RunMK - Macedonian DnB festival - 09.10.2010

  • Креатор на темата Креатор на темата pcjodamaster
  • Време на започнување Време на започнување
Јас за следниот Run ваљда ќе се упознам со други форумџии што идат и ќе напраам повеќе муабет со Тончи :) Овој пат слабо нешо :)
 
Па слабо нешто, у Даблин собра миљон женски и уште 1-2 момци од Скопје и само со нив се дружеше, хаха

Ај сеа јас да пишам како си поминав на РАНмк. Малку подолг ќе биде постов и ќе има и многу пред и после журката за да не испадне од оние постовине, бев на жур, топ си поминав, кичмата ме боли, ор самтинг...

Значи тргнавме јас, СтефанХејтАсОлл и Ѕоне (Don Jas) со возот по патот со сонцето. Внатре гужва, паа голема :) До кај Велес вицови, глупости... летна времето. После тоа фативме списанија да читаме, Плејбој, РеФото, ЛАЈФ... за да не правиме бука, имаше луѓе што спиеја :) Во Штип јас имав отприлика идеја на каде треба да се движиме, а момциве договорија да се најдеме со една бифша форумџика која студира во Штип. Кога стигнавме кај Енџелс кафе мислевме дека ќе не чека, ама таа ни кажа, идете лево, па десно, преку рид, па надоле па.... заеби, си викнавме такси за 40 денари :)
Прво нешто што побаравме е кај може да се пие пиво, и Луција не однесе во ирскиот паб Даблин. Внатре полно, но имаше и слободни маси :) После тоа на соседната маса седна Ристо Бомбата, ама не му баравме автограми, хаха. Додека ја чекавме пастрмајлијата на враќање во ве-це ме сретна пцјодамастер и се претстави, јас мислев дека ќе дојде со мене на маса па да се запознае со другите кајганџии и ладно му кажав: да, јас сум Тончи и тргнав кон масата. Неврмајнд, битното со пастрмајлиите средна величина може до гуша да засити и најгладен човек. Којзнае колкави им се големите пастрмајлии. Енивејз Луција не напушти и ни кажа идете десно па лево, па по темната уличка, и таму сте, во Домот на Млади... и тргнавме ние десно па лево и сфатифме дека сме изгубени во Штип, ама во толкав град кај и да вртиш не можеш да се изгубиш и се препуштивме на уживањето по патот со ѕвездите, ги впивавме мирисите на тесните улички. Се мешаа мирисите на печење ракија и печење ајвар. Штип мириса многу поубаво од Скопје.
И при сето тоа лутање наваму-натаму на крај излеговме спроти Џез Арт Клуб. Бидејќи беше рано тргнавме натаму. Првото пријатно изненадување беше таблата со цени, кафе 20 денари, топло чоколадо 30.... УАУ, мораме да влеземе. По скалички се спуштивме во подрум каде не пречека коректно уреден клуб со шанк од десната страна, сепариња од левата и дузина маси на средина. На крајот имаше мала бина на која се штимаше бендот кој требаше да свири истата вечер тука. На телевизорите одеше програма од Телма и VH1. На Телма имаше некој филм на кој привлечна млада дама му даваше масажа на главниот шизик :) Малку доцнеше топлото чоколадо, но келнерот се извини за доцнењето. Стефан беше вчудоневиден, келнер да се извини за тоа што доцни со пијачката... мислеше дека сонува :) А топлото чоколадо, густо и покриено со хопла одозгора, многу вкусно и само 30 денари. Мора пак да се отиде на џез во Штип :) Бендот не го слушнавме затоа што заминавме пред да почнат со свирење, меѓутоа доволно уживање пружи нивното штимање.
Бидејќи Јаска и Некрофилија ни ѕвонеа неколку пати тргнавме да ги бараме, и ги најдовме, некаде по пат :) Бидејќи уште беше рано за накај дом на млади тргневме кон домот на културата :) Финалето на Макфест се одржуваше таа вечер и таму беше полно со луѓе, полиција, коли, девојки во штикли, беззаба ромка што шмрка лепак...

Енивејз, не бевме дојдени за тоа, бевме дојдени за нешто сосема друго, и тргавме да го бараме домот на млади. Некаде на пола пат прашавме група момчиња и тие не однесоа на лице место. Почнавме да вадиме пеески од новчаник за карта :)
Внатре во главната просторија беше полно, но не преполно да не може човек да се движи, имаше уште една споредна просторија за ѕенѕање и една мала со голем шанк во неа и некако на крај едно мало сопче со слики закачени на жица. Немаше врати меѓу собите и беше лесно за движење. Над шанкот во главната просторија имаше скали кои водеа кон сепареа кои нудеа пријатна интимна атмосфера.
Музиката беше џанглови на звучници до крај. Се скокаше на Пендулум, Шај еФиКС, Бени Пејџ, Продиџи... општонародно весеље. Цените на пијачките беа и повеќе од коректни, лименка скопско 50, лименка Burn 80. Некаде околу 1 и пол, ако добро ме држи сеќавањето се смени ди-џејот и почна со ликвиди. Стефан и Ѕоне ги снема, после ми кажаа дека фатиле да спијат на сепариња :) Јас умирав од досада до ранците. Си мислев колку ќе беше фино да го носев фото апаратот, светлото иако минимално, ми делуваше инспиративно... ама ништо од бизнисот. И од никаде се појави Росица, привлечна млада дама што ја имав гледано по кастро, парк и слични места но никогаш се немав запознаено со неа. Си го бараше друштвото, но реши да остане со мене. Таман ја фатиф за половина од среде гужва се избаци Џаст а Бој за да се слика со мене. Истрипав дека сум селебрити, и дека не одбивам фанови кога сакаат да се сликаат со мене :) За Џаст а Бој да не чувствува грижа на совеста после продолживме каде што застанавме :)
Некаде околу 3 се поајвија Дон Јоле и WackWacko на сцена и разрокаја со моќни рага џангл ритмови. Се појавија Стефан и Ѕоне полни со енергија за ѕенѕање :) Фино лепо ни ја искршија кичмата до кај 4 и пол кога стварно беше фајрон.
Патем да кажам дека внатре видов многу луѓе од источна Македонија кои беа среќни што нешто волку убав настан се организира и во нивниот крај. А богами и јас бев среќен, воден од мислата: Запознај ја татковината за повеќе да ја сакаш. Некаде во меѓувреме правевме калкулации колку е исплатливо наместо во СК да се излегува во Штип и испадна сосема добро еднаш на месец или два да се доаѓа во Штип.

Енивејз, бидна фајрон, се спакувавме и тргнавме по тесните улички да бараме пекара, и најдовме бурек со сирење за 30 и јогурт за 15 денари и јадевме на клупи. За да не ни биде ладно отидовме на автобуската станица. Тазе реновирана, убаво осветлена, со нови столчиња во чекалната, два телевизора и кафемат на монети, автобуската станица испадна идеално место за седење на топло. Најдобар момент беше филмот на МТВ1 од средина на 80-ти или 90-ти со тип што личи на Жан Клод ван Дам, го крстивме Фејк ван Дам.

Патот од автобуската до железничката ни се виде подолг отколку во обратна насока кога доаѓавме, ама уморот си го имаше сторено своето. Стигнавме точно на време, таман имаше време Бошко да купи карти за него и Јаска и стигна возот, ладен, најладен на свет мислам дека беше. Ко да не беше доволно мрзнењето кога доаѓавме накај железничката. Како и да е, се разбудив на железничката во Скопје. Останаа позитивни импресии од целиот настан.

До следниот РАН фестивал.
 
Јас се стварно извинувам што не дојдов кај вас на маса, ама си помислив да не сум нападен додека ручате и ми дојде шубе малку. :)) Ветувам дека следен пат во Скопје/Штип нема да берам толку гајле. :)
 
Сликииииииииииииииииииииииииииииииииииииииииииииииииииииииии!
иначе Тоинчи, стварно двајцава спиеле на сепаре? бљак!


33779101502957685455256.jpg

33779101502957685505256.jpg

33779101502957685555256.jpg

33779101502957685605256.jpg

33779101502957685655256.jpg

34396101502957699455256.jpg

34396101502957699655256.jpg

37942101502957680005256.jpg

37942101502957680105256.jpg

37942101502957680205256.jpg

39592101502957692855256.jpg

39592101502957693155256.jpg

39592101502957693205256.jpg

44204101502957690805256.jpg

64638101502957701655256.jpg

64638101502957701805256.jpg

66278101502957695255256.jpg

66278101502957695305256.jpg

66278101502957695355256.jpg

66467101502957695055256.jpg

66983101502957697205256.jpg

66983101502957697305256.jpg

66983101502957697555256.jpg

66992101502957684205256.jpg

67338101502957688405256.jpg

67338101502957688755256.jpg



п.с. ама јас навистина ги искинав патиките од шафл хард стајл, за жал со џампстајлот не ми иде добро :) утре идам до ЕхШоп по нови поинтер патичиња :)
 
Оууу местово изгледа ептен еб*но добро! Зашо нема вакви место у нашево умочано Скопје бе??? :(
 
Оууу местово изгледа ептен еб*но добро! Зашо нема вакви место у нашево умочано Скопје бе??? :(


Дом на култура е. Има такви во секоја населба. Би било фино, некоја од нив, онака убаво, да се прилагоди за вакви фини настани. Еве јас у Џорче иам вакво чудо (ок поранешно кино е али како да кажам - како од ист к.ур да се правени) и осим еднаш рок свирка - нишо битно немаше. Повеќето се на општината па онака фино лепо, си одиш у општина (по можност со пријател на некој од советниците), прашуваш дали е за изнајмување и оп, ете ти. :)
 
Секој дом на култура си е башка прича. Али овој у Штип е ептен ТоБ. Тоа платната колку се добри за на псајовача, мх мх мх :)
Море за секакви културни настани е добар.
На пролет пак да правите RUN!!!
 
Секој дом на култура си е башка прича. Али овој у Штип е ептен ТоБ. Тоа платната колку се добри за на псајовача, мх мх мх :)
Море за секакви културни настани е добар.
На пролет пак да правите RUN!!!
Yep според мојте извори некаде кај април па ке има...малку делеку ама имаме спомени доста позитивни од овај пат да не држат до тогај.Тончи извини за избацувањето ...алкохоло си го прае своето у принцип не сум ама баш ич таков.
 
Yep според мојте извори некаде кај април па ке има...малку делеку ама имаме спомени доста позитивни од овај пат да не држат до тогај.Тончи извини за избацувањето ...алкохоло си го прае своето у принцип не сум ама баш ич таков.

Немој да сереш :)
You made my day! (:
Фала за пивото, ти должиме со Тончи ко ќе доеш во Скопје (:

--- надополнето ---

Сликииииииииииииииииииииииииииииииииииииииииииииииииииииииии!
иначе Тоинчи, стварно двајцава спиеле на сепаре? бљак!

Неможев, коа дојде тој течниот, ме бутна у кома, убао си го преспав едно 30-40 мин, и Јоле влезе со најмасивниот дабстеп шо сум го чул, ме прероди.
 
ГадХејтАсОл, се мислеше кога јас веќе ја запознав убавата жена и он ми се избаци да се фотографира со мене :) Не се лутам, само сакам фотка да видам. Бирај лепење на темава или праќање по ПП, мејл, шо и да е :)
 
Дом на култура е. Има такви во секоја населба. Би било фино, некоја од нив, онака убаво, да се прилагоди за вакви фини настани. Еве јас у Џорче иам вакво чудо (ок поранешно кино е али како да кажам - како од ист к.ур да се правени) и осим еднаш рок свирка - нишо битно немаше. Повеќето се на општината па онака фино лепо, си одиш у општина (по можност со пријател на некој од советниците), прашуваш дали е за изнајмување и оп, ете ти. :)

Па има бе друже, али како и многу ствари кај нас, и овие се запоставени, можеби повеќе нефункционални и руинирани. Трагично е шо у градов наш опстојуваат само места како Колосеум, 69 и Хард Рок, а малите клубчиња одамна почнаа да изумираат.
 
aj nesto i ja da stavam,da se znae deka sum bil na RUN :)
P.S. mnogu skokav i ne e bas citlivo videoto :) :)

[video]http://img156.imageshack.us/img156/2344/mov027.mp4[/video]
[video]http://img545.imageshack.us/img545/6949/mov026.mp4[/video]

P.P.S. tonchi bas mi e krivo sho ne se vidovme na RUN da se iznaskokame :) :)

--- надополнето ---

ke zaboravev najglavnoto
T O B bese :)
 
aj nesto i ja da stavam,da se znae deka sum bil na RUN :)
P.S. mnogu skokav i ne e bas citlivo videoto :) :)

[video]http://img156.imageshack.us/img156/2344/mov027.mp4[/video]
[video]http://img545.imageshack.us/img545/6949/mov026.mp4[/video]

P.P.S. tonchi bas mi e krivo sho ne se vidovme na RUN da se iznaskokame :) :)

--- надополнето ---

ke zaboravev najglavnoto
T O B bese :)

Од првото аплоадирано видео, песната која што е на почетокот.. име ? :) thanks
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom