- Член од
- 7 јануари 2008
- Мислења
- 22
- Поени од реакции
- 10
Дајте нешо видое ау ако имате од журкава
(се разбира доколку сте биле свесни и сте имале време да снимите нешто)
gi imase i pogore

Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Дајте нешо видое ау ако имате од журкава
(се разбира доколку сте биле свесни и сте имале време да снимите нешто)

Овој пат слабо нешо 
До кај Велес вицови, глупости... летна времето. После тоа фативме списанија да читаме, Плејбој, РеФото, ЛАЈФ... за да не правиме бука, имаше луѓе што спиеја
Во Штип јас имав отприлика идеја на каде треба да се движиме, а момциве договорија да се најдеме со една бифша форумџика која студира во Штип. Кога стигнавме кај Енџелс кафе мислевме дека ќе не чека, ама таа ни кажа, идете лево, па десно, преку рид, па надоле па.... заеби, си викнавме такси за 40 денари 
После тоа на соседната маса седна Ристо Бомбата, ама не му баравме автограми, хаха. Додека ја чекавме пастрмајлијата на враќање во ве-це ме сретна пцјодамастер и се претстави, јас мислев дека ќе дојде со мене на маса па да се запознае со другите кајганџии и ладно му кажав: да, јас сум Тончи и тргнав кон масата. Неврмајнд, битното со пастрмајлиите средна величина може до гуша да засити и најгладен човек. Којзнае колкави им се големите пастрмајлии. Енивејз Луција не напушти и ни кажа идете десно па лево, па по темната уличка, и таму сте, во Домот на Млади... и тргнавме ние десно па лево и сфатифме дека сме изгубени во Штип, ама во толкав град кај и да вртиш не можеш да се изгубиш и се препуштивме на уживањето по патот со ѕвездите, ги впивавме мирисите на тесните улички. Се мешаа мирисите на печење ракија и печење ајвар. Штип мириса многу поубаво од Скопје.
Малку доцнеше топлото чоколадо, но келнерот се извини за доцнењето. Стефан беше вчудоневиден, келнер да се извини за тоа што доцни со пијачката... мислеше дека сонува
А топлото чоколадо, густо и покриено со хопла одозгора, многу вкусно и само 30 денари. Мора пак да се отиде на џез во Штип
Бендот не го слушнавме затоа што заминавме пред да почнат со свирење, меѓутоа доволно уживање пружи нивното штимање.
Бидејќи уште беше рано за накај дом на млади тргневме кон домот на културата
Финалето на Макфест се одржуваше таа вечер и таму беше полно со луѓе, полиција, коли, девојки во штикли, беззаба ромка што шмрка лепак...
Јас умирав од досада до ранците. Си мислев колку ќе беше фино да го носев фото апаратот, светлото иако минимално, ми делуваше инспиративно... ама ништо од бизнисот. И од никаде се појави Росица, привлечна млада дама што ја имав гледано по кастро, парк и слични места но никогаш се немав запознаено со неа. Си го бараше друштвото, но реши да остане со мене. Таман ја фатиф за половина од среде гужва се избаци Џаст а Бој за да се слика со мене. Истрипав дека сум селебрити, и дека не одбивам фанови кога сакаат да се сликаат со мене
За Џаст а Бој да не чувствува грижа на совеста после продолживме каде што застанавме 
Фино лепо ни ја искршија кичмата до кај 4 и пол кога стварно беше фајрон.
) Ветувам дека следен пат во Скопје/Штип нема да берам толку гајле. 
утре идам до ЕхШоп по нови поинтер патичиња 

Оууу местово изгледа ептен еб*но добро! Зашо нема вакви место у нашево умочано Скопје бе???![]()


Yep според мојте извори некаде кај април па ке има...малку делеку ама имаме спомени доста позитивни од овај пат да не држат до тогај.Тончи извини за избацувањето ...алкохоло си го прае своето у принцип не сум ама баш ич таков.Секој дом на култура си е башка прича. Али овој у Штип е ептен ТоБ. Тоа платната колку се добри за на псајовача, мх мх мх
Море за секакви културни настани е добар.
На пролет пак да правите RUN!!!
Yep според мојте извори некаде кај април па ке има...малку делеку ама имаме спомени доста позитивни од овај пат да не држат до тогај.Тончи извини за избацувањето ...алкохоло си го прае своето у принцип не сум ама баш ич таков.



Сликииииииииииииииииииииииииииииииииииииииииииииииииииииииии!
иначе Тоинчи, стварно двајцава спиеле на сепаре? бљак!
Не се лутам, само сакам фотка да видам. Бирај лепење на темава или праќање по ПП, мејл, шо и да е 
Дом на култура е. Има такви во секоја населба. Би било фино, некоја од нив, онака убаво, да се прилагоди за вакви фини настани. Еве јас у Џорче иам вакво чудо (ок поранешно кино е али како да кажам - како од ист к.ур да се правени) и осим еднаш рок свирка - нишо битно немаше. Повеќето се на општината па онака фино лепо, си одиш у општина (по можност со пријател на некој од советниците), прашуваш дали е за изнајмување и оп, ете ти.![]()




aj nesto i ja da stavam,da se znae deka sum bil na RUN
P.S. mnogu skokav i ne e bas citlivo videoto![]()
[video]http://img156.imageshack.us/img156/2344/mov027.mp4[/video]
[video]http://img545.imageshack.us/img545/6949/mov026.mp4[/video]
P.P.S. tonchi bas mi e krivo sho ne se vidovme na RUN da se iznaskokame![]()
--- надополнето ---
ke zaboravev najglavnoto
T O B bese![]()
thanksОд првото аплоадирано видео, песната која што е на почетокот.. име ?thanks