Јагода
... јагодите како овошје ако добро не се измиени можат да содржат неколку паразити (протозои и хелминти -црви), кои можат да предизвикаат сериозни болести кај луѓето, овие паразити обично се внесуваат од почвата, контаминираната вода за наводнување или животинскиот измет (особено од мачки, лисици и глодари).
Паразити пронајдени на јагоди :
Протозои: Entamoeba spp. (вклучувајќи E. histolytica, предизвикувајќи амебијаза), Cryptosporidium spp. (предизвикува дијареја), Giardia lamblia (џардијаза), Toxoplasma gondii (токсоплазмоза) и Cyclospora cayetanensis.
Хелминти (црви): Ascaris lumbricoides (кружен црв), Toxocara spp., кукави црви (Ancylostomatidae) и Hymenolepis nana (тенија).
Други површински штетници: Грини, лисни вошки и „шарени змиски стоногалки“ (Blaniulus guttulatus).
... затоа треба јагодите добро да се измијат една по една под млаз на обичната вода не помалку од 1 мин, а ако се смета дека се понечисти тогаш може да се потопат во вода измешана со бел оцет или сок од лимон или сода бикарбона 2-3 минути со што се убиваат бактериите и се отстрануваат на тврдокорните паразитски цисти.
... често пати на јагодите се забележани ларви на мувата Spotted Wing Drosophila, но обично се безопасни за луѓето ако се проголтани, бидејќи не се човечки паразити, откако женката на мувата ќе положи јајца на јагодите кои созреваат, јајцата ќе се изведат и ларвите се хранат со овошјето и тогаш тоа не е веќе за јадење, мувата е чест штетник и за боровинки, капини, малини и цреши, како резултат на тоа, управувањето со штетници се фокусира на мониторинг и превентивни тактики за контрола за елиминирање на возрасни муви, па често се вклучуваат чистење на заразените растенија и употреба на инсектициди за заштита на плодот.

...затоа што јагодата расте на отворено и природно да се закачуваат разни инсекти, како од воздух, така и од почвата, па пред примена добро треба да се измијат една по една да се истријат под млаз вода, а секоја оштетен плод од јагода да не се јаде, после миењето (се остранува лиснатиот дел со дршката) добро е да се држи извесен период во воден раствор со што ќе се остранат или „излезат“ од плодот несаканите паразити или подобро веќе исчистените јагоди да се пресечат напречно на пола и така да се држат малку во солена вода.


... јагодите се посебно корисни за јадење посебно ги ценам и редовно ги јадам поради содржината на јод (покрај другото), затоа што хипотиреозата е многу застапена на Балканот и пошироко токму поради невнесување на доволно јод во организмот и штитната жлезда не функционира како што треба,
вакви исчистени јагоди се спремни за јадење!

