет на батерија од 4,000mAh до 6,000mAh.
    Бидејки уредот е релативно мал,тој во суштина испаѓа практичен и за во џеб. Може да се отвори и да биде како 7,2 инчен таблет,или како обичен телефон.
    Ова е супер технологија според мене,но скапа. Сигурен сум дека многу од вас попрво би почекале и би земале S10/Note 10 него ли ова,прво дека е скап,второ дека нема да биде достапен насекаде низ светот,и трето дека никој не би се нашол во таква ситуација да му треба да користи и телефон,и таблет.

    Screenshot_4.png

    (Тој на сликата е некој од Google,кажуваше како они работеле заедно со Samsung специјално за да дизајнираат софтвер кој ќе биде лесен за користење,и специјален за вакви уреди).

    Со тоа што Samsung спомнаа дека ова е само еден од многуте видови што можат да се направат од видот на Infinity Flex дизајнот,ни укажува дека Samsung може (а можда и планира) да направи различни видови типови на уреди што би се виеле.

    Сеуште никој незнае ништо конкретно за уредот,нити како ќе се вика (мада јас мислам дека ќе биде Galaxy F),едино само што ни беше прикажан мал дел од тој уред на оваа конференција.
    Кога ќе искочи во 2019 здравје боже ќе направам една тема,а и ќе дискутирам насекаде низ форумиве да слушнам што имате вие да кажете.
    За мене ова е кул ствар,иако нема никад у живот такво нешто да користам (којзнае). Практичен за секој случај,но и доста скап.
    Друга работа,е што не ни се гледа на ниедна од сликите за тоа дали овој уред ќе има џек за слушалки (мада доста гласини сугерираат дека би имало),и дали ќе има слот за SD картица.

    Ајде да ве слушнам,што ќе кажете за овој телефон.
    Вреди,или не вреди?
     
    На AAbrat му/ѝ се допаѓа ова.
  2. The Wild Boy

    The Wild Boy Ни името, ни Samsung - от.

    Член од:
    26 декември 2017
    Мислења:
    589
    Допаѓања:
    154
    Испаѓа дека тоа не е финалниот дизајн.
    Минимун што би требало е телефонот да изгледа така.
    А кога официјално ќе го покажат,се очекува да биде уште поголем и подобар.
    --- Споено дупло мислење, 7 ноември 2018 ---
    The Future:
    QUpVmWt.jpg
     
    Последно уредено: 7 ноември 2018
  3. staycalm

    staycalm Lets explore some shit

    Член од:
    12 јануари 2013
    Мислења:
    1.837
    Допаѓања:
    1.209
    [​IMG]
     
    На Morgan Freeman и mr wednesday им се допаѓа ова.
  4. Flatter

    Flatter Порноглава

    Член од:
    19 септември 2015
    Мислења:
    301
    Допаѓања:
    201
    cena ?
     
    На Morgan Freeman му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Marick14

    Marick14

    Член од:
    23 јуни 2011
    Мислења:
    6.715
    Допаѓања:
    1.761
    И ќе излезе 2.000 еу телефон.
     
  6. The Wild Boy

    The Wild Boy Ни името, ни Samsung - от.

    Член од:
    26 декември 2017
    Мислења:
    589
    Допаѓања:
    154
    Цена сигурно поише од 1,300 USD$.
     
  7. Evaaa11

    Evaaa11

    Член од:
    8 август 2015
    Мислења:
    122
    Допаѓања:
    42
    pa vredi 2 eljadi evra barem e inovacija a ne kako Apple nishto ne smeneto skoro taa cena ja ima ..
    ovoj barem ima dva ekrana , se previtkuva , na Samsung Super Amoled Ekranite se najdobri vo svet i itn
     
    На Marick14 и The Wild Boy им се допаѓа ова.
  8. The Wild Boy

    The Wild Boy Ни името, ни Samsung - от.

    Член од:
    26 декември 2017
    Мислења:
    589
    Допаѓања:
    154
    Да, ама треба да се почека дур да се вклопи оваа технологија во секојдневието. Неможе од одма со такви телефони. Треба пополека. Еве неодамна гледав едно видео, и се збореше дека ако побарувачката на овој уред се зголеми, од Samsung ќе го зголемат производството на овој уред. Отприлика треба да почнат со 1 милион уреди, а подоцна ќе се види како ќе се одвива ситуацијата.
     
  9. Ron Burgundy

    Ron Burgundy

    Член од:
    29 јуни 2014
    Мислења:
    7.689
    Допаѓања:
    8.168
    Што ќе ми е вакво нешто кога имам 6 инчен екран на мобилен?
     
  10. The Wild Boy

    The Wild Boy Ни името, ни Samsung - от.

    Член од:
    26 декември 2017
    Мислења:
    589
    Допаѓања:
    154
    Има некои што нејќат и телефон и таблет да влечат со нив.
    Random Person: Леле 6,3 инчи е големо, нема веќе телефони со мали величини.
    Random Person 2: Леле, 6,3 не ми е океј за мултифункционалност, сакам таблет ама пак ќе ми биде чудно да зборам, и да го користам во вид на телефон.

    Galaxy F: 2 муви со 1 погодок.
    Problem Solved.

    (Иначе, едниот екран е околу 5 инчи, што за зборење, листање фејсбук, допишување и сликање е топ.
    За игри, видеа, презентации, итн. има 2 екрани околу 7 инчи.)
     
  11. Evaaa11

    Evaaa11

    Член од:
    8 август 2015
    Мислења:
    122
    Допаѓања:
    42
  12. xope

    xope

    Член од:
    10 април 2018
    Мислења:
    821
    Допаѓања:
    784
    екранот ќе кошта повеќе од телефонот?
     
  13. Evaaa11

    Evaaa11

    Член од:
    8 август 2015
    Мислења:
    122
    Допаѓања:
    42


    Samsung Kako Apple vo stilot hahha
    --- Споено дупло мислење, 16 ноември 2018 во 19:34 ---
    Компанијата Samsung добитник на 30 “CES 2019“ награди за иновации за неверојатен дизајн и инженерство
    https://www.smartportal.mk/kompanii/samsung-30-ces-2019-nagradi/
     
    Последно уредено: 16 ноември 2018 во 19:34
  14. The Wild Boy

    The Wild Boy Ни името, ни Samsung - от.

    Член од:
    26 декември 2017
    Мислења:
    589
    Допаѓања:
    154
    Уредот е базиран на екранот. Нормално е дека екранот ќе биде скап, пошто од Samsung, направија нивен издржлив екран.
    Екранот, нема теоретски шанси да биде поскап од Телефонот, бидејки деловите што се користат за тој уред се некои си специјални (пр. батерија што се вие) , па така да деловите ќе коштаат повеќе од самиот екран, ама и екранот додава на цената исто така, бидејки не е еден обичен екран.
    Не ме фаќај за збор, ама јас така мислам. Се останува да видиме кога ќе искочи вистинскиот уред во 2019, и кога ќе се направи пресметка за тоа колку кошта таков уред да се направи (т.е колку коштаат деловите во тој уред).
     
  15. Ron Burgundy

    Ron Burgundy

    Член од:
    29 јуни 2014
    Мислења:
    7.689
    Допаѓања:
    8.168
    Штом нема АИ технологија како Хуавеи промашај ќе биде
     

Сподели преку: