Roland Garros 2017

Кој ќе го освои Ролан Гарос 2017?

  • Andy Murray

    Гласови: 3 5,6%
  • Novak Djokovic

    Гласови: 12 22,2%
  • Stan Wawrinka

    Гласови: 2 3,7%
  • Rafael Nadal

    Гласови: 24 44,4%
  • Dominic Thiem

    Гласови: 3 5,6%
  • Kei Nishikori

    Гласови: 0 0,0%
  • Milos Raonic

    Гласови: 0 0,0%
  • Alexander Zverev

    Гласови: 3 5,6%
  • David Goffin

    Гласови: 2 3,7%
  • Grigor Dimitrov

    Гласови: 1 1,9%
  • некој друг

    Гласови: 4 7,4%

  • Вкупно гласачи
    54
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.032
Поени од реакции
3.607
Јаки Шпанциве, да сакаа ќе не туреа, па можеа комотно уште 6-7 гола да ни дадат на наш терен.
Упс, ја згрешив темата. :oops:
Некако многу тивко на подфорумов, вчера Надал испиша историја, се одвои на второто место на освоени грен слем титули во историјата на тенисот, конечно се "одлепи" од Сампрас кој сега е осамен на третата позиција со 14.
Рака на срце не бев ни јас многу активен, што поради приватни обврски, но реално недостасуваше и жар во комуникацијата. Сепак, сето тоа е разбирливо, Надал без конкуренција на овој слем, лично и одговорно тврдам дека во наредните 50 години не може да се освои поубедливо слем, па да му предаваат како на Ѓоковиќ на US Open 2016, па кога шампионот ќе ги собере загубените гемови, сигурно ќе има повеќе од 35.
Ова беше тениска школа од која многу генерации ќе учат, за жал тенисот на земја ќе го губи својот примат, се повеќе и повеќе досегашните земјени турнири својата подлога ќе ја менуваат во тврда, најмногу поради профитабилен интерес.
Да настапиш на еден турнир 10 пати во својата кариера е тешко, но луѓе, ѓаволски тешко е да помислиш истиот тој да го освоиш 10 пати, Надал успеа во тоа, на еден од најголемите четири турнири. Покрај овој успех, Надал само потврди дека ништо е случајно, па така со увертира на оваа La Decima претходеа уште две, една во Монте Карло и уште една во Барселона.
Многу ми е жал што Федерер се откажа од турнирот, во евентуален меѓусебен дуел со Надал веројатно би поминал слично на финалето од 2008, а и Ѓоковиќ не испадна на ниво да го победи Тим, па да видиме до каде е во меѓусебен дуел со Надал, реално Србинот си го набилда H2H скорот против умрен Надал од 2015 и 2016, но зошто да не, кога Рафа стигнуваше 8 пати да игра со Новак изминатите 2 сезони, сам си е крив. :ROFLMAO:
Нешто специјално нема да се коментира, горе долу се е кажано, да не се повторуваме.
Вечер, со почеток од 20 часот и 30 минути, на Евроспорт ќе се емитува " La Decima story ", па да видиме што ќе содржи и да ги споделиме импресиите тука, можеби има нешто што не сме го знаеле. :)

Од денес официјално почнуваат турнирите на трева, за ова подетлано препорачувам дискусија во официјалната АТП тема, со надеж за поинтересен и понеизвесен дел од тениската сезона. :)
 
Член од
18 септември 2011
Мислења
5.432
Поени од реакции
5.555
Заврши сезоната за вас Рафа бојс, сега на одмор до јануари и АО :icon_lol::kezec:
 

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.032
Поени од реакции
3.607
36.9 K следачи на instagram, да видиме ова колку драстично ќе порасне во следните дена/седмици.
48 часа по финалето, Остапенко со 73.3K следачи на instagram. :D
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.893
Поени од реакции
84.262
Уште повеќе ми е криво сега што лани мораше да се повлече...исто како и годинава го почна турнирот, сигурно ќе можеше и лани да освои титула...ама ајде, то е :(

Идеме сега на Вимби! :vozbud:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom